Дежурна Ординација! #2

Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
@bijons друже каква врска има патувањето и седењето повеќе од 3 саата? Чисто информативно прашам?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Имам едно прашање.Имам болка десно од пупакот не надолу повеќе нагоре не знам како да објаснам отприлика.Е сега бев на ехо на абдомен ама за болката ништо не ми кажаа ми најдоа нешто на дробот и ме пратика на компјутерка томографија.Резултатите беа добри хемангиоми излегоа бенигно е не е страшно.Меѓутоа јас болката уште ја имам при напор и замор е поголема.Што да правам ми викаат да имаше нешто ќе се видеше на кт.Да не е некој мускул ми вика докторката.Ама како јас да знам.Дали работи како кила се гледаат на кт и што не се гледа па би можело да е?Имал ли некој ваков проблем?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.472
@bijons друже каква врска има патувањето и седењето повеќе од 3 саата? Чисто информативно прашам?
... најчести појави на болки на долни екстремитети (нога) е кога подолго време е во една позиција дури може да се појави и од незгодни чорапи со тесен ластик најчесто при долго патување ( како возач, сувозач или во др превозно средство, авион, автобус...итн) наречен здобиен патувачки тромбофлебит кој интересно може да се осети кога веќе ќе се пристигне дома и по некој ден да се добие силни болки во мускулот и да трае со недели, а да се чудиш од што може да ти биде, а тоа всушност поради задржување на крвта во долниот дел на нозете и се случува промена и од свитканата нога и доаѓа до формирање на тромбоични формации чиј намален проток на крв доведува до силна болка проследена кај некој и со оток ...

ако е посложена ситуацијата и не се санира може да се прошири во длабоки вени и да се искомплицира ситуацијата и да се добие етикета на варикозна болест...


едноставно кога веќе ни се случи таква нескана ситуација на патувачки тромбофлебит пожелно третирање со лек и со маст на местото на болка доколку не се придрживме на препорака на чести вежби и движења при патување и земање да речеме на аспирин 100 мг и мачкање со некоја хепаринска маст која ќе го ,,стопи,, тромбот( постојат проблеми ,,патувачки,, и со глава, очи, уши но овој проблем е најчест и на жалост кај нас не се земени како пример за причина за појава на симптоми кои НЕ укажува на нарушување на здравјето поради болест, туку само последица од патување и незгодно долгочасовно мирување во свиткана позиција на екстремитетите која може да премине во болест ако не се делува правилно и навремено ) ...

чисто информативно одговорив :D
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Имам едно прашање.Имам болка десно од пупакот не надолу повеќе нагоре не знам како да објаснам отприлика.Е сега бев на ехо на абдомен ама за болката ништо не ми кажаа ми најдоа нешто на дробот и ме пратика на компјутерка томографија.Резултатите беа добри хемангиоми излегоа бенигно е не е страшно.Меѓутоа јас болката уште ја имам при напор и замор е поголема.Што да правам ми викаат да имаше нешто ќе се видеше на кт.Да не е некој мускул ми вика докторката.Ама како јас да знам.Дали работи како кила се гледаат на кт и што не се гледа па би можело да е?Имал ли некој ваков проблем?
Престани да јадеш тешка храна - џанк фуд барем 1 недела.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
...
препорака на чести вежби и движења при патување и земање да речеме на аспирин 100 мг и мачкање со некоја хепаринска маст која ќе го ,,стопи,, тромбот( постојат проблеми ,,патувачки,, и со глава, очи, уши но овој проблем е најчест и на жалост кај нас не се земени како пример за причина за појава на симптоми кои НЕ укажува на нарушување на здравјето поради болест, туку само последица од патување и незгодно долгочасовно мирување во свиткана позиција на екстремитетите која може да премине во болест ако не се делува правилно и навремено )
Одлична препорака за аспирин, поготово во доза од 100мг. Тромбовите се многу често поврзани со атероскелроза - оксидиран холестерол (LDL)
 
Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
Здраво сакам да ве прашам дали користењето на бубица е штетно за ушите дали може да ти се заглави во уши и како тоа може да се заглави кога користиш магнет?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.472
Здраво сакам да ве прашам дали користењето на бубица е штетно за ушите дали може да ти се заглави во уши и како тоа може да се заглави кога користиш магнет?
...денешна напредна технологија има позитивен развој за полесно обезбедување како и следење и контакти со користење невидлива микрослушалка или бубица , чести следење на партнерите дали изнверуваат со поставување на таква бубица преку слушен апарат може чисто да се слушне и шепотењето...
но и негативна примена како еден од начините за полесно препишување и полагање на испити, така да во ОРЛ оделение најчести интервенции се остранување на заглавени бубици во ушето на студенти па и на средношколци, како и оштетен слух или разни инфекции како последица на користење на бубици кои и со хидроген 3% сепак не можат целосно да бидат стерилни за внес во увото ...

...инаку по поставување на батеријата треба нежно да се затвори со што се активира бубицата и се гура во ушниот канал лизгајќи со кружно движење со малото дупче од каде излегува звукот свртена кон ушното тапанче, а не по грешка кон ѕидот на ушето за првилно движење на звукот со напомена дека секој човек различн го внесува зависно од анатомијата на ушниот канал така да кај некој на ваков кај некој на онаков начин така да секој сам во почеста примена на бубицата ќе си створи метод на внесување...

посебно треба да се внимава при изнесување т.е. ваѓање од ушниот канал со што прво треба да се истегне увото надоле фаќајќи од делот каде е одреден за обетки и со пинцета нежно се фаќа бубуицата за најлонот одреден за ваѓање внимавјќи да не се притиска телото на микрослушалицата ниту да се влече поклопецот инаку бубицата има мини филтр која ја штити од зачепување од восокот на ушниот канал, односно посовремените и поскапи бубици (45 Е) со специјален магнет за изнесување, но само ако правилно се внесе во ушниот канал ...јачината на вукот на бубицата треба да биде минимално, зголемена јачина од 85 децибели може трајно да го оштети увото т.е. ушното тапанче како и чести инфекции во увото поради внес на бубица нестерилизарана доволно како и појава на почесто собирање на поголемо количество восок кој може да притиска на ушното тапанче и да прави проблеми од друг тип на зуење во ушите до главоболки и вртоглавици ...инаку добрите професори се добро упатени на ова техника на препишување :D
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Ајде асална помош, ми треба.

Се разболев, ме фати некој вирус.
Се лечев, физички сум супер.

Но.. почна да ми зуи левото уво, веќе 20 денови сигурно. Непреќинато по цел ден. Пред седум дена, почнав и да осеќам како левото уво го осеќам како затнато. Иако на моменто знае да попушти, трае кратко. Се осеќам како под вода. Ме нападна несоница, дали од слушање, мислење и нервоза на увото незнам.

Бев на ушен, па на специјалисти. Пиев некој си апчиња Химорал за оток на лигавицата но подобрување нема.

Некој исти случај, некој лек?


едит: могуче (по читање на нет) да е '' Мениеровата болест ''.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2016
Мислења
419
Поени од реакции
85
мала помош,
колку дена треба да поминат без антибиотик за да ми земат брис од ушите

пиев цефаклор и лекоклар, а престанав да го пијам минатиот петок
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.472
мала помош,
колку дена треба да поминат без антибиотик за да ми земат брис од ушите
пиев цефаклор и лекоклар, а престанав да го пијам минатиот петок
твојата комбинација од два антибиотика (цефалоспорин, макролид) што си ги пиел не значи дека ти треба и повеќе време во нивна елиминација од организмот, оти секогаш комбинација на два антибиотика ( дури и да е едниот како антимикробик) дозите се намалуваат за разлика кога би се пиело како единечен антибиотик, комбинацијата е направена не поради јачина туку поради различно делување врз бактерии...
инаку годините на пациентот, пол, исхрана и здравствената состојба на органите кои учествуваат во биотрансформација и елиминација на антибиотикот од телото се важни параметри за брзината на неприсуство на антибиотикот, односно како пример - антибиотик Azithromycin кој е исто макролиден се пие три дена по една таблета(сируп) и се прекинува, за да уште три дена го има во крвната плазма антибиотикот исто како да се пиело уште плус три дена секој ден ... значи доколку правилно се дозира антибиотикот 4 дена е присутен во организмот, е сега ако бубрезите не работат добро да речеме ќе додадеме уште два дена ... така да сметајќи дека си млада здрава личност и елиминацијата била ОК- недела дена би била в ред да дадеш повторно брис...
инаку чести грешки се прават при одредување на Хелико бактер повторно во плазма после пиење на тројната терапија демек да се види дали има сеуште позитивен резултат и повторно присутво на Хелико бактер и најчесто е така и пак ќе му се оридинира тројна терапија... а тоа е погрешно затоа што треба најмалку 6 месеци да се ,,смири,, телото односно антителата( да не опишувам зашто) и веќе кога се сака да се направи анализа повторно не чекајќи 6 месеци узорак не треба да е крвта туку фецесот , ама тоа е друга тема :)
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Минатата зима на скијање го заебав левото колено. Имам проблем само кога пливам, не можам никако да пливам.. ногата во вода ми е неподвижна. :D На обична снимка нема ништо, ме рекоа да одам на магнетна и на ортопед. Е сеа, колку време се чека за магнетна, во државна/градска/воена, или каде и да има ? Приватно е 100 евра, не ми се фрлаат толку пари. :D
 
Член од
20 мај 2016
Мислења
46
Поени од реакции
4
Zdravo.imam problem so otekuvanje na desna raka pretezno samo prsti od koj otokot e poveke od m[DOUBLEPOST=1485788440][/DOUBLEPOST]Zdravo.imam problem so otekuvanje na desna raka pretezno samo prsti od koj otokot e poveke od mesec dena.imal nekoj vakov problem?na site ispituvanja e vo red i mi vikaat nisto STRASNO???
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Некој лек за набиен прст на нога? Го масирав во топла вода. Страшно неподнослива болка. :mad:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.472
Некој лек за набиен прст на нога? Го масирав во топла вода. Страшно неподнослива болка. :mad:
...што значи набиен ? што ако е скршен па затоа се има неподнослива болка, кај си чул да се масира со топла вода, леле напротив се фиксира и не се мрда и се става ладна облога малтене мраз :([DOUBLEPOST=1485790074][/DOUBLEPOST]
Zdravo.imam problem so otekuvanje na desna raka pretezno samo prsti od koj otokot e poveke od m[DOUBLEPOST=1485788440][/DOUBLEPOST]Zdravo.imam problem so otekuvanje na desna raka pretezno samo prsti od koj otokot e poveke od mesec dena.imal nekoj vakov problem?na site ispituvanja e vo red i mi vikaat nisto STRASNO???
...зависи што подразбираш под ,,оток,, односно колкава е потеченоста можеш да сликаш и да постираш за пример? :)[DOUBLEPOST=1485790259][/DOUBLEPOST]
Минатата зима на скијање го заебав левото колено. Имам проблем само кога пливам, не можам никако да пливам.. ногата во вода ми е неподвижна. :D На обична снимка нема ништо, ме рекоа да одам на магнетна и на ортопед. Е сеа, колку време се чека за магнетна, во државна/градска/воена, или каде и да има ? Приватно е 100 евра, не ми се фрлаат толку пари. :D
...обичната снимка нека ја ,,прочита,, и некој друг , па да потврди и тој - дека нема ништо !!
 
Последно уредено:
Член од
9 август 2014
Мислења
502
Поени од реакции
1.656
... најчести појави на болки на долни екстремитети (нога) е кога подолго време е во една позиција дури може да се појави и од незгодни чорапи со тесен ластик најчесто при долго патување ( како возач, сувозач или во др превозно средство, авион, автобус...итн) наречен здобиен патувачки тромбофлебит кој интересно може да се осети кога веќе ќе се пристигне дома и по некој ден да се добие силни болки во мускулот и да трае со недели, а да се чудиш од што може да ти биде, а тоа всушност поради задржување на крвта во долниот дел на нозете и се случува промена и од свитканата нога и доаѓа до формирање на тромбоични формации чиј намален проток на крв доведува до силна болка проследена кај некој и со оток ...

ако е посложена ситуацијата и не се санира може да се прошири во длабоки вени и да се искомплицира ситуацијата и да се добие етикета на варикозна болест...


едноставно кога веќе ни се случи таква нескана ситуација на патувачки тромбофлебит пожелно третирање со лек и со маст на местото на болка доколку не се придрживме на препорака на чести вежби и движења при патување и земање да речеме на аспирин 100 мг и мачкање со некоја хепаринска маст која ќе го ,,стопи,, тромбот( постојат проблеми ,,патувачки,, и со глава, очи, уши но овој проблем е најчест и на жалост кај нас не се земени како пример за причина за појава на симптоми кои НЕ укажува на нарушување на здравјето поради болест, туку само последица од патување и незгодно долгочасовно мирување во свиткана позиција на екстремитетите која може да премине во болест ако не се делува правилно и навремено ) ...

чисто информативно одговорив :D
Не ќе да е тромбофлебит. Сум имал порано на екскурзија во Чешка. Мојот проблем најмногу се манифестира при физичка активност, при најтривијални активности ми се покачува пулсот енормно и на некои места чуствувам слаба циркулација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom