..тутунот одамна не е материјал за семеен бизнис , ама умот на нашиот народ има фазен померај од 50 години во однос на реалноста...тоа значи дека после 3-4 децении че свати дека на тутун перспектива не се конструира.. Толку за тутунот. А за образованието...... упорно пробам да кажам дека оние кои се сега, не се собрани на гранка , туку се производ на еден систем кој постоел пред тоа. Вистинската катастрофа која ќе ја осетите подоцна.., ќе биде кога на постот ќе дојдат тие супер дунстери произведувани сега од овие.
Ама тоа е цел на глобалистите..., што поникакво образование..нив не им требаат образувани, умни и самосвесни луѓе ...туку материјал со лесно перливи мозоци....
Бизнис само ако имаш реален откуп, добри осигурителни за од временски непогоди и да садиш по 10 хектари со работници, тогаш може и ќе истанат добри пари.
Последниве години речиси и да нема човек што не запиша факултет, мислиш сите се бистри толку?
Ја еба работата пастирот со образованието и тоа на велико, да се прашувам јас 99% од приватните ќе добијат катанец на врата, а на државните пола професори и асистенти ќе бидат аут, или ќе работат на факултет или ќе си ги водат приватните бизниси, во моментов го работат второто, на факултет речиси и да не се појавуваат.
Неопходно е подигање на квотите за упис, не може секоја будала да има право да се запише на факултет и да го заврши истиот, се упишуваат луѓе со освоени 30 поени од средно и матура, до вчера 2ка му била недостижна, сега факултет ќе учи, не оди тоа така.
Педагошка не би ја ни коментирал, кога видов што учат математика ми стана јасна целата приказна, а тие ќе треба дете да ми учат во иднина, иако денес не се способни да научат да решаваат квадратна равенка.[DOUBLEPOST=1485011927][/DOUBLEPOST]
Времињата за кои се кука се пред одприлика 10 години. И ти тоа го нагласи, само што не кажа што е разликата. Пошто ете се сеќаваш за последните 25 ете направи една паралела од тогаш и сега.
Цената на тутунот во моментов пред се ја држат тие 60 денари од државата, доколку ги нема тие ќе биде уште поголем хаос, цените на репроматеријалите од пред 10години се дигнати за преку 100% (вреќа вештачко ѓубриво пред 10тина години чинеше 750-800 денари, сега чини од 1400-1800 денари), цената на пестицидите, инстектицидите и хербицидите се исто повисоки од 30-100%, цената на нафтата повисока, емиши за плуговите поскапи, делови за поправка повисоки, цена на храната и сметките се повисоки, така да и во моментов не е нешто wow подобрен стандардот на тутунарите.
А работата е претешка, се почнува со сеење почеток на Март, па засадување Мај-Јуни, па копање, па берба Јуни-Октомври, па калапење и продавање до крај на Јануари и пак иста песна. Муабетот дека тутунот се работи 4 месеци е од тие што не знаат ни како изгледа.