Тапчо прави разлика помеѓу најмногу освоени пратенички места и мнозинство, 51 пратеник од 120 вкупно во собрание не е мнозинство.
Иванов пак испадна неинформиран.
Мандат се дава на партија или партии кои обезбедија МНОЗИНСТВО пратеници во собрание.
Иванов направи глупост пошто во устав стои мандат се дава на партија или партии со МНОЗИНСТВО во собранието (61 пратеник)
ВМРО нема 61 пратеник и допрва преговара да дојде до таа бројка, и ако кажат дека не можат кој е одговорен шо мандат е даденна партија без мнозинство во собрание?
види го уставот шо пишува кој добива мандат
Гледам го тупете ама си го толкувате како што сакате (реално може да се толкува како ви одговара)
читнете го пак тој член
******************************************************
Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно
партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со
мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
*****************************************************************
Како што гледате во истиот член став 2 убаво си пишува мнозинството од вкупниот број на пратеници, што не е случај во став 1 каде е испуштено “
партиите што имаат мнозинство (од вкупниот број пратеници) во Собранието“.
Се додека не се дефинира убаво колку е тоа мнозинство ќе биде кој колку сака, додека во останатите случаи убаво си пишува колку е тоа мнозинство.
примерите подолу
Собранието не може да работи ако не се присутни мнозинство о вкупен број на пратеници
Устав, ч 69
Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници. Значи ВМРО со 51 пратеник немаат собраниско мозинство за да воопшто работи собранието
Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници.
па имаш член 66
Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Владата се избира со мнозинство на гласови
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Владата се расформира со мнозинство гласови
Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.
па дури ожат и да му го распуштат собранието (член 63)
Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници
членови на судски совет се избираат со мнозинство гласови
Тројца членови на Советот избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници
уставни судии се избираат со мнозинство гласови
Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници
Народен правобранител се избира со мнозинство на пратеници
Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници
промени на устав се предлагаат со мнозинство
Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.
А сега дали ВМРО или СДСМ ќе собрале мнозинство е наш проблем, поточно кој ќе даде повеќе на ДУИ!