Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Да се надоврзам на сите оние што го спомнуваат тој огромен долг како и останатите муабети кои како папагали ги повторуваат ..диктатура, режим, Скопје 2014, криминалите на власта, мерцедесот од 600.000 евра хм што уште ...Младенов, Тамара, загадениот воздух, ај што не ви текна и на вас и на тие што ги пуштаат приказниве дека такви работи не палат кај народ за рушење на власт туку и малце зачитајте се политичка економија и изанализирајте го нашиот долг и моменталното водење на економијата да ви станат некои работи појасни ;)
Партали муабет. Ги потепа со аргументи. Ако ми пишеш име у порака лично ќе се заложам средното економско у Жеровјане да биде со твое име како и аналитичкиот центар на реформираното вмро. Озбилен сум, шајка сме со Сале децата ни се у исто школо у Монако па на родителска ќе му спомнам.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
А ако формира СДСМ на пример како би ти изгледало тогаш?
Ако Хорхе го додели мандатот на СДСМ, уствари си пукал у колено. Или можда обете колена.
Така да СДС отпаѓа. Можда ДУИ? ДПА? БЕСА?
ВМРО ни на крај памет не му паѓа.

Уствари, ко ќе ти текне која појава од президент ни е Хорхе, не е чудно да и на Маја и' го додели мандатот за формирање влада.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.264
Ако Хорхе го додели мандатот на СДСМ, уствари си пукал у колено. Или можда обете колена.
Така да СДС отпаѓа. Можда ДУИ? ДПА? БЕСА?
ВМРО ни на крај памет не му паѓа.

Уствари, ко ќе ти текне која појава од президент ни е Хорхе, не е чудно да и на Маја и' го додели мандатот за формирање влада.
Друга беше поентата на прашањето а не дали СДСМ ке добие мандат. Секако веројатноста СДСМ да формира влада воопшто не е мала , баш напротив и не зависи многу од Претседателот на Р.Македонија туку од кој ке собере доволно пратеници за да има просто мнозинство за да се изгласа таа влада. Ако ете ВМРО не ги прифати според мене легалните и оправдани барања на албанскиот блок кој сакале ние да признаеме или не е втор државотворен народ и ја има поддршката од мнозинството гласачи во државата тогаш мандатот се предава на втората по број пратеници партија а тоа е СДСМ таа да проба да формира влада. Нема тука сакам нејќам туку е строго процедурално.
Не дека не знаеше ама сепак. Претседателот инаку го врви својот втор и последен мандат така да нема што тој да си пука во колено, секако за трет нема право да се кандидира. Колку бил добар или не е индивидуално. Ти сметаш дека бил лош, јас сметам дека од сите досегашни претседатели овој се покажа како најдобар но ке забегаме многу од темата.
И ете истото прашање и тебе пошто дотичниот избега да одговори. Како тебе би ти изгледало СДСМ ако формира влада кога како прво ете и официјално знаеме кои се барањата на албанскиот блок и како второ знаеме дека без нив неможе нити теоретски да се формира влада.
Јас уште одма да ти кажам дека после изборниот резултат на 11 декември сметам дека сите испорачани барања од вториот државотоворен народ во државата ги сметам за сосем легални и оправдани и исто сметам дека тоа е изборната воља на поголемиот број на гласачи ако се соберат сите гласови освем оние на ВМРО кои воголавно се состојат од албанскиот блок и СДСМ и дека би било крајно несериозно и недемократски тие да се игнорираат.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Албанците баш на Божиќ каква мегаломанска декларација објавија. Вакви душмани ниту грците ниту турците не ни биле.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.264
Албанците баш на Божиќ каква мегаломанска декларација објавија. Вакви душмани ниту грците ниту турците не ни биле.
Дали било Божик , Велигден или Бајрам не менува многу, така да не си клавај толку на срце. Прашање на време беше кога ќе ги отворат картите а попогоден момент вака да им се наредат картите мислам дека не ни сонуваја дека ке добијат, плус тоа и мора да се запази рокот за формирање на коалиции па посовреме да си кажат што им лежи на срце на освестените , еманципирани или како уште сакаа да ни ги продадат Албанци. Е па еве ви ги, што се чудите толку.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
ЗА МАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ
Светскиот Македонски Конгрес побара договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров денеска во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ предаде присмени дописи со нацрт договор за македонско обединување и одбрана на државата, нација и националните интереси, информираат од СМК.

Обраќајќи им се на претседателите на партиите, Петров во писмото наведува дека државата и нацијата веќе подолго време транзитираат низ политичка криза, која прераснува во омраза и одмазда.

- Општеството предолго е во агонија и под стрес поради суети и лични интереси. Не смееме никогаш да заборавиме дека, македонската цивилизација е цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, македонската цивилизација е цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, македонската цивилизација е цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинациионалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се до нивна физичка ликвидација од земјината топка – стои во писмото.

Тој истакнува дека во контекст на најновите случувања, СМК смета дека албанска платформа подготвена во Тирана под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата за Албанците и ДПА, Али Ахмети, Билал Kасами, Зијадин Села и Мендух Тачи како услов пред македонскиот партнер за избор на нова влада после вонредните парламентарни избори, претставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

- Повторувајќи дека Македонија е единствениот заеднички именител и содржател на сите Македонци, на сите македонски државјани независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалната положба и политичката припадност, Светскиот Македонски Конгрес апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и покрај сите разлики, да покажат државничка зрелост и мудрост и безусловно да ги отфрлат ултимативните барања на партиите на Албанците за состав на Влада – стои во писмото.

Понатаму се наведени точките за договор, а тоа се:

(1) Безусловен крај на разговорите за разликата по државното име со Владата во Атина, со поднесување на Резолуција до Генералното собрание на есенското заседание за продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со нејзиното име, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ.

Горното:

(1.1) Потсетувајќи дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ, односно македонските државјани во апсолутно мнозинство гласаа „ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

(1.2) Имајќи предвид дека правото на државното име Македонија е неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ, а не малцинско прашање!

(1.3) Знаејќи дека Македонија во членство на Обединетите Нации е примена на Генералното Собрание со Резолуција 47/225 од 8 април 1993 година, а по препорака на Советот за безбедност со Резолуција 817(1993) од 7 април 1993 година, во коишто не се прејудицира промена туку разговор за разликата по државното име Македонија со Владата во Атина, со напомена, додека траат разговорите, само за системот на ООН, и времено, на Македонија да и’ се обраќаат како “поранешна Југословенска Република Македонија“,

(1.4) Повторувајќи дека “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чијашто замена се договара со ново меѓународно име, туку времено обраќање само за системот на ООН додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија меѓу владите во Скопје и Атина, и дека Македонија нема сложено или композитно име што се состои од два и повеќе збора, ниту име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба, ниту име за дома и меѓународно име за светот, туку името на државата се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија.

(1.5) Имајќи предвид дека барањето за прием во членство на Обединетите Нации е поднесено под државното име Македонија, содржано во документот А/47/876-S/25147 и

(1.6) Тргнувајќи од пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година по тужба од Македонија против Грција во 2008 година, со која се суспендира суспензивното право на Грција во меѓуародните организации, и се потврдува правото на Македонија да поднесува барање за членство и да членува во меѓународни оранизации под државното име, со право Грција само “да приговара доколку во овие меѓународни организации ни се обраќаат под државното име, различно од временото обраќање во ООН додека траат разговорите“ и ништо повеќе од тоа.


(2) Организација на попис на населението и донесување на Уставна декларација во Собранието со гаранции за правата и слободите на малцинските етнички заедници утврдени во Уставот, независно од пописните резултати.

(3) Склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Албанија и Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и положбата и правата на Албанците во Република Македонија, со реципроцитет во македонско-албанските односи - што за Албанците во Република Македонија, тоа за Македонците во Република Албанија во согласност со меѓународното право.

(4) Почитување на унитарноста и непроменливост на етничката и верската карта на државата, бидејќи етничките прашања немаат територијални решенија и отфрлање на барањата за територијална или функционална федерализација и кантонизација на Република Македонија.

(5) Почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународните односи и употреба на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Република Македонија.

(6) Процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред Јавното обвинителство избрано од новото Собрание на Република Македонија и почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација, со препорака до сите кои располагаат со докази да ги предадат на надлежните органи, имајќи предвид дека и прикривањето на докази е кривично дело соучество.

(7) Обезбедување на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја.

(8) Отфрлање на агресијата и насилството заради остварување на политички цели и заштита на имотите, животите и приватноста како неприкосновени, како и отфрлање на меѓународна арбитража за решавање на внатрешно-политичките прашања и мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

(9) Грижа за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, помагајќи го нивниот културен развој и унапредувајќи ги врските со нив, како и грижа за културните, економските и социјалните права на македонските државјани во странство.

(10) За евро-атлантските интеграции на Република Македонија ќе решаваат македонските државјани на референдум, кога ќе бидат исполнети условите за тоа, а Собранието и Владата да ги преземат сите мерки за заштита на мирот и безбедноста, и суверенитетот и територијалниот интегритет на државата поради илегалната емиграција.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
569
нас може да не спаси само ледено доба или диносауриси
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
I posle se chudime shto nikoj od megjunarodnata zaednica ne ja podrzhuva Makedonija. Narodot se izjasni za federalizacija, poslednive izbori jasno toa go kazhaa...Ushte sme se fatile za edna unuja shto e pred raspad, EU, a nashiot bivsh premier Gruevski eve go veni seche za Amerika i sakame posle na primer Rusija da ne podrzhi? Nie sme za Evroatlanski integracii i ako treba veni ke secheme....Nie sme kurtashak mili moi...ne izigraa kako volovi...
Abe poarno drzhava da nemame ama Grujo vo zatvort da bide...pomoronsko razmisluvanje na ovoj bel svet nemam videno nitu chueno.
 
V

viktora

Гостин
Албанците баш на Божиќ каква мегаломанска декларација објавија. Вакви душмани ниту грците ниту турците не ни биле.
Од секогаш најголемите зулуми ги правеле за нашите најголеми верски празници.Уште од турско им останало на божиќ или велигден да направат зулум колку христијаните да не можат да слават него да тажат.И децата ги убија за велики петок на смилковско.Џабе ахмети не испрати божиќна честитка само кон албанците христијани и изрази радост дека за прв пат албанец христијанин има во македонското собрание.Тоа е таа психичка војна кон македонците што ја воделе на локално ниво и затоа се отселувале,но сега почнуваат на државно ниво заплашувања,оџи се слушаат низ десетици километри...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.571
Поени од реакции
5.147
Очигледно е дека нема да има влада, ДУИ ја виде опасноста од СДСМ па сака да спаси некој политички поен, да се издигне како лидер на албанците.
Се што се бара надвор од рамковниот договор е самоубиство.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Индикативно е што ниту еден владин портал не ја ниту спомна декларацијата на албанските партии. Се однесуваат како да не постои.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Заедничката декларација на Албанците најмногу им брка работа на ДУИ и ДПМНЕ. Се гледа колку се политички неписмени и аматери лидерите на Беса и Алијанса на Албанците, бидејќи заедничка декларација и обединување на албанските партии му одговараше само на Ахмети за да се испере од крахот на овие избори.

Не само тоа, туку човекот се претстави како лидер кој ги собира албанските лидери на една маса и постигна заеднички договор. Како нокаут денеска самостојно ја презентираа заедничката декларација.

Што би рекле во маалски муабет "ги тепаше на искуство".

Со ваква декларација ќе биде тешко да се формира влада со која било македонска партија, што значи дека за брзо би имале пак избори на кои поверојатно би се гласало на етничка и националистичка основа. Тука ќе поентираат ДУИ и Дпмне. Ќе ги палат народните маси со национализми ветер и магла, едниве ќе се бореле за поголеми права, другиве ќе ја бранеле државата од албанците, ќе се користи истата реторика како последниве десет години со други зборови леб и игри.

Ќе видиме од понеделник. Мене ми изгледа дека нема да се формира Влада.
Да, во основа декларацијата е голема победа на Аљи. Не знам колку им брка работа на ДПМНЕ, но на ДУИ дефинитивно. Беса и АНА многу би изгубиле на евентуални повторени избори, затоа што сега Аљи повторно го грабна знамето на национализмот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom