Ова ти го кажал некој голем батко во теретаната, а тој го дознал од друг голем батко попатно додека другиот голем батко му кажувал во кои денови и како да се боцка за да стане голем....
Реалноста е дека не постојат доволно истражувања кои ги покажуваат бенефитите на глутаминот кај просечни луѓе (просечни вежбачи), постојат истражувања кај професионални атлети, луѓе кои имаат тешки кардио тренинзи, луѓе кои имаат тешки тренинзи за сила и експлозивност или пак болни лица од ХИВ, рак, изгореници и таквите истражувања покажуваат дека глутаминот го забрзува опоравокот кај таквите личности.
Кај обичните луѓе бенефитот од глутаминот не е нешто посебно изразен, барем од истражувањата што јас ги имам сретнато и неопходноста да се внесе орално глутамин кај таквите е под знак прашалник.
Дури и дозирањата се прилично различни при различни истражувања, имам сретнато дека оптимални дози се 0.3 грама по кг, други 1.5-4.5 грама по килограм телесна тежина и тн и тн.
Заклучок: не постои начин како може да провериш дали глутаминот е добар или не во домашни услови, а не сум сретнал ни дека некоја компанија има извадено официјални истражувања дека нивниот глутамин навистина делува онолку колку што прикажуваат по рекламите и онака како што ги фалат нивните заштитни лица т.е профи билдерите кои ги гледаш на youtube, исто така и потребата од неесенцијална аминокиселина како глутаминот во дополнителни количини кај просечен вежбач е повторно под знак прашалник.