Проблемот е што секој сака со малку пари да добие многу. Сакав да кажам дека во нормални земји каде се фукционира како што треба, фукционира затоа што се поштуваат и се работи по правила. Значи таму не одиш у продавница и продавачот те прашуе, колкав стан имаш, и одма како најголем стручњак со средно трговачко ти кажуе шо да купиш. Мајстор за парно ти прави цел систем па ти приклучуе дури болјер на него, подно греење( подно греење и ладење не постои како термин, туку имаме загревање на под или ладење, само кај нас примарно греење е со под, дали знаете дека препорачана температура на под во простории со постојан престој е 26 степени, а со непостојан 28, поради можност од здравствени проблеми, како и отровни испарувања материјалите за изработка на под ) Тоа никој не го измислил, можеби и го има на гугл, ама го има во книга од која се учи. Мајсторот сигурно не проштал дека кога се врзуе болјер на систем за греење тој треба да биде или одвоен со топлоизменувач или сите елемети во системот да се ROHS, не смее да има црни цевки, поицнкуван фитинг или пумпа од сив лив, поради можноста да пукне или да се дупне цевката од изменувачот, змијата во болјерот и да дојде во контакт со човекот. Во бившата ни држава имаше некој ред, сега нема ништо не се поштуе. У било која понормална држава не можеш да купиш котле на пелети( кое испушта 1800пати повеќе тврди честички од котел на гас) без одобрен и издржан проект за греење.