- Член од
- 1 ноември 2016
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 8
- Возраст
- 44
Здраво, еве ме мене после подолго време. Од оваа грејна сезона имаме Vivax ACP-18CH50 AEVI и засега сме ептен задоволни, добро грее, а и сметките за струја се „нормални“. Е сега, бидејќи нели мора да се појави некаков проблем и да не си на раат, во последните неколку дена, забележувам на далечинското дека климава сама се префрла од зададениот HEAT мод на AUTO и, при тоа, го исклучува I-feel-от и FAN-от. Се случува дури и, додека менувам температура или нешто на далечинсково, сама да се ресетира! Некој со слично искуство? Или идеја што би можело да биде? Инаку, денес секако се јавувам во сервис!



