Ама еве, да ги оставиме на страна тие анимирани кои фураат такви сериозни теми, како што ти викаш (веројатно алудираш на феноменалниот The Red Turtle кој несомнено е еден од најдобрите годинава, но во друг ранг со овие, американскиве). Да ги оставиме на страна и тие кои имаат феноменални рецензии и огромни оценки, па заради тоа сите „ги сакаат“. Еве, земаме само две филмчиња кои влегуваат во иста категорија како и The Secret Life of Pets, како што ти викаш (значи филмчиња со не така добри оценки, со не така одлични рецензии и кои се даааалеку од освојување на Оскар, а и двата се исто така од 2016). Ги земам за пример само
Snowtime! и
Storks - и едниот и другиот се многу подобри од The Secret Life of Pets кој некако делуваше како рециклиран производ на старите филмови на Illumination и со многу „крадени“ идеи и од другите студија, во кој не видов буквално ни една оригинална фора и кој ме остави со „пааа, добро“ израз на лицето по гледањето.
Snowtime! и
Storks делуваа многу посвежо, пооригинално, повеќе успеаја да ме орасположат, да ме насмеат (а и да ме растажат на моменти), т.е. повеќе допреа до мене, а верувам повеќе би допреле и до било кое дете.