Албанските партии со вакви мегаломански барања само му прават услуга на Груевски. Ќе им се удри од глава овој меч со две острици со кој ни замавнуваат. Дури и во нивните највлажни соништа не верувам дека гаат илузии дека ќе прават коалиција со СДСМ, зашто таа чорба е веќе надробена од ДУИ пред 8 години и во моментов ДПМНЕ, колку нам да не ни се допаѓа тоа, е легитимен претставник на македонското гласачко тело и би било многу тешко, да не кажам невозможно, да го игнорираат тоа.
Зборувајте ми за граѓанството на Албанците и нивната моралност и слично. Позитивно е што се фрлија картите на маса, конечно.