Претпоставував дека поразот од Тотенхем е само лош ден и дека нема посериозно да се одрази врз понатамошните игри и резултати, но не претпоставував дека Челзи ќе има ваква реакција против актуелниот шампион Лестер.
Целосна контрола врз играта со точни и кратки додавања, скоро па максимално искористување на шансите и повторно без примен гол. Мислам дека два дена да игравме, немаше гол да примиме од Лестер. Толку беа сигурни во она што го прават на терен. Милина.
Педро е нов играч сезонава, совршен за тактиката на Конте. Гризе во напад, гризе во одбрана, краде топки, асистира, постигнува голови. Нека ме поправат фановите на Барселона кои читаат, но мислам дека ова е неговата животна форма, во Барселона беше многу добар, но никогаш не го достигна ова ниво.
Морам да го издвојам и Алонсо, два витални гола, одлична офанзивна партија. Дефанзивно е малку потенок, тоа веќе го имаме констатирано, ама добро е. Додека победуваме барем.

Останатите беа стандардно добри, освен Хазард (не велам дека не беше добар, туку дека на последниве натпревари е потивок од вообичаеното).
Плус седум пред второпласираниот во јануари е и те како солидна предност. Само да останат присебни играчите и Конте.[DOUBLEPOST=1484613857][/DOUBLEPOST]
Сега ФА ќе покрене дисциплинска постапка против Раниери.