Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Изјавата е добар основ за формирање на новата власт

Изјавата не промовира нов концепт, таа е на трагата на досегашните решенија, со тоа што инсистира на натамошни пробиви во рамките на системот кој во Македонија се развива во последите 26 години!

Тоа не е мојот омилен систем, тој систем сигурно не е најдоброто решение за Македонија, но тој е тука и мислам дека нешто ново може да се роди само откако усовршувањето на тој систем ќе им пружи на граѓаните доволно докази дека се заебале.
Не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија.

Тоа требаше да биде иницијатива на македонскиот блок.

Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата сварност. И тие иницијативи требаше да ги покрене мнозинството, но поради потопот во вмровската хистерија и идеолошките неотпорности на левицата, тоа пропушти да го направи. И затоа сите решенија ги доживуваме како порази, тие тоа и се, а не како плод на нашите визии, какви што можеа да бидат.

Истите ставови ги имам и за сите други точки.
Не дека мислам дека се добри во некаква идеални смисла, туку затоа што сметам дека нивното прифаќање како чин во овој момент е поважна работа од барањето на влакно во јајцето.

Во однос на темата за геноцидот треба да се кажат неколку работи и претпоставувам дека тие ќе бидат предмет на натамошна расправа: прво, постои ли некоја домашна или, уште подобро, меѓународна инстанца, најдобро судска, која утврдила дека во тој период е извршен геноцид врз Албанците, мислам дека без тој документ ние можеме да донесеме и Резолуција против геноцидот на Индијанците во Америка, но тоа нема да ни вреди пет пари, второ, дали усвојувањето на бараната Резолуција ќе значи дека Република Македонија е геноцидна творба и како тој став ако како таков проистече од усвојувањето на Резолуцијата, ќе се одрази врз актуелните перформанси на државата, трето, може ли тоа да биде повод и Македонците да бараат Резолуција со која ќе се осудат геноцидите врз македонскиот народ од 1912., ако не и пред тоа, па преку оние извршени за време на бугарското и српското присуство, до најновиот што го изврши екипата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во последните десет години и како тој чин на автогеноцидност ќе се одрази врз перформансите на државата денеска и во иднина, четврто, ако прифатиме дека геноцид имало, од тоа сознание мора да произлезе многу сериозен однос, историографски, културолошки, политички, правен, морален, тоа не е тема за досетки, да не речам за фусноти во една Изјава, колку и да е таа важна.

Вака, барањето на албанските лидери претставува најтешка можна девалвација на резолуциските документи по крајно сериозни прашања и сквернавење на жртвите кои несомнено ги имало на илјадници дури и кога би ја побиле тезата за геноцидот. Но, ако Ахмети, Села, Касими и другите одбијат да расправаат за темава на начинот кој е тука скициран, тогаш тоа за мене би бил повод да се прифати и тоа барање: сакате Резолуција за геноцидот- бујрум!

За мене е најважно тоа што во Изјавата се влезени ставовите за реализацијата на Извештајот на Прибе и на извештаите на Европската комисија, за Специјалното обвинителство и воопшто за правната разрешница на кризата и за рехабилитацијата на правната држава, за реализација на европските и евроатлантски интегративни процеси, другите работи се под “бе” и под “це”.
Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати.

Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!

Така што, господине Заев, јас не би чекал ниту до утре. Јас ја разбрав изјавата како клоца у г’з на Груевски и јасна понуда за формирање на новата власт со СДСМ и со неговите коалициони партнери. Во тој документ барањата се поставени максималистички, што значи дека е реално да се очекува дека албанските лидери кај некои точки ќе попуштат или дури и ќе се откажат, можеби идејата за Резолуцијата за геноцидот е поставена точно со таква цел!

Меѓу тој избор со жртви и изборот да се ставите на класичната, раскупусарена, усмрдена, стерилна и така натаму, македонштина, јас ве преколнувам да ја изберете првата понуда, да го собориме режимот, да го демонтираме, да се хармонизираме колку што можеме од внатре и да тргнеме напред.
Јetojnë në Shqipëria e Madhe
---------------------------------------------------------------------------------------------
 
Последно уредено од модератор:
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Слободарски мисли изразени со подсредство на сорош и тешки дроги

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
А мајданот, а украинското, а борците кои ќе ја бранат државата од албанските орди, за пуста власт ќе се напучите како што треба и не една десет платформи ќе прифатите само Скопје кец да остане во контрола.

Алас, шо викаше еден празноглавец на времето тука на форумот.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
А мајданот, а украинското, а борците кои ќе ја бранат државата од албанските орди, за пуста власт ќе се напучите како што треба и не една десет платформи ќе прифатите само Скопје кец да остане во контрола.

Алас, шо викаше еден празноглавец на времето тука на форумот.
Па прочитај ја платфотмата или ти мислиш дека треба да се прифати?

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
А мајданот, а украинското, а борците кои ќе ја бранат државата од албанските орди, за пуста власт ќе се напучите како што треба и не една десет платформи ќе прифатите само Скопје кец да остане во контрола.

Алас, шо викаше еден празноглавец на времето тука на форумот.
Ако мислиш дека тие зборови ти се оправдување за ова што ќе ви го сервираат.... гадно се лажеш, ќе не гони ова до крајот на животот, ќе бидеме запаметени како генерација која ја продала Македонија за ситни пари.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Да беше на вмроовците ќе гледавме лавчина а не орли
Pa ne bi se soglasil so tebe. Na vmrovcite daleku povekje im odgovara da gledame orli otkolku da gledame lavcinja na televizija.
Kako inace bi gi glasal narod ako ne oseti strav od nesto dam beter kako na primer ti i ovoj jamajka pogore - osnovata vrz koja pociva glasackoto telo na vmro koe se sostoi od izolirani paranoicni sizofrenici so mozok isperen od iljadnici kurira milenkovci i mirki.


A na ovaa emisija na krajot komotno moze da se stavi: "Scenario i rezija - Martin P."
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Мијалков и Грујо ја имаат формулирано платформата на орлињата со цел да се одвлече вниманието на народот од победата на Заев :nesumjas:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Vreme e malce bratucedot i dbk da poigraat dota vo zivo so pratenicite na sds.[DOUBLEPOST=1483896306][/DOUBLEPOST]
Не ги пoддржувaм сите. Сaмo тoa зa Сјo.
KOLKU I DA SE OPRAVDUVAS POTPOLNO SE SLOZUVAS STOM GLASASE ZA PREDAVNICITE SDS
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Мијалков и Грујо ја имаат формулирано платформата на орлињата со цел да се одвлече вниманието на народот од победата на Заев :nesumjas:
Не знам дали ја имаат формулирано Грујо и братучедот платформата, ама како и да е им оди во прилог затоа што им купува време и главните дискусии се ставени на страна (пред сè мандатот на СЈО и продолжување на рокот за покренување обвинителни акти (второво е поприоритетно, според мене))
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.169
Поени од реакции
16.304
Па шо ако е бугараш? Беше член на дрпне? Беше.... Па и ден денес повеќе од пола дрпне-овци се бугараши. Да не зборам за ориентација, сем брколиндо и делумно братучедот, се остало е по м.
неговиот предлог го одбија албанците... не можело да се подели Македонија бидејќи во самото Скопје имало албанци многу ( а во Куманово биле доминантни)...
А србите кукат за Косово, ама Косово им беше рак рана додека беше во Србија, не се плаќаше таму струја, не се регистрираа возила и други работи...
Сега они се чисти, едино е работата за северно Косово, каде има срби и за делот од јужна Србија каде има албанци.... но каде се уште владее закон и немаат некој повластици
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Vreme e malce bratucedot i dbk da poigraat dota vo zivo so pratenicite na sds.[DOUBLEPOST=1483896306][/DOUBLEPOST]
KOLKU I DA SE OPRAVDUVAS POTPOLNO SE SLOZUVAS STOM GLASASE ZA PREDAVNICITE SDS
Исто и ти се сложуваш штом гласаше за Вмро, бидејќи не верувам да не си гласал.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Не е воопшто смешно.... Ова е многу сериозно..
Да, а за биде уште посериозно, еве нешто слично и од другата страна.
Миленко Неделковски
11 hrs · Skopje ·
ВМРО и Груевски треба да им го заебат планот на албанците, СДС и странците.
Како?
Па така што ќе им ја прифатат платформата во целост. Ќе формираат Влада со ДУИ и ќе започнат со имплементација.
И кога ќе заглават некаде по пат, пак избори.

Наравоучение: Ако ВМРО ја прифати платформата а албанските партии одбијат да прават Влада со Груевски, тогаш ќе е јасно дека не им е до платформата ами до правење смут. Дека не им е до интересот на албанецот ами до извршување на наредбата дадена од нивниот робовладател.
Абе да не тргне човек, кога на воа опашиве на форумов, ситни привилегии, добиени или очекувани, тотално им го поматуваат умот, што останало за тие што добиваат или очекуваат многу поголеми привилегии. :notworthy:
Во меѓувреме..
http://www.samoprasaj.mk/zaednistvo/81-2016-11-22-11-33-19
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.169
Поени од реакции
16.304
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Груевски: Ќе пробам да составам влада, но не по секоја цена
Откако албанските партии ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, формираа платформа за заеднички влез во владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски излезе со ново интервју, овојпат во дневниот весник „Дневник”. Тука, Груевски и не е така сигурен како ќе заврши трката за формирање на новата влада.

-Ако се оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, се е можно – вели Груевски во интервјуто за „Дневник“, кое што ќе излезе во утрешниот број на весникот, а пренесе провладиниот Курир.

Груевски смета и дека во заедничката платформа на Албанците, прсти вмешал Џорџ Сорос, за да ги убеди да не коалицирааат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Повторно таа атмосфера како и во минатото и сега се создава од медиумите и лицата што водат или припаѓаат или се соработници на НВО финансирани од Институтот отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок затоа што на крајот финалната одлука е наша – вели Груевски.

Тој вели оти го чувствува расположението кај албанските партии дека не сакаат да коалицираат со него, но вели дека ниту ДПМНЕ во минатото не сакала коалиција со ДУИ на пример, но се согласила бидејќи „ изборите покажале дека мнозинството граѓани Албанци сакаат ДУИ да е во владата.”. Тука, порача дека доколку ДУИ овојпат му го сврти грбот, ќе возврати со иста мера.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата – вели Груевски.
http://fokus.mk/gruevski-ke-probam-da-sostavam-vlada-no-ne-po-sekoja-tsena/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom