Некако коментарот асоцираше дека 2kW ке троши постојано климата, инаку 2kW е релативна работа, многу зависи од моќноста на самата клима, 2 kW ке троши 18ка ( 5.5kW ) клима, ако е 3.5kW од 1.5kW повеќе нема сигурно да троши. Многу од претпоставките се погрешни, ако просторијата е добро изолирана на одржување на 19степени солиден инверте климатизер не треба да троши 800W, и кога ке се покачи температурата на 22-23 нема да качи потрошувачка на 2kW сигурно, ке се зголеми благо бидејки многу полесно и побрзо ке постигне 22-23степени кога почетните се 19 во споредба кога почетните се 14-15.
Тука фалат МНОГУ работи за да се направи попрецизна математика, тоа:
1. колкава е просторијата? Не е исто ако е 25 и 55м2, и за климата и но поготово и за панелката
2. Со колкава моќност е клима уредот. Максималната влезна моќност е различна на 9ка, 12ка и 18ка така да макс потрошувачката може да биде од 1 до 2.3-2.6kW
3. Каква изолација има просторијата ?
4. колкава е Т без никакво греење ? Како што спомнаа претходно ако без греење е 19-20степени тогаш не му треба ниту панелка ниту да ја остава климата вклучена
Да скратиме на муабет и еве да речеме дека ке биде исто, има 3 елементи кои сепак се во предност да не се гаси:
1. Го забораваме делот на акумулираат на топлина на елементите и мебелот во просторијата. Да температурата на воздухот во собата ке биде постигне 22-23степени за ~1час ако била исклучена климата цел ден а потоа се пушти панелка и клима. НО мебел, елементи, ѕидови и се останато во просторијата ке бидат ладни. Ако не се гаси и тие со време од воздухот акумулираат топлина и стануваат поеќе или помалку потопли.
2. Треба да се замараш со палење гасење на панелката, едноставно обврска повеќе, некогаш ке заборавеш да ја исклучеш после ~1 час па ке потроши многу повеќе од претходната заштеда, како што пишав сепак е обврска.
3. Треба да инвестираш финансии за панелка и во простор и за складирање во лето и за поставување во зимо, односно ова има далеку помала практичност.
Инаку пак од мое лично искуство има 2 интересни ситуации на темава:
1. Во продавница кај нас 2 сезони се греевме на клима + панелка со гасење на клима навечер. Ефектот беше ни студи преку зимо поготово најладниот месец, истовремено панелката работеше преку целиот ден додека работеше и продавницата ( ако ја изгасивме измрзнавме ), и на крај имавме ВИСОКИ сметки за струја. Минатата година и оваа, климата не се гаси само се намалува Т кога не работи продавницата вклучуваќи и недела и празници. И 3 дена да не работи продавницата, климата е вклучена и одржува 19степени. Панелката е комплетно исфрлена и немаме никаква потреба од нејзе бидејќи е нормално топло и најбитно сметките се намалија за многу во споредба со претходните години кога користевме панелка. И сето ова е со on/off клима на VIVAX.
2. Дома, 48-50м2 со 18ка VIVAX ( имам видео некаде назад од климата ) во зимо ( крај јануари-почеток февруари ) значи едни од поладните денови во годината период кога одиме комплетно на скијање 5-10дена, клима уредот не го гасиме, вклучен е да одржува 18-19 степени. Лани вградив WiFi на климата и ајде за проба ја исклучивме со идеја 12-24 часа пред да се вратиме преку WiFi да ја активираме. Е сега кога се вративме, едно добри 4-6 денови неможевме да се стоплиме иако климата беше вклучена 24/7 на 26степени со турбо првите денови, едноставно целиот мебел, под, ѕидови и останати елементи беа камен ладни, не дека кога е вклучена да одржува се супер топли ама далеку потопли од тогаш. Иако немам претстава дали повеќе или помалку не чинеше тоа бидејќи имавме и многу други елементи кој се променија од претходната година па да имам приближно точна математика сепак мислам дека заштедата што не работеше 6 дена ја дадовме во наредните 10 и сум сигурен дека ни беше ладно барем 4-6 денови.
Така да овие 2 лични искуства мене ми кажуваат дека оставањето на клима уред да работи 24/7 е попаметна и поекономична работа.
Сега сепак секоја просторија и намена е различна така да има повеќе или помалку варијации.
П.С. Волку долг текст не сум пишал никогаш