За 1990-2 зборувам. Киро тогаш не даваше мандати на победнички партии. Сам решил на „некојси“ Кљусев да му даде мандат. Па после 3 пати даваше мандати, 2 пати на СДСМ.Не бе појма немаш, на Киро глигоов сликата секој ден да му ја целиваш и еден ден детето да си го крстиш по него.
Тој беше добар искусен политичар, во 1998 година на изборите победија ВМРО со свја листа и нивни коалициски партнери ДА на Тупурко и таа коалиција освои 62 пратенички места (49 на ВМРО и 13 на ДА) и Киро им даде мандат како на мнозинска коалиција во склад со устав и закон
Ни историјата на татковината не ја знаеш бе.
А во 1998 г. од каде имал доказ Киро за мнозинството за мандат? Му донеле ли потписи од пратеници? Бил ли кај пратениците (партиите) да се распраша кој (ќе) има владино мнозинство. Едно е на избори да настапиш, друго е после како ќе постапиш. Киро мислам дека не одеше по партии и да се распраша. На ѓутуре даде мандат, а според мене согласно уставот, на мнозинската партија, победничката.
Исто, дали Борис на Бранко му даде на ѓутуре мандат, 2002? Без да оди во посети и да се распрашува за мнозинство?[DOUBLEPOST=1484572282][/DOUBLEPOST]
Ами сите ќе речат дека можат да состават влада. И? Кој може да им забрани. Може и Левица да се јави, може и Павле Трајанов, и Љубчо, Стојанче, Љубе... И како ќе докажеш дека нема да можат? Може си имаат влијание врз мнозинство од пратениците. Нивна работа си е. И кој е тој начин да се утврди тоа? Потписи ќе бараш? Тоа не смее да се прави. Не смее да влијаеш врз пратениците за кого да гласаат. Или, ако дале потпис, да не смеат да се премислат. Не гледаш ли дека не си во право кога ја тераш својата „агенда“? Пишуваш да се прават работи кои не се предвидени во постапката (во уставот) и можеби кривични дела.Така да Иванов повторно по кузнај кој пат направи погрешна одлука, тој да беше навистина претседател на сите граѓани ќе ги повикаше партиите да во рок од 10 или 15 дена се произнесат која од нив може да направи влада па да им даде мандат.
Али то е шо е ќе истрпиме уше тро па ќе дојдат подобри и посреќни времиња за сите нас
Последно уредено: