Ахмети истакна дека ДУИ внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат во блиска иднина, земајќи ги предвид создадените околности, додаваат од партијата.
- Тешките одлуки се однесуваат на коалицирањето односно што добива а што губи дуи во случај на коалицирање со сдс а што со вмро. И на него му е јасно дека неговите хендлери од циа и нивни блиски соучесници од некои европски структури си имаат нови деца (БЕСА и Алијанса) и негоиот рок на употреба поминал, за што дури и да имал малку дилеми, на 11 декември му ги отстранија (70к албаснки гласови токму од кај него ги земаа и ги префрлија кај заев). Свесен е дека за него нема назад, но бидејќи во моментов кај него е клучот за правење влада и плус што за малце не им излезе инженерингот за сдс да тепа директно, сега повторно, за последен пат им е потребен на истите тие структури. Во случај да ги послуша и да не коалицира со вмро, ризикува со веќе извесни барем уште 3-5 пратеника помалку на следни избори кои би отишле на контото на БЕСА или Алијанса, да остане со прст у уста кога на следните избори не би бил значаен фактор и може да се стави во шах-мат позиција кога вмро би освоил голем број пратеници и воопшто нема да го есапи за у коалиција, што ќе значи и дефинитивен негов крај кој би си го заковал уште сега. Од друга страна, ако коалицира со вмро, ризикува дури и физичка ликвидација од тие структури а ако не физичка ондак секаква друга (политичка или правна преку СЈО, не заборавајте неколку пати беше опоменувам со снимките за Муса и Ермира). Но во овој случај, може да купи време да се подповлечат тие структури, да се сменат многу политики во европа (идат избори на секаде во Европа следната година) и да си обезбеди подолга политчка кариера преку тоа што на следни избори кога вмро ќе обезбеди многу пратеници, да има сигурна комбинација за влез во Влада. Тоа ќе му даде и доста време да ги држи под контрола и неговите џелати од Беса и Алијанса но и доста време за да ја врати довербата кај тие што сеа се шитнаа, докажувајќи им дека биле прелажани од бившите команданти на УЧК кои му го свртија грбот и од заев и остали. Сепак велам, само ќе му даде можност, а како и дали ќе ја искористи останува прашање. Како и да е, оваа вторава варијанта му ветува подолго останување на политичката сцена и во услови кога сигурно нема да биде победник кај албанскиот блок.
Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и
транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста, велат од ДУИ.
- Со овие пораки се доближува до своето гласачко тело, на кое заев желботеката им ги крена амбициите до небо. Сега и Ахмети е приморан да го ветува у најмала рака истото. Претходно објаснив што секој од овие „приоритети“ значат, но овој болдираниов е најопасниот. Зошто? Во превод, тоа значи судските постапки против терористите и против заев да добијат „транспарентна“ завршница во корист на циа и останатите инволвирани со која би се „докажала“ нивната неинволвираност. Опасна игра која повеќе од сигурно ќе доведе до немири од огромни размери. Неповратни последици...
ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња. Ахмети зборуваше и за потребата за подготвување и одобрување на заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии и ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива, порачуваат од ДУИ
- Оваа „иницијатива“ познато е дека не е ниту на дуи, ниту на ахмети ниту на Села ниту на БЕСА ниту на заев...оваа е добро познатата „голема албанија“ спакувана во дипломатски речник. Само што веќе не е толку спакувана. На пилците им е јасно дека албанците не прават етничка платформа за подобар живот во македонија ниту за подобар живот на македонците. Исклучителна важна е оваа иницијатива за циа и нивните структури (кои се повеќе од свесни дека помина нивното време) за контрола на Балканот. Во случај тоа да не можат да го остварат, секогаш бек-ап варијантата се албанските екстремисти и терористи кои наскоро ќе бидат појачани од исламските радикали кои се враќаат од Сирија и Ирак. Во случај албанските политички партии (тука мислам и на сдс) да излезат со заедничка платформа која значи директно уништување на Македонија, реално и природно е да се очекува дека и македонците ќе се групираат во етнички блок на кој блок ќе се приклучат сите други малцинства освен албанците, и ќе добиеме ситуација на класична етничка војна. Е сеа, 15% албанци наспроти сите други во македонија и 4-те милиони албанци и муслимани наспроти 27-те милиони христијани...не е светла иднината за нив во такви околкности...иако и ние ќе претрпиме огромни загуби и ќе изгубиме заедно со овие веќе 2ипол години, едно 4-5 години во кризи и војни, ќе издржиме...и ќе му се заблагодариме на заев за „интересните времиња“ и значајни животни искуства и лекции кои повторно македонскиот народ ќе мора да ги научи на потешкиот начин.