1. Во што се состоело знаењето? Посочи стих кој јасно покажува кое знаење било скриено во забранетото воќе.
2. А пред да им се отворат очите, очите им биле затворени. Посочи стих кој вели дека очите им биле затворени. Срамот и стравот се појавиле како последица од гревот и сами по себе не се никакво знаење, туку душевна состојба.
22. И рече Господ Бог: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!”
Ако Адам и Ева знаеле да разликуваат добро и зло, тогаш оваа изјава е бесмислена и апсурдна.
Кон Битие 3.5; ѓаволот ги намамува Адам и Ева, но никаде не им кажува во што се состојат „доброто„ и “злото„, Посочи ми стих кој јасно говори што е „добро„ а што е „зло„.
Никаде не е спомнат никаков ѓавол, тоа е ваше толкување. Во што се состојат доброто и злото е јасно нагласено во Битие 3:7 и во Битие 3:10.
Кон Битие 3.22: Бог само го повторува она кое на Адама и Ева веќе им било укажано како последица од вкусувањето на забранетото овошје, но Бог не ни кажува во што се состоеле штотуку „откриените„ „добро„ и „зло„. Посочи ми стих кој јасно говори што е „добро„ а што е „зло„.
Апсурдно е и бесмислено да казниш некого затоа што не те послушал, ако свесно и намерно си му ускратил способност да распознава добро и зло.
Наведи ми Библиски стих за рецептот за сарма со лозов лист.
Значи ако нема рецепт за сармата во библијата, нема ни сарма?
Адам бил гол и пред да згреши. Посочи ми стих кој вели дека Адам бил облечен пред да види дека е гол. Адам се уплашил и скрил откако згрешил, а не пред да згреши. Стравот и срамот не се никакво знаење. Посочи ми стих кој јасно укажува дека срамот и стравот се исто што и „добро„ и „зло„.
Зошто тогаш се нагласува срамот од голотијата и стравот, токму одкако јаделе од дрвото за спознавање на доброто и злото?
6. И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање,
и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
7.
Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
Дрвото не им дало никакво сознание за страв и срам туку ти си толкуваш, вадејќи мудри мисли од вакуум простор. Посочи ми стих кој вели дека „срам„ и „страв“ се спознанија за „добро„ и „зло„.
Значи ти тврдиш дека библијата лаже:
Битие 3:
10. А тој одговори: „Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па
се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.”
11. И Господ рече: „Кој ти кажа дека си гол?
Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?”
12. Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти,
таа ми даде од дрвото, и јас јадев.”