Овој пост-одговор требаше да биде во темата за сендвичи од Седмица, али преминува во тежок оф-топик таму и сметав дека е подобро тука да го ставам.
Епа ако 300 денари ти е ефтино за еден сендвич, тогаш не кукај по теми дека не ти чини државата.
Ем на сите теми кукаш дека не бива ништо тука и дека се е отидено упм, ем си способен да издвојуваш по 300 денари за оброк, очигледно грешна слика сум створил за тебе, па наместо човек да те сожалува дека си оштетен од моменталната ситуација како и голем дел од државата, сега ми влегуваш во таа другата багра која живее на грбот на тие што се навистина оштетени од идиотите кои не водат.
.
На страна небулозата за тоа како луѓето што немаат пари воедно немаат право на сопствена интенција да се хранат подобро. На страна тоа што дали ја имам пари или не, имам право на став кон квалитетна исхрана. Сега за другово:
Твојата логика, повторена неколку пати во темата, се сведува на тоа - штом имаш пари за сендвич од 300 денари, немаш право да се буниш за срањето, за неправдите во државата.
Ова најпрвин вклучува твој заклучок, дека јас имам пари и ми е ОК животов највеќе заради тоа.
Да речеме дека е вистинит тој твој заклучок. И затоа, штом имам пари - супер ми е и немам право да се бунам за срањата во земјава кои ги тангираат другите субјекти и самата држава.
Колку искривена логика.
Позната ми е таа искривена логика, на духовно убиениот Македонец - Што има ти да се буниш кога тебе не ти е направена неправда, кога тебе ти е супер?
Прашувам: од кога тоа е морално-етички погрешно да се буниш против туѓа неправда? Зарем неправдите што не не тангираат нас лично, се според правилното следење на морално-етичкиот компас - надвор од наш интерес?
Слични идиотштини добивав за коментари и кога се бунев за нападите на Албанците врз неалбанците:
Прво ми викаа гарант те искршиле, те изебале некои Албанци, па затоа се буниш. Тоа е повторно истиот заклучок донесен според идиотска логика - чим толку се бунам, гарант мене ми имаат нешто лошо направено Албанците. Пошто, не заебавај,која будала се буни за нешто што него лично не го тангира.
А кога им одговарав дека никогаш никој Албанец мене лично, зло ми нема направено мене лично, е тогаш, неверојатно али истинито, пак според идиотскиот шаблон добивам прашање - кој кур тогаш се буниш?
Нормално е да се буниш против неправда само ако тебе лично ти е нанесена, ако не, онда си гарант ненормален. Пошто ненормален е тој што исклучиво не си глеа само за својот газ. Или пак оноа, тој што крадел и се збогатил, викаат за него - се снашол, а тој што е чесен, неретко е нарекуван наивен или будала.
Али знам зашто сте духовно фалични. Кога луѓето 30-тина години ги уништуваш социо-економски, за да ги контролираш полесно политички, е тогаш неминовна е и аберацијата на духот, а морално-етичките норми се претвараат во шпански села. Дефектните шаблони стануваат норма после 30 години.