Заедничката декларација на Албанците најмногу им брка работа на ДУИ и ДПМНЕ. Се гледа колку се политички неписмени и аматери лидерите на Беса и Алијанса на Албанците, бидејќи заедничка декларација и обединување на албанските партии му одговараше само на Ахмети за да се испере од крахот на овие избори.
Не само тоа, туку човекот се претстави како лидер кој ги собира албанските лидери на една маса и постигна заеднички договор. Како нокаут денеска самостојно ја презентираа заедничката декларација.
Што би рекле во маалски муабет "ги тепаше на искуство".
Со ваква декларација ќе биде тешко да се формира влада со која било македонска партија, што значи дека за брзо би имале пак избори на кои поверојатно би се гласало на етничка и националистичка основа. Тука ќе поентираат ДУИ и Дпмне. Ќе ги палат народните маси со национализми ветер и магла, едниве ќе се бореле за поголеми права, другиве ќе ја бранеле државата од албанците, ќе се користи истата реторика како последниве десет години со други зборови леб и игри.
Ќе видиме од понеделник. Мене ми изгледа дека нема да се формира Влада.