Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

WAT?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Официјални албански радикални барања против Македонска државност и јазик. Ајде сега сите да се запишете на курс по албански јазик. Во спротивно сите ќе летате од работа. Благодарење на Зеев.
http://plusinfo.mk/vest/100980/baranja-na-albanskite-partii-debata-za-drzavnite-simboli-usvojuvanje-rezolucija-za-genocid
Касниш брат, отиде тој воз

 
D

Darko_ufo

Гостин
Официјални албански радикални барања против Македонска државност и јазик. Ајде сега сите да се запишете на курс по албански јазик. Во спротивно сите ќе летате од работа. Благодарење на Зеев.


Барања на албанските партии: Дебата за државните симболи, усвојување резолуција за геноцид

На листата е и барање за употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта, промена на Уставот, усвојување на резолуција за спорот со името.

Плусинфо ● 13:24 07 јануари 2017 ● Прочитано 462
Албанските политички партии во Македонија ја усвоија заедничката платформа. Ја пренесуваме во целост платформата потпишана од Демократската унија за интеграција, Коалицијата Преродба со БЕСА и Алијансата за Албанците

1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

• Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

• Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија".

• Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

• Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

• Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
• Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
• Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
• Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

• Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
• Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди.
• Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

• Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
• Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

• Усвојување Заедничка и Обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
• Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите

• Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
• Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
• Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

• Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на Албанските Парламентарни Партии.

Тркалезната маса на Албанските Парламентарни Партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции.

Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.



http://plusinfo.mk/vest/100980/baranja-na-albanskite-partii-debata-za-drzavnite-simboli-usvojuvanje-rezolucija-za-genocid
Pa da tepase gospodinot Nikola so 63 pratenika sega predavnikot Zaev ke bese vo zatvor slava mu na Aleksandara
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не се секирaјте, сегa Грујo ќе нaпрaви кoaлицијa сo Љубе и негoвите 15 прaтеници и сo Али aмa тoa декa мoрa не декa ќе му дaде нештo. Нa oвие избoри не се смени ништo, Грујo и дa сaкaше пoдoбрo не мoжеше дa нaпрaви. А и лoкaлните ќе му се oлеснети зaрaди кoaлицијaтa сo Љубе и силнaтa влaдa штo ќе јa имaaт. Штo aкo не oсвoил 63 прaтеници, пaк ќе имa aпсoлутнa влaст.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не се секирaјте, сегa Грујo ќе нaпрaви кoaлицијa сo Љубе и негoвите 15 прaтеници и сo Али aмa тoa декa мoрa не декa ќе му дaде нештo. Нa oвие избoри не се смени ништo, Грујo и дa сaкaше пoдoбрo не мoжеше дa нaпрaви. А и лoкaлните ќе му се oлеснети зaрaди кoaлицијaтa сo Љубе и силнaтa влaдa штo ќе јa имaaт. Штo aкo не oсвoил 63 прaтеници, пaк ќе имa aпсoлутнa влaст.
постот двојазично да го напишеш
вежбај се, ќе ти треба
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Салафистичките џамии во Германија ќе ги затвораат. Тоа кај нас е невозможно. Зарем Груевски ќе ги враќа после парите на катарските салафистички властодршци?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Салафистичките џамии во Германија ќе ги затвораат. Тоа кај нас е невозможно. Зарем Груевски ќе ги враќа после парите на катарските салафистички властодршци?
Друже ти како расипана грамафонска плоча си, Груевски па Груевски. Алооооооо албанскиот електорат од денеска официјално побара да се федерализира Македонија. Со ова темпо без држава ќе останеме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.222
Мислам дека никој нема да ги прифати точкиве,и пак ќе има избори :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Друже ти како расипана грамафонска плоча си, Груевски па Груевски. Алооооооо албанскиот електорат од денеска официјално побара да се федерализира Македонија. Со ова темпо без држава ќе останеме.
Да не е Божиќ ќе ти кажев нешто подобро, но:

Кој го држеше едниот албански субјект у скут, а другиот верен до гроб?
Кој ги вадеше судиите од џеб и која партија ја приватизираше полицијата?
Кај кого завршија сите наши пари?
Кој штелуваше избори?

т.е.кој ја држеше апсолутната власт овие десет години?

сигурно нема одговорност да барам кај Титови Леви Сили, за се што се деси овие десет години
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Албанските партии со вакви мегаломански барања само му прават услуга на Груевски. Ќе им се удри од глава овој меч со две острици со кој ни замавнуваат. Дури и во нивните највлажни соништа не верувам дека гаат илузии дека ќе прават коалиција со СДСМ, зашто таа чорба е веќе надробена од ДУИ пред 8 години и во моментов ДПМНЕ, колку нам да не ни се допаѓа тоа, е легитимен претставник на македонското гласачко тело и би било многу тешко, да не кажам невозможно, да го игнорираат тоа.

Зборувајте ми за граѓанството на Албанците и нивната моралност и слично. Позитивно е што се фрлија картите на маса, конечно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Има доста работи кои велат дека е невозможно ДУИ да влезе во коалиција со Груевски, а исто така има доста работи кои велат дека е невозможно ДУИ да влезе во коалиција со СДСМ.

А сепак со некој ќе влезе. Некој од овие двајца ќе треба да се испазари за подобри услови со ДУИ. Секако дека максималистичките барања на Албанците се почетна висока цена во пазарењето, чии резултати и финален договор е возможно да бидат едни под маса, а други за јавноста, која би добила срочено нешто во годишноодморскиот стил на господинот премиер Никола Груевски: - Срочите тоа некако, ама да биде округло па на ќоше.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Има доста работи кои велат дека е невозможно ДУИ да влезе во коалиција со Груевски, а исто така има доста работи кои велат дека е невозможно ДУИ да влезе во коалиција со СДСМ.

А сепак со некој ќе влезе. Некој од овие двајца ќе треба да се испазари за подобри услови со ДУИ. Секако дека максималистичките барања на Албанците се почетна висока цена во пазарењето, чии резултати и финален договор сосема е возможно да бидат едни под маса, а други за јавноста, која би добила срочено нешто во годишноодморскиот стил на господинот премиер Никола Груевски: - Срочите тоа некако, ама да биде округло па на ќоше.
За главните работи нема да се ценкаат, двојазичност федерализација и по пола буџетот.
Ќе се поценкат за некое министерско или директорско место.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Ќе се поценкат за некое министерско или директорско место.
Местата во администрација се распределуваат сега, но се ефектуираат после. Измеѓу, како што чувме во неколку наврати, обично Груевски дава нешто што ние го викаме национални интереси, а заузврат ДУИ му дава нивни слотови у администрација, кои и така они немаат со кои кадри да ги пополнат.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Местата во администрација се распределуваат сега, но се ефектуираат после. Измеѓу, како што чувме во неколку наврати, обично Груевски дава нешто што ние го викаме национални интереси, а заузврат ДУИ му дава нивни слотови у администрација, кои и така они немаат со кои кадри да ги пополнат.
сега не се обични времиња
Договорот со ДУИ значи спас од обвиненија истраги судења затвори одземања на имоти....
и едните и другите го знат тоа. Вреќа брашно денес кошта 1000 денари, во војна 6000
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom