Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.866
Поени од реакции
8.330
Од толку работи во видеото за коментирање дојдовме таа реченица да ја коментираме?
Еве ти тро повеќе...
Човек, не е ниту наведено од која Библија се вадени стиховите. KJV или некоја друга, и која?

Па почнува:

Genesis
God creates light and separates light from darkness, and day from night,
on the first day. Yet he didn't make the light producing objects (the
sun and the stars) until the fourth day (1:14-19). 1:3-5

God spends one-sixth of his entire creative effort (the second day)
working on a solid firmament. This strange structure, which God calls
heaven, is intended to separate the higher waters from the lower waters.
This firmament, if it existed, would have been quite an obstacle to our
space program. 1:6-8

Plants are made on the third day before there was a sun to drive their
photosynthetic processes (1:14-19). 1:11

"He made the stars also." God spends a day making light (before making
the stars) and separating light from darkness; then, at the end of a
hard day's work, and almost as an afterthought, he makes the trillions
of stars. 1:16

Eлементарно незнаење за материјата која овие дилетанти се обидуваат да ја толкуваат. За ова веќе имам пишувано, па еве ти, читај:

1. Најпрвин да научиш што е „ден“ во Создавањето на Светот:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-663#post-7618279

2. За Сонцето и ѕвездите:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-663#post-7618345

3. За небото и земјата од Битие 1:1:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-665#post-7618741

4. За фотосинтезата и тoлкувањето на рабинот Раши за Битие 1:14:

http://hubblerevealscreation.com/genesis-debate-settled/

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-667#post-7620650
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.786
Ете уште бладања заради стравот од источните учења на некои претставници на христијански православни цркви.
Јас мислев мирјаните се само зло, но злото доаѓа од одозгора во хиерархијата на една црква...

Глупости пишување, од страв и омраза, за да биде сигурен во својата вера мора сега и источните учења да бидат демонски :)

„Дошле[луѓето кои ги изучуваат источните философии и школи] до сознанија дека преку трансценденталната медитација на источњаците и филозофите може да се стекне мир. Но, за жал, тие наскоро потоа доаѓаат до сознание дека тоа е лажен мир. И не само тоа. При вклучување во светот, негативната енергија на демонските сили им ветува дека ќе го надминат светот на просечните луѓе.“

Трансцедентална медитација? Од која книга бре попе ова го виде и проучи? :)
Каков лажен мир, душо проклета? Каква демонска сила, демони црн, со тој поган лажлив ум?

Потоа следи ова бладање и негативна исповед за да се оправда своето:

„Оттука постои кај човек моќ да може во многу краток рок да ги преживее случувањата во скоро целиот свој животен циклус. Овој филм на животот многу често се одвива непосредно пред смрт. Оттука големата заблуда кај источните филозофи која ветува реинкарнација, која и не е ништо друго,туку ниско мудрување. За жал, Западот, кој во овој момент го има достигнато врвот на духовната празнотија и немоќ било што да понуди на светот, го прифаќа ова извртено поимање за животот како стварност.“

Нормално, истокот „саде заблуди, ветувања напразни, ниско мудрување, телесно“ што би рекле овие Црните...
Истото ним им се препишува од другите, но тоа е само омраза кон христијанството, кое нели гледаме, само љубов е кон сите :)

Ова се размисли на некаков си „отец Тадиј“, и сигурно добро ги знае учењата тој на истокот, но МОРА да ги искривува, да лаже за нив за да има врз кој да биде пастир! Проклетник беден. Душата на сулфур му мириса.

Нема врска едно со друго во однос на источните школи ова што се дрзнал да каже , но христијански е да се лаже ако треба да се прикаже во позитива христијанството, посебно православното на овие простори :)

П.С. А да, изворот на омраза е секогаш Премин Портал!
 
Последно уредено:
Член од
21 јули 2014
Мислења
62
Поени од реакции
28
Извини, доказ за што? Каде ти виде дека јас тврдам нешто?

Пообидинети од православни во омраза против се неправославно, ниту имало ниту ќе има.
Па штом мене за нешто ми се бара доказ, и јас како што тврдиш го немам, тогаш логично е и оној, во случајов ти, кој тврди поинаку да има доказ за спротивното. Такво нешто- нема! Ако сме ние(обединети во омраза), пак тоа не ве прави вас да не сте. Секогаш наместо да се оправдаш себеси се предаваш на препукување и пинг-понг разговор. Уживај https://www.youtube.com/watch?v=VagHYB-tgKY
Oд кај измислија клопотарци свеќи и кадилници?
Исус такво нешто не праеше?
то нешо турбофолк верзија ви е?
Свеќи, кадилници, ѕвончиња... сето тоа го имало во времето кога Христос се чекал помеѓу Јудеите, подробно ти е опишано во книга Левит. Доказ дека непара читаш.
Кај смеат кога сите ја имаат прочитано Liber Oz - Правата на Човекот и се сложуваат 100% со сето тоа изнесено таму бидејќи е Е во СРЖТА на ЧОВЕКОТ да бара СЛОБОДА, СВЕТЛИНА, ЉУБОВ и ЖИВОТ, тука и сега, не таму некаде, некогаш во некоја безлична иднина ...

Слободно кажано, сите се Телемити тука според мене и тоа што го читам како размислуваат и како дејствуваат по форумов, дури и ти со сета таа денешна слобода да зборуваш што сакаш и како сакаш те одалечува од ропскиот стар-еон кога „глава на семејството“ беше овој или оној како што зборувавте дека „глава на црквата е овој или оној“ ... :)

Технички потребни се одредени ствари за да бидете реално Телемити, има на блогот кај мене и на нашите официјални страници :)
Во ред е шо ти кажа, ама да кажат и тие самите па да знаеме на шо сме. Не можеш да разговараш за вакви предмети кога не знаеш соговорникот што е. Ипсис. и ти- Телемити, во ред, но останативе или се срамат да кажат или глумат мистериозни. Ако не се идентификуваат како телемити тогаш оправдано е прашањето зошто само христијанството, а не и нешто друго да е предмет на нивните напади.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.786
..зошто само христијанството, а не и нешто друго да е предмет на нивните напади.
Бидејќи постојано тоа христијанство ги осудува сите други патишта и ги прогласува за демонски, небогоугодни, не знам какви, лажни...
Им здосади на сите од попксите сказни и глупости...

И од каде тоа Телемит ако е човекот дека е против христијанството? Јас како Телемит сум против погрешното разбирање и практикување на денешниот христијанин на законот од стариот еон, со кој мака мачат и вашите пастири и не може на крај да излезат со обичниот мирјанин, кој што е мрзлив, невнимателен и воопшто незапознаен со мистериите на светот ...

Во „Магика, Книга 4“ (излегува наскоро), последниот дел, „Еквинокс на Боговите“ стои ова:
„Одбивајќи го Законот, се ставаш себе си надвор од неговите ограничувањa. Тоа е законот на Исус Христос, или подобро Гностичката традиција на која легендата за Христос е деградација, кој се обиде да подучува; но приближно секој збор што тој го кажал бил погрешно интерпретиран и искривен од неговите непријатели, посебно од оние кои се нарекувале негови ученици. Во секој случај Еонот не беше созреан за Законот на Слободата. Од сите следбеници само Св. Августин изгледа дека разбрал иако само блесок од она што тој го мислел.“
- Еквинокс на Боговите, VIII поглавје

Еден та исти закон се дава на човештвото, но кога мноштвото ќе почне да бара ново за напредување, нови искушенија - се дава нов закон.

Зборуваме за нечии начини на живеење, кои христијанинот дрско ги прогласува за погрешни, сатанистички и се останато од тој проклет нивни вокабулар за да се оправда постоењето на истото тоа христијанство...
Тоа функционираше порано, кога попот беше најученото нешто, но денес, нема да може така..:

По се изгледа, ако не зборува христијанскиот свештеник за она или ова туѓо учење како за зло, како за погрешна патека, нема што да збори за своето - едно та исто е.

Затоа сите се против старо-еонските религии, бидејќи тие религии освен што осудуваат се што не разбираат или пак нештото ако е дијаметрално спротивно на нивното учење, тие го оцрнуваат тоа нешто и не прават ништо за човештвото освен што го плашат и убедуваат дека човекот е неспособен.

А човекот ( и маж и жена) е способен премногу, и за добро и за зло!

Ете ти одговор зошто сите против вашето осудување ( христијанско осудување на сешто без никакво знаење за истото)!
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Свеќи, кадилници, ѕвончиња... сето тоа го имало во времето кога Христос се чекал помеѓу Јудеите, подробно ти е опишано во книга Левит. Доказ дека непара читаш.
Eвреите велат дека покојниот Исус не е тој шо го чекале
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Па штом мене за нешто ми се бара доказ, и јас како што тврдиш го немам, тогаш логично е и оној, во случајов ти, кој тврди поинаку да има доказ за спротивното. Такво нешто- нема! Ако сме ние(обединети во омраза), пак тоа не ве прави вас да не сте. Секогаш наместо да се оправдаш себеси се предаваш на препукување и пинг-понг разговор. Уживај https://www.youtube.com/watch?v=VagHYB-tgKY
Ај да оправам на прав пат, очигледно нешто не ти е јасно или се правиш дека не ти е.
Христијанството е вера? Да, е. Значи се базира на верување. И додека стоиш на тоа, во ред си. Кога излегуваш и “лаеш“ против сите други, е тогаш не си.
Со кое тоа знаење (ако го имаш) ти тврдиш дека другите се во заблуда а ти не? Повели докажи.
Тврдиш дека бог постои? И тоа баш тој твојот? Повели докажи.

Јас, како атеист, не верувам во богови. Ни во тој вашиот, ни во хиндуистички, ни во египетски ....... значи во ниеден од 4000+ содржани во разно разни религии. Јас не тврдам ништо. Од таму јас немам ни што да докажувам.

А убаво што си имате и химна, веројатно и ви личи. Јас ниту имам омраза, ниту пак имам намера да наметнувам мислење. Се додека не почнете да труете со прикаски како знаете што е потребно за мое здравје.
Ви е ок со праславие? Немам проблем со тоа. Не ги сатанизирајте и демонизирајте со сите ѓомити мрачни сподоби од вашето верување, сите оние кои не се православни. Не знам која е потребата од пежоративи (богоборци, неверници исл.), па дури и навреди. Живееме во секуларна држава (бар на хартија) и правото на вероисповест е секому загарантирано. Затоа д'рж те се до она што православието е, вера. Оставете ги другите да си тераат животот како им одговара.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.735
Поени од реакции
35.269
Човек, не е ниту наведено од која Библија се вадени стиховите. KJV или некоја друга, и која?

Па почнува:

Genesis
God creates light and separates light from darkness, and day from night,
on the first day. Yet he didn't make the light producing objects (the
sun and the stars) until the fourth day (1:14-19). 1:3-5

God spends one-sixth of his entire creative effort (the second day)
working on a solid firmament. This strange structure, which God calls
heaven, is intended to separate the higher waters from the lower waters.
This firmament, if it existed, would have been quite an obstacle to our
space program. 1:6-8

Plants are made on the third day before there was a sun to drive their
photosynthetic processes (1:14-19). 1:11

"He made the stars also." God spends a day making light (before making
the stars) and separating light from darkness; then, at the end of a
hard day's work, and almost as an afterthought, he makes the trillions
of stars. 1:16

Eлементарно незнаење за материјата која овие дилетанти се обидуваат да ја толкуваат. За ова веќе имам пишувано, па еве ти, читај:

1. Најпрвин да научиш што е „ден“ во Создавањето на Светот:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-663#post-7618279

2. За Сонцето и ѕвездите:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-663#post-7618345

3. За небото и земјата од Битие 1:1:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-665#post-7618741

4. За фотосинтезата и тoлкувањето на рабинот Раши за Битие 1:14:

http://hubblerevealscreation.com/genesis-debate-settled/

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-667#post-7620650
Од каде информацијата на библијата дека госпо ова го правеше баш вака, кој го напишал се ова и од каде ја собрал таа информација кога на почетокот не постоеле луѓе ниту пак начин како да се остават записи за истото?
Колку точно според Бибилијата се смета староста на човекот, планетата, колку на целата вселена (во наши години)?
Според науката, вселената се шири постојано и постојано се создаваат нови небески тела, како е тој дел објаснет во Библијата?
Еве објасни ми како точно објаснува Библијата дека настанал и се размножувал човекот? Колку точно луѓе напраил госпо на почетокот, ако добро јас сум прочитал Адам и Ева не се првите луѓе, нив ги ставил да живеат во рајската градина и биле со „совршени тела“, ако рајската градина не била на планетата и Адам и Ева немале никогаш потомци, тогаш кои и колку луѓе биле создадени на земјата и како се размножувале тие (ако сите настанале од еден пар логичното размилусвање на таа теорија е дека сите таму имаме инцест, истото понатаму повлекува дека луѓето родени при инцест имаат голема можност за пореметувања и да не навлегувам). Ете објасни ми во 2-3 реченици поконретно?
Зошто мајмунот не го направил човек, ете тој има поклопување од 96% во ДНКта со човекот, зошто направил такво суштество што е толку блиско со човекот, а ја нема човековата свест?
Како Библијата ги објаснува расите, на планетава не се сите бели, која раса е настаната прва, поради што дошло до појава на расите?
За почеток овие прашања ме интересираат, ти како добар познавач на христијанството, Библијата, би сакал да ми ги објасниш.[DOUBLEPOST=1484329415][/DOUBLEPOST]
Абе јас онака ја спомнав народната не дека сум толку очаен па до неа дојдов, ама сакав да ти нагласам дека без врска ти се муабетиве, пошо испаѓа сега ако лагата трае долго, вистината кратко, а за вистината од најстари времиња сите кажувале дека е вечна ова она, се' некако така доаѓа. За овие шо ми ги наброја фала ти, ич не ги знаев. Тие се само доказ дека заблудените не се нешто ново, и ако сакаш да знајш пошо ги спомна нордијците, ќе ти кажам дека не се толку стари колку шо си се пласираат денес.

Абе не прај се со сила, да не речам смотан... Знајш дек не мислам на никот туку на твојот мирислив интелект, како неверодостоен. После вакви испади на желба за зезање и понижување на собеседникот ќе речете дека со аргументи зборувате, а јас од инает. Btw никот на форумов може да се смени, пошо би сакал јас да го сменам ако може?
Има една цела наука библиска егзегеза добро би било покрај овие видеава некогаш и тоа да разгледаш, па кога ќе видиш совпаѓања од друга страна кои не можат никако случајно да настанат да си го ставиш малку прстот на глата. Некои од овие контрадикции не заслужуваат внимание воопшто ради шо се погрешно интерпретирани од умот на дечкото шо го праел тоа. Инаку размилсите дали тие контрадикции во текот на два милениума ги виделе некои христијани, па дали тогаш не би им било полесно да ги сменат и да напишат точно шо би се рекло, да ги исправат? Како ова црквава на толку мамење да не можела едни контрадикции да покрие? Изгледа вас ве имаат чекано да има кажите, кај се шо се контрадикциите, сВе!
Никот може да се промени само ако си со отворен ум, ако веруваш апла во едно книжуле наречено библија, тогаш не може ништо да се направи.
А зошто мислиш дека не ги зел никој како знак прашалник тие работи? Христијанството и црквата се единствените религии на планетава, па сите да мислат исто? Па сите други религии речиси мислат поинаку од тое што мисли христијанството, значи имаш и други што мислат поинаку од црквата, не сум единствен јас.
Ти се роди како христијанин, да се родеше во муслиманско семејство ќе сметаше дека исламот е апсолутната вистина, истото ќе беше и кај Мики иако не сака да го признае тој дел.
Супер, прати некој буквар од библиската егзеза, кога ќе имам време би седнал да прочитам подетално што и како пишува таму.
Во моментов нема универзално објаснување за целиот настанок, има теории од кои некои пологични и со поцврсти докази, а други понелогични и засновани на книги напишани од еден куп автори кои немаат никаков конкретен доказ. Е сега дали во догледно време ќе се дознае 1000% како е се настанато не сум видовит да кажам и дали воопшто некогаш ќе имаме толкав капацитет да го осознаеме тој дел.
 
Последно уредено:
Член од
21 јули 2014
Мислења
62
Поени од реакции
28
Бидејќи постојано тоа христијанство ги осудува сите други патишта и ги прогласува за демонски, небогоугодни, не знам какви, лажни...
Им здосади на сите од попксите сказни и глупости...

И од каде тоа Телемит ако е човекот дека е против христијанството? Јас како Телемит сум против погрешното разбирање и практикување на денешниот христијанин на законот од стариот еон, со кој мака мачат и вашите пастири и не може на крај да излезат со обичниот мирјанин, кој што е мрзлив, невнимателен и воопшто незапознаен со мистериите на светот ...

Во „Магика, Книга 4“ (излегува наскоро), последниот дел, „Еквинокс на Боговите“ стои ова:
„Одбивајќи го Законот, се ставаш себе си надвор од неговите ограничувањa. Тоа е законот на Исус Христос, или подобро Гностичката традиција на која легендата за Христос е деградација, кој се обиде да подучува; но приближно секој збор што тој го кажал бил погрешно интерпретиран и искривен од неговите непријатели, посебно од оние кои се нарекувале негови ученици. Во секој случај Еонот не беше созреан за Законот на Слободата. Од сите следбеници само Св. Августин изгледа дека разбрал иако само блесок од она што тој го мислел.“
- Еквинокс на Боговите, VIII поглавје

Еден та исти закон се дава на човештвото, но кога мноштвото ќе почне да бара ново за напредување, нови искушенија - се дава нов закон.

Зборуваме за нечии начини на живеење, кои христијанинот дрско ги прогласува за погрешни, сатанистички и се останато од тој проклет нивни вокабулар за да се оправда постоењето на истото тоа христијанство...
Тоа функционираше порано, кога попот беше најученото нешто, но денес, нема да може така..:

По се изгледа, ако не зборува христијанскиот свештеник за она или ова туѓо учење како за зло, како за погрешна патека, нема што да збори за своето - едно та исто е.

Затоа сите се против старо-еонските религии, бидејќи тие религии освен што осудуваат се што не разбираат или пак нештото ако е дијаметрално спротивно на нивното учење, тие го оцрнуваат тоа нешто и не прават ништо за човештвото освен што го плашат и убедуваат дека човекот е неспособен.

А човекот ( и маж и жена) е способен премногу, и за добро и за зло!

Ете ти одговор зошто сите против вашето осудување ( христијанско осудување на сешто без никакво знаење за истото)!
Христијански е да се љуби ближниот, е сега од тоа љубење доаѓа и тоа ние да го сакаме спасението на неговата душа (сега сево ова е христијанска гледна точка и не би требало да те навредува, и ако сте слободоумни би требало да го почитувате и ова како мислење на другиот, што сметам дека тебе не ти претставува проблем) и оттука за нас во овој свет е важно ние на ближните да им покажуваме на секој начин шо и како е корисно за тоа спасение на душата. Ако ближниот се закоравил во своето и Христос ни кажал, кажете му еднаш- двапати, ако не слуша остајте го. Е сега тоа не е секогаш така од христијаните спроведено и не можам тоа да го одрекувам. Значи, на кратко, тоа што христијанството има такви мислења за другите е неговата доктрина, неговото мислење, со кое вие ако сакате се сложувате, ако сакате не. Ако сте слободоумни како што се покажувате тогаш прифатете го како такво. Би разбрал да се бунтова некој ако е запален, ако не може да најде работа зашто не бил христијанин, ама такво нешто нема. Да сме реални, и јас одам в црква и ме осудуваат и зборуваат дека сум забеган и се', итоа луѓе кои себеси се нарекуваат христијани, како тогаш воопшто од некој кој поим немаат од христијанското учење, очекувате да не ве суди за тоа што сте различни. Вие кога сте се нафатиле на тој чекор да почнете да го следите тој начин на живот да речам, сте можеле да предвидите како ќе биде тоа во очите на другите и секако не ви било тоа проблем сте решиле да го направите чекорот, но зошто сега кога се среќавате со проблемите на осудувањето не можете да го поднесете, па и уште генерализирате мислења на поединци со цела група.
Eвреите велат дека покојниот Исус не е тој шо го чекале
Е добро де така е, ама имаше една мала група евреи инаку шо мислеше. Ете пример кога христијаните беа некои кои мислат поинаку од мнозинството.
Ај да оправам на прав пат, очигледно нешто не ти е јасно или се правиш дека не ти е.
Христијанството е вера? Да, е. Значи се базира на верување. И додека стоиш на тоа, во ред си. Кога излегуваш и “лаеш“ против сите други, е тогаш не си.
Со кое тоа знаење (ако го имаш) ти тврдиш дека другите се во заблуда а ти не? Повели докажи.
Тврдиш дека бог постои? И тоа баш тој твојот? Повели докажи.

Јас, како атеист, не верувам во богови. Ни во тој вашиот, ни во хиндуистички, ни во египетски ....... значи во ниеден од 4000+ содржани во разно разни религии. Јас не тврдам ништо. Од таму јас немам ни што да докажувам.

А убаво што си имате и химна, веројатно и ви личи. Јас ниту имам омраза, ниту пак имам намера да наметнувам мислење. Се додека не почнете да труете со прикаски како знаете што е потребно за мое здравје.
Ви е ок со праславие? Немам проблем со тоа. Не ги сатанизирајте и демонизирајте со сите ѓомити мрачни сподоби од вашето верување, сите оние кои не се православни. Не знам која е потребата од пежоративи (богоборци, неверници исл.), па дури и навреди. Живееме во секуларна држава (бар на хартија) и правото на вероисповест е секому загарантирано. Затоа д'рж те се до она што православието е, вера. Оставете ги другите да си тераат животот како им одговара.
Ваков начин на конверзација веќе е подобар. Јас никогаш не залајав прв на некого, можеш да побараш. Штом сметам дека сум ја нашол вистината, следствено другото е заблуда за мене, сакал молчел сакал кажал за тоа. И ти мене ме сметаш за заблуден и истиве прашања назад можам да ги враќам и затоа никогаш неможеме да се разбереме до крај. До сега се труделе да докажуваат и пред мене на форумов, така и сега ако се потрудам залудно ќе биде. Да речеме не можам да докажам, но не можеш ни ти да докажеш дека не постои. Зошто да ти пречи да те наречам безбожник на пример, кога тоа е еквивалент на македонски за атеист. И ти биди атеист никој нема да ти пречи ви бидувањето, се додека се држиш до твоето. Јас на никого ништо не му наметнувам, ниту планирам, само си муабетам, тепам време и многу би ми било криво ако некој се најде навреден ама, ете и атеистите понекогаш имаат религиски чувства.
Од каде информацијата на библијата дека госпо ова го правеше баш вака, кој го напишал се ова и од каде ја собрал таа информација кога на почетокот не постоеле луѓе ниту пак начин како да се остават записи за истото?
Колку точно според Бибилијата се смета староста на човекот, планетата, колку на целата вселена (во наши години)?
Според науката, вселената се шири постојано и постојано се создаваат нови небески тела, како е тој дел објаснет во Библијата?
Еве објасни ми како точно објаснува Библијата дека настанал и се размножувал човекот? Колку точно луѓе напраил госпо на почетокот, ако добро јас сум прочитал Адам и Ева не се првите луѓе, нив ги ставил да живеат во рајската градина и биле со „совршени тела“, ако рајската градина не била на планетата и Адам и Ева немале никогаш потомци, тогаш кои и колку луѓе биле создадени на земјата и како се размножувале тие (ако сите настанале од еден пар логичното размилусвање на таа теорија е дека сите таму имаме инцест, истото понатаму повлекува дека луѓето родени при инцест имаат голема можност за пореметувања и да не навлегувам). Ете објасни ми во 2-3 реченици поконретно?
Зошто мајмунот не го направил човек, ете тој има поклопување од 96% во ДНКта со човекот, зошто направил такво суштество што е толку блиско со човекот, а ја нема човековата свест?
Како Библијата ги објаснува расите, на планетава не се сите бели, која раса е настаната прва, поради што дошло до појава на расите?
За почеток овие прашања ме интересираат, ти како добар познавач на христијанството, Библијата, би сакал да ми ги објасниш.[DOUBLEPOST=1484329415][/DOUBLEPOST]
Никот може да се промени само ако си со отворен ум, ако веруваш апла во едно книжуле наречено библија, тогаш не може ништо да се направи.
А зошто мислиш дека не ги зел никој како знак прашалник тие работи? Христијанството и црквата се единствените религии на планетава, па сите да мислат исто? Па сите други религии речиси мислат поинаку од тое што мисли христијанството, значи имаш и други што мислат поинаку од црквата, не сум единствен јас.
Ти се роди како христијанин, да се родеше во муслиманско семејство ќе сметаше дека исламот е апсолутната вистина, истото ќе беше и кај Мики иако не сака да го признае тој дел.
Супер, прати некој буквар од библиската егзеза, кога ќе имам време би седнал да прочитам подетално што и како пишува таму.
Во моментов нема универзално објаснување за целиот настанок, има теории од кои некои пологични и со поцврсти докази, а други понелогични и засновани на книги напишани од еден куп автори кои немаат никаков конкретен доказ. Е сега дали во догледно време ќе се дознае 1000% како е се настанато не сум видовит да кажам и дали воопшто некогаш ќе имаме толкав капацитет да го осознаеме тој дел.
За тоа ако се родев како муслиман пишав нешто очиглено, залудно. Тоа е тоа. Добро де, во ред е да имаш свое мислење, имај го, јас се радувам кога некој мисли и критички расудува. Ама проблемот е кога вие земате да толкувате нешто кое нас ни припаѓа и вие потоа тврдите дека вашето толкување е точно, наспроти нашето. Шо барал атеист да прави видеа и да губи време за тоа како Светите Книги на христијаните имале контрадикции? Едноставно нека си тера во неговото, нека си има свое мислење и за нив ама со тоа го загрозува просторот на другите, во случајов христијаните. Нека има такви мислам слободно, не е забрането тоа, дури мене ми одговара заради што сакам да прочитам и да разберам уште поубаво, па вака имам можност за тоа уште подобра, но да бидеме искрени атеист кој е преокупиран со христијански тематики и критики на истите не ќе да е од почитување тоа према другите. Таквиот човек едноставно се храни со нанесувањето на удари врз Телото на христијаните, тој диши со омраза кон христијаните, да не се лажеме, па затоа постои и терминот богоборец во вокабуларот на Црквата. Еве колку за пример еден мал таков егзегетски примерок, мене ми се нашол корисен во одредени моменти, иако искрен сум и јас не е доволен секогаш http://feofilakt.ru/
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Е добро де така е, ама имаше една мала група евреи инаку шо мислеше. Ете пример кога христијаните беа некои кои мислат поинаку од мнозинството.
Toa e дефиниција за секта ако во нешто верува мала група за разлика од мнозинството
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.786
Значи, на кратко, тоа што христијанството има такви мислења за другите е неговата доктрина, неговото мислење, со кое вие ако сакате се сложувате, ако сакате не. Ако сте слободоумни како што се покажувате тогаш прифатете го како такво.
Ете го одговорот што ти го постави порано, зошто сите зборуваат негативно за христијанството, а не против Телемитите :)

Како да се сложам со христијанскиот став дека мојот живот бидејќи не сум христијански е демонски живот, опкружен со демони и лаги наоколу?
НЕ! :)
Тоа го зборуваат твоите свештеници наоколу, и ти ми велиш да прифатам лаги од твоите свештеници за да си ја оправдаат верата бидејќи таква им е догмата?

Тоа никој не го прифаќа денес и затоа ги имаме овие муабети ние тука на форуми, а и јавно треба да му се каже на христијанинот да си ја гледа својата работа, за да не се жали потоа како сите биле против христијаните...
Ќе бидат, не може поинаку со овие денешни христијански свештеници и мирјани....

Јас сум слободоумен, потребно е христијанинот да стане свесен дека христијанството не понуди универзален пат за сите и не може преку тој пат да ги осудува сите, треба да прифатат дека низ времето се изгради само догма, со купишта адети од непознати причини со која сега си имаат сите проблеми...
Преку таа догма се осудуваат сите... а тоа не поминува.

Читаш што се зборува тука нели, ги следиш дискусиите што ги водат обични мирјани, ги читаш размислите на отци и монаси што мнение имаат за нехристијани во нивните беседи - исто звучат како муслиманите и нивните зборувања! Негативно зборување за другите не е љубов и проклети да бидат сите што само ближниот свој можат да го љубат, а не и другите!
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ваков начин на конверзација веќе е подобар. Јас никогаш не залајав прв на некого, можеш да побараш. Штом сметам дека сум ја нашол вистината, следствено другото е заблуда за мене, сакал молчел сакал кажал за тоа. И ти мене ме сметаш за заблуден и истиве прашања назад можам да ги враќам и затоа никогаш неможеме да се разбереме до крај. До сега се труделе да докажуваат и пред мене на форумов, така и сега ако се потрудам залудно ќе биде. Да речеме не можам да докажам, но не можеш ни ти да докажеш дека не постои.
Не се секирај, ни си прв ни си последен, што не го гледа сопственото “лаење“, а туѓото го гледа. Не, не не' лажи и нас и себе си. Ништо ти не си нашол. Ти веруваш (клучниот збор) дека си нашол. И немам против што тоа го веруваш. Не е заблудата во тоа што ти веруваш дека си нашол, туку во тоа што си убеден (тука е заблудата твоја) дека секој што мисли дека пронашол друго за вистина е во заблуда.
Факт е дека верување не ни можеш да докажеш колку и да сакаш. А повторно ќе ти кажам, немам јас што да докажувам, јас не изнесувам тврдење. Јас не верувам во богови, јас не тврдам дека не постои бог. За мене тоа е лудост. Но уште полудо и крајно безобразно е да тврдиш дека постои на основ на верување.
Зошто да ти пречи да те наречам безбожник на пример, кога тоа е еквивалент на македонски за атеист. И ти биди атеист никој нема да ти пречи ви бидувањето, се додека се држиш до твоето. Јас на никого ништо не му наметнувам, ниту планирам, само си муабетам, тепам време и многу би ми било криво ако некој се најде навреден ама, ете и атеистите понекогаш имаат религиски чувства.
Ете ми пречи терминот безбожник оти го употребувате во пежоративна форма. Исто како што и тебе ти смета што те викам заблуден. Ја сфаќаш аналогијата?
До кое тоа јас да се држам? Види претходно. Ако барате почит, понудете почит. Како беше онаа изрека “што си посеал тоа ќе жнееш“. Сеј омраза, омраза и ќе жнееш. Не ми треба христијанство за да го знам тоа.
Кои тоа религиски чувства имам? Не ме смеј.
Немаш што ти потреба да подучуваш или да му укажуваш некому за твоето “Велелепно“ христијанство. Сега во ера на глобализација и комуникации? И кога тоа го правите (не само ти) го правите на многу грд начин со сатани демони и што ти не, со излитени флоскули. Немој, 21ви век е. Писмен е народов за разлика од порано. Кому му треба христијанството (ма која и да е деноминација) ќе си го најде сам. Не му треба помош од вас.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.866
Поени од реакции
8.330
Oд кај измислија клопотарци свеќи и кадилници?
Исус такво нешто не праеше?
то нешо турбофолк верзија ви е?
Јас не знам кој при здрава памет и барем малку писмен ќе ти поверува на овие твои лаги и бесмислици.

Се фалиш со своето незнаење?

За твоја информација, уште Евреите палеле и свеќи и кандила, а во Излез имаш и упатство како Господ му заповеда на Мојсеј да го изработи и да го украси свеќникот за Скинијата.

31. И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде излеан; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – и сите тие на него нека бидат;
32. шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;
33. три чашки во облик на оревче, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,
34. а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на орев, јаболкца и цветови;
35. едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче од другите две гранки, така нека има шест гранки што излегуваат од светилникот, и на светилникот четири чашки во вид на орев.
36. Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде излеан од чисто злато.
37. И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна;
38. а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато направени;

...

8. И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господа во поколенијата нивни.

И прочитај го и ова, и обиди се да го преведеш и разбереш, доколку можеш, се разбира.:zloo:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.786
На сликава пишува Jewish faith... Jewish history... и ти зборуваш за евреите, не за христијанството...
@Let 3 мислам дека праша за христијанските цркви и ѕвонци и кандила и останато - од каде тоа позајмивте вие христијаните? Заборавивте?

Сакаш да кажеш дека христијанството презело ритуали и обичаи од јудаизмот? Од луѓе кои не го препознаа Исус како Христос?
 
Види, пред Воскреснувањето, Исус Христос празнувал и Пасха и Обновение, како што е спомнато во Евангелијата.

По Неговото Воскреснување, важат други правила.[DOUBLEPOST=1484342824][/DOUBLEPOST]
Колку точно според Бибилијата се смета староста на човекот, планетата, колку на целата вселена (во наши години)?
Според науката, вселената се шири постојано и постојано се создаваат нови небески тела, како е тој дел објаснет во Библијата?
Еве објасни ми како точно објаснува Библијата дека настанал и се размножувал човекот? Колку точно луѓе напраил госпо на почетокот, ако добро јас сум прочитал Адам и Ева не се првите луѓе, нив ги ставил да живеат во рајската градина и биле со „совршени тела“, ако рајската градина не била на планетата и Адам и Ева немале никогаш потомци, тогаш кои и колку луѓе биле создадени на земјата и како се размножувале тие (ако сите настанале од еден пар логичното размилусвање на таа теорија е дека сите таму имаме инцест, истото понатаму повлекува дека луѓето родени при инцест имаат голема можност за пореметувања и да не навлегувам). Ете објасни ми во 2-3 реченици поконретно?
Зошто мајмунот не го направил човек, ете тој има поклопување од 96% во ДНКта со човекот, зошто направил такво суштество што е толку блиско со човекот, а ја нема човековата свест?
Како Библијата ги објаснува расите, на планетава не се сите бели, која раса е настаната прва, поради што дошло до појава на расите?
За почеток овие прашања ме интересираат, ти како добар познавач на христијанството, Библијата, би сакал да ми ги објасниш.
Само толку? Немој да бидеш скромен.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Јас не знам кој при здрава памет и барем малку писмен ќе ти поверува на овие твои лаги и бесмислици.

Се фалиш со своето незнаење?

За твоја информација, уште Евреите палеле и свеќи и кандила, а во Излез имаш и упатство како Господ му заповеда на Мојсеј да го изработи и да го украси свеќникот за Скинијата.

31. И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде излеан; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – и сите тие на него нека бидат;
32. шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;
33. три чашки во облик на оревче, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,
34. а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на орев, јаболкца и цветови;
35. едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче од другите две гранки, така нека има шест гранки што излегуваат од светилникот, и на светилникот четири чашки во вид на орев.
36. Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде излеан од чисто злато.
37. И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна;
38. а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато направени;

...

8. И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господа во поколенијата нивни.

И прочитај го и ова, и обиди се да го преведеш и разбереш, доколку можеш, се разбира.:zloo:

Jудаизмо подразбира и молитви во храмот, почитување на саботата како ден божји, строго пропишани жртви во храмот, обрежување на верниците....

Или то не важи а кандилото важи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom