jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.314
Изјавата е добар основ за формирање на новата власт
Изјавата не промовира нов концепт, таа е на трагата на досегашните решенија, со тоа што инсистира на натамошни пробиви во рамките на системот кој во Македонија се развива во последите 26 години!
Тоа не е мојот омилен систем, тој систем сигурно не е најдоброто решение за Македонија, но тој е тука и мислам дека нешто ново може да се роди само откако усовршувањето на тој систем ќе им пружи на граѓаните доволно докази дека се заебале.
Не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија.
Тоа требаше да биде иницијатива на македонскиот блок.
Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата сварност. И тие иницијативи требаше да ги покрене мнозинството, но поради потопот во вмровската хистерија и идеолошките неотпорности на левицата, тоа пропушти да го направи. И затоа сите решенија ги доживуваме како порази, тие тоа и се, а не како плод на нашите визии, какви што можеа да бидат.
Истите ставови ги имам и за сите други точки.
Не дека мислам дека се добри во некаква идеални смисла, туку затоа што сметам дека нивното прифаќање како чин во овој момент е поважна работа од барањето на влакно во јајцето.
Во однос на темата за геноцидот треба да се кажат неколку работи и претпоставувам дека тие ќе бидат предмет на натамошна расправа: прво, постои ли некоја домашна или, уште подобро, меѓународна инстанца, најдобро судска, која утврдила дека во тој период е извршен геноцид врз Албанците, мислам дека без тој документ ние можеме да донесеме и Резолуција против геноцидот на Индијанците во Америка, но тоа нема да ни вреди пет пари, второ, дали усвојувањето на бараната Резолуција ќе значи дека Република Македонија е геноцидна творба и како тој став ако како таков проистече од усвојувањето на Резолуцијата, ќе се одрази врз актуелните перформанси на државата, трето, може ли тоа да биде повод и Македонците да бараат Резолуција со која ќе се осудат геноцидите врз македонскиот народ од 1912., ако не и пред тоа, па преку оние извршени за време на бугарското и српското присуство, до најновиот што го изврши екипата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во последните десет години и како тој чин на автогеноцидност ќе се одрази врз перформансите на државата денеска и во иднина, четврто, ако прифатиме дека геноцид имало, од тоа сознание мора да произлезе многу сериозен однос, историографски, културолошки, политички, правен, морален, тоа не е тема за досетки, да не речам за фусноти во една Изјава, колку и да е таа важна.
Вака, барањето на албанските лидери претставува најтешка можна девалвација на резолуциските документи по крајно сериозни прашања и сквернавење на жртвите кои несомнено ги имало на илјадници дури и кога би ја побиле тезата за геноцидот. Но, ако Ахмети, Села, Касими и другите одбијат да расправаат за темава на начинот кој е тука скициран, тогаш тоа за мене би бил повод да се прифати и тоа барање: сакате Резолуција за геноцидот- бујрум!
За мене е најважно тоа што во Изјавата се влезени ставовите за реализацијата на Извештајот на Прибе и на извештаите на Европската комисија, за Специјалното обвинителство и воопшто за правната разрешница на кризата и за рехабилитацијата на правната држава, за реализација на европските и евроатлантски интегративни процеси, другите работи се под “бе” и под “це”.
Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати.
Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!
Така што, господине Заев, јас не би чекал ниту до утре. Јас ја разбрав изјавата како клоца у г’з на Груевски и јасна понуда за формирање на новата власт со СДСМ и со неговите коалициони партнери. Во тој документ барањата се поставени максималистички, што значи дека е реално да се очекува дека албанските лидери кај некои точки ќе попуштат или дури и ќе се откажат, можеби идејата за Резолуцијата за геноцидот е поставена точно со таква цел!
Меѓу тој избор со жртви и изборот да се ставите на класичната, раскупусарена, усмрдена, стерилна и така натаму, македонштина, јас ве преколнувам да ја изберете првата понуда, да го собориме режимот, да го демонтираме, да се хармонизираме колку што можеме од внатре и да тргнеме напред.
Јetojnë në Shqipëria e Madhe
---------------------------------------------------------------------------------------------

Последно уредено од модератор: