
Ретко се случува да се нафатaм да отворам тема за некоја ТВ серија, од причина што секако постои тема во која може да ги дискутираме сите оние серии за кои нема отворено теми. Но по гледањето на првата епизода на Taboo, сметам дека мора да има посебна тема зашто чувствувам дека ќе има за што да се дискутира тука и ќе има многу гледачи.
Станува збор за британска мини-серија која својата премиера ја имаше на 07 јануари 2017 на BBC, а во Америка на 10 јануари 2017, преку FX. Кај нас можете да ја гледате на HBO. Идејните творци на серијата се нам добро познатиот Том Харди, неговиот татко Едвард Харди и Стивен Најт, а извршни продуценти на серијата Ридли Скот, Стивен Најт и Том Харди. Режисер на првите 4 епизоди е Данецот Кристофер Нихол, нам познат по одличната The Killing. Снимени се 8 епизоди, со што најверојатно и ќе биде целосно заокружено дејството. Сѐ започнува кога во 1814 година, Џејмс Кезаја Дилејни (Том Харди), човек со авантуристички дух, се враќа во Британија од Африка со цел да се одмазди за смртта на неговиот татко, години откако дома бил прогласен за мртов. Но, наследството кое го добива од татко му, му носи многу проблеми и непријатели, при што е опкружен со завери, убиства и предавства.
Јас мислам дека сепак дејството тука нема да остане на земјиното тло, дека ќе продолжи со многу мистерии, и надреални, необјасниви дејства (барем таков впечаток добив по првава епизода). Но и да остане само обична костимирана, period drama, ова ветува многу. За серијава прв пат слушнав кон крајот на 2015 година, кога протекоа слики од некој од сетовите (меѓу другите и тие подолу во спојлер, наменети пред се за дамите тука
), и по одличните две улоги на Харди во 2015 во The Revenant и Mad Max: Fury Road, некако едвај ја чекав Taboo да се појави. Е па, еве, сега ја имаме првата епизода, и мислам дека ветува многу уживање.Препорака за сите, ако ништо друго - дружете ме за да не бидам сам.
За дамите, ако ги отворат сликите во спојлер, сигурен сум дека ќе ја ѕирнат, од љубопитство.







