Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Види, според мене Албанците и Бугарите биле јунаците на втора светска војна. Пошто секогаш која страна и да ја одберат ... пропаѓа.
Како бе пропаѓа, па на Америка супер и оди во последно време...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.577
Поени од реакции
5.169
Окупирани од Германците? Јас колку што знам кога има окупација се праќа војска и се води војна. Која година е водена војна за окупација на Албанија од страна на Германија ? Кои се битките во таа војна и колкави загуби имала Албанската војска во таа војна ?
Има и други видови окупации преку кои се онеспособува држава, знаеш невладини, сорос...[DOUBLEPOST=1483602126][/DOUBLEPOST]
Ај не мрчи,дури на косоварите им дозволија да се лекуваат во македонски болници а осигурувањето им важи исто како да се македонски граѓани.
И за ромите,кога планирате да им дозволите да се вратат во косово?Уште се водат како избеглици од '99.
Косоварите плаќаат како приватно, си бил некогаш во болница? или во црква те лечат твоите...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.577
Поени од реакции
5.169
Националистички се? Па јас не видов ниту една критика од Албанец дека се.
На поверпоинт да не треба некој да ти презентира критики?
Толку голем удар примија Турците, што на Албанците им стана жал, па се исламизираа од грижа на совест.
Толку биле окупирани, што од маки го создадоа Бали Комбетар и колеа се што е Христијанско.
Ама Германците ги натераа, а они не сакаа.
Сите балкански народи се исламизираа еднакво, ама некои ги избрка, убиваа свои сонародници само затоа што се муслимани, албанците немаа таква криза на идентитет.
Сега со Американците, некои го викаат благодарност а некои...
Некои бацуваат рачиња ама тоа е, животот е суров...
 
M

macgowan

Гостин
Остајте ги швабите рајат и кој бил сојузник и душман, имаме поважна работа.
Не знам шо пишува во `Great again` големиот мислител св.Доналд за палењето оган за коледе.
Се задумав дали да палиме оган в мала оти се јавија од еден од столбовите на груевизмот, пресветата античка македонска православна црква и рекоа ЊЕТ за палењето дрва оти башка шо е паганство и нехуман акт е и еколошки неподобна работа! Аирлија, сета да е!
Дали чедата на ќосето и александро вечер ќе ги послушаат милозвучните думи на верските лидери е прашањето сега. Некои од нив не се алергични и не кашлаат па гледам од вчера дрва береа за паганизми вечерва!
Свети Доналде, помагај![DOUBLEPOST=1483605972][/DOUBLEPOST]
Среќа што не излегоа у етер од прв крак порњавите. Илче does Dallas :D
Не е точно. На Халкидики се одеше за лечење на тегобите со дишните патишта, кашлањето, алергиите. Јодот помага.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не знам за бројот на косовски доселеници во МК, но таа појава масовно започнува после скопскиот земјотрес 1963 г. кога Скопје е прогласен за „отворен град“.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не знам за бројот на косовски доселеници во МК, но таа појава масовно започнува после скопскиот земјотрес 1963 г. кога Скопје е прогласен за „отворен град“.
Ако толку масовно се населиле од Косово како тоа и во Косово масовно да расте број на Албанците? Од каде таму се населувале?
Шо е то отворен град, шо точно значи и низ кои законски акти тоа се гледа?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
-И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба. Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет на албански јазик – Штуловиот универзитет и до денес го поддржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање. Згора на тоа, поддржавме уште еден нов универзитет, кој ќе биде доминантно на албански јазик во Скопје, а ќе се учи и на македонски и на албански јазик, Универзитетот „Мајка Тереза“, вели Груевски.

Кои затвореници? Градоначаниците на Тетово и Гостивар? Да тоа е точно после 2-3 години затвор ги ослободија како гест на добра волја со кој се смирија страстите и меѓуетничките односи се подобрија, се додека не се увезе криза од Косово и тоа беше добар потег. Законот за знамиња го донесе СДСМ со ДУИ во 2005 година. СДС донесе одлука (1997) да се симнат знамињата во Гостивар и Тетово откако два три месеци си стоеа тие знамиња пред општините и имаше притисок од цела јавност да се тргнат. Неколку пати активисти од МААК мислам ги симнуваа насилно ама пак се враќаа знамињата. Немам замерки за полициската акција во 1997 иако некои зборуваа за полициска бруталност (кога не). Тетовскиот универзитет беше оставен да функционира а после 2002 СДС им го легализираше (каква иронија). Значи има ситуација кога два пати гинеле луѓе за нешто а истата партија неколку години подоцна ги легализира тие работи (тет. универзтитет и знамињата) ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет (приватен) на кој се учеше на албански и македонски. Целта беше да се неутрализира Тетовскиот универзитет со универзитет кој ќе задоволува некакви стандарди. Како што кажав неколку години подоцна наместо Штуловиот да стане државен (ако веќе морало некој да биде државен) СДС го одбра тетовскиот. Универзитетот Мајка Тереза ќе биде создаден со истата цел - да имаме државен универзитет на албански во кој државата ќе има некаква контрола на студентите албанци и професорите албанци во Скопје(за разлика од тетовскиот кој е финансиран од буџет а никој нема поим што се случува таму со години).
На овие глупости од СДС додади ја територијалната поделба, заебанциите со Красниќи кој го држеше Скопје под опсада два месеца и еден куп други глупости. Никој не вика дека ВМРО има тврд став кон албанците ама нивниот став е неспоредлив со тој на СДС особено со СДС денес кој во своите редови има албански националисти како пратеникот од СДС мУхамед зекири. Не знам дали ја прочита неговата изјава вчера? Груевски ќе одговорал за Монструм, Бродец, Сопот, и за сите затворени албанци. Каков малоумен албански шовинист. Во неговата тиква вахабистичка секој албанец е невин и не постојат насилни албанци а полицијата не смее да спроведува полициски акции во "албански" населени места.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Ако толку масовно се населиле од Косово како тоа и во Косово масовно да расте број на Албанците? Од каде таму се населувале?
Шо е то отворен град, шо точно значи и низ кои законски акти тоа се гледа?
Како да не знаеш дека они прават по 10 деца.

Битола ти е пример за отворен град, сите села се преселени во Битола (освен Новаци и Могила), а во поново време сите се иселуваат и од Битола!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Како да не знаеш дека они прават по 10 деца.

Битола ти е пример за отворен град, сите села се преселени во Битола (освен Новаци и Могила), а во поново време сите се иселуваат и од Битола!
То кажи му го на Ѓорѓија
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Ти почни со докази да разговараш во спротивно мавни се одовде. Докази за тоа што го пишуваш имаш?

Прашај го Грујо кои затвореници, негово е мега интервјуто. Прашај го и дали е алергичен на нешто. А за случаите што си ги пишал допрва ќе ти се разјасни, немој да исчезнеш ко глушец само. Бидејќи во твојата тиква малоумна сите Албанци се виновни, а Македонците се најмирни на свет.
Интервју?!

Тоа е лижење!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ти почни со докази да разговараш во спротивно мавни се одовде. Докази за тоа што го пишуваш имаш?.
Зборувам општо познати работи, ако не ги знаеш, распрашај се. А ако не сум во право, слободно напиши зошто. Не сум против нормална дискусија. Навредив ли некого?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Зборувам општо познати работи, ако не ги знаеш, распрашај се. А ако не сум во право, слободно напиши зошто. Не сум против нормална дискусија. Навредив ли некого?
Многу пати. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom