Здраво,
Имам Fiat Stilo 1.9 JTD дизел и имам два проблеми со него:
1. Премногу тресе (вибрира). Знам дека Fiat возилата се најчесто такви, но ова кај мене е многу тресење.
Тресењето е кога колата е во место и при кумплуг на мала брзина (тргнување). При поголема брзина нема никаков проблем. Лани бев кај двајца механичари и двајцата рекоа дека е некој буфер, си платив 8000ден и го сменив, но ништо не се подобри, дури со тек на време ми се чини дека повеќе се влошува.
2. При понагло забрзување се јавува некој звук како верглање, клопотење најверојатно во моторот, го имам слушнато и кај други автомобили, но не знам баш како да го опишам. Ми препорачаа да земам адитив за прочистување на резервоарот, се става при додавање на гориво. Земав два пати но не се подобри.
Дали некој имал искуство со овие проблеми да даде совет?