Ај еве и јас да пишам кратко искуство со Хитачито на овие минусни температури. До саботата не бевме во Скопје, па затоа ќе пишувам за периодов од сабота па до денес. Немам мерач како што имаат дел од корисниците, туку го користам месечниот мерач кој што е на далечинскиот. Започнав вчера во 18.00ч-со претходно потрошени 32.5кв (наместено 24с, аутофан и собна температура 20). Во 19.00ч имаше 34.2кв (потрошено 1.7кв) и собна температура 23с. Во 20.00ч имаше 35.8кв (потрошено 1.6кв) и постигнато 24с. Потоа земав да ја пробам колку ќе троши со зададена 30с и ауто фан (потрошено 1.9кв или 2.0кв). Денеска земав еден саат ја користев на зададена 23с и втора брзина и потрошувачка беше 600в. Потоа следниот час зададена 25с и трета брзина со потрошувачка од 800в. Бидејќи немам мерач не можам да напишам колку најмалку влече во некој момент или колку најмногу.
Хитачито без проблем го загрева просторот но по мое мислење за да се чувствува комотна топлина барем за мојот простор на овие температури треба да работи во трета, четврта или аутофан брзина. Аутофан брзината претежно ги шалта четврта и трета брзина кога и најмногу троши. Со обичен кинески термометар (мери до 50), на најбрз издув без проблеми покажува над 47 степени, со што дува доста топол воздух.
Како голема по мене негативност на хитачито се автоматските дефрости кои се точно на еден саат и десет минути (понекогаш е заледена надворешната, понекогаш не) и траат од 6 до 10 минути. Истото тоа го пишува и во упатството за работа под графата греење „дека еднаш или повеќе пати оди во дефрост во рок од еден час“. Незнам дали истово се случува кога се поголеми температурите, бидејќи деновиве поради мерењава го приметив честото одење во дефрост, а претходно не сум го забележал. Истото сакав да го прашам и членот од форумов (не ми текнува никот) кој има хитачи како е кај него.
Исто најдов и една корисна функција на далечинскиот (ја нема во упатството) која може да служи и како мерач на издув..Доколку се држи далечинскиот во близина на издувот неколку секунди и се стисне копчето за температурата на собата всушност ја покажува на температурата на издув.
Како и да е Хитачито ми е наменето за греење и ич не се каам што го земав. Најбитниот момент за кој е наменета го исполнува, а тоа е греењето и покрај тоа што оваа година како што гледам ќе ми помине во тестирање на сите варијанти за да најдам економична но сепак топла варијанта.
Еве ги и сликите од овие мерења:
