Хорор филмови

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.104
Поени од реакции
16.006
Филмот не е добар, а шаманот не личи на Аца Лукас, само се понаша ко Аца Лукас. И тоа сум го зборел, не е филмот лош пошто ми смета толку тој менталитет што го имаат Јапанци и Корејци, а ги прави да се понашаат сумњиво и сумњиво да покажуваат емоции, сум гледал доста јапански хорори иако не сум гледал корејски и не можам да зборувам толку за тоа, јасно ми е дека тоа се културолошки разлики и не можам да очекувам да глумат ко западњаци, туку е лош пошто реални ликови коишто немаат даунов, никогаш нема да реагираат во една ситуација така ко што реагираa Хери и Лојд (двајцава цајкани). Плус филмот има еден куп неконзистентности у плотот. Ако сакаш можам да ти ги редам еднa по еднa.
Еве го Каидан, филмот го има истиот тој шаманско спиритистички муабет и тоа јапанско театрално изразување на емоции, а е ненормално добар, да не мислиш дека серам за филмот поради таа причина.
Поради некоја чудна причина, мене таа сумњивост на покажување на емоции и несфатливи облици на однесување и реагирање за наши стандарди - на Јапонците и Корејците, мене ми се симпатични. The Wailing не ми е наивен поради таа причина, колку поради несфатливата глупост на џандарон и цела таа непотребна завера од страна на лошиот дух, како и инертноста на добриот итн. Баш тие детали во причата - кои го сочинуваат и прават филмот, како да фалат.

Во глобала е добар и ги има сите потребни елементи за добар хорор (духови, надреално, магии, проклетства и слично). Посебно ми се допадна последната сцена, кога трансформира во демон, Ѓавол или што и да е, и така убаво ме возбуди и наежи.

Глеј го I saw the Devil, не е хорор, али мене ми е омилен корејски филм ( ова во контекст на муабетот за корејскиот менталитет итн. ).
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Последно уредено:

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.670

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Го гледав, ама не го догледав XD

Да крајот беше просек, али генерално одличен филм, осетив елементи Giallo моменти - морбидност.
 
B

Blade Torch

Гостин
Аутопсијава :cuc:
Да не цепидлачиме, одличен. 8 од 10.
Можело и во 2016та добро нешто да се извади значи :cuc:
П.с песната :свиркам:
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.460
Поени од реакции
9.379
Аутопсијава :cuc:
Да не цепидлачиме, одличен. 8 од 10.
Можело и во 2016та добро нешто да се извади значи :cuc:
П.с песната :свиркам:
Што толку па за 8?
Имаше моменти, убава атмосфера, првата половина беше топ, напнато, те држи заинтересиран, ти работи мозок вака е, онака е и завршува сто пати поглупаво од она што си го мислел. Од мене само 5.
Како умрела мајката на дечково, како наеднаш само со еден број им текна на цела една теорија, што беше финтата со телата што сакаа да ги убијат, зошто стариот умре и се појави на синот, а девојкава ни еднаш не стана, зошто полицијата толку мирно ја прифати ситуацијата на крај со оглед на тоа што им бил пријател и рече нешто во стил ништо не е како што изгледа?
Како се десиле сите тие работи со девојката? Кога ќе му направат аутопсија на стариот и за него ќе биде дека бил вештер од некое минато што ќе го откријат по една бројка? Има докази дека постоел за разлика од оваа. Зошто одлучила нив да им покаже како се осеќала и баш нив да им се одмазди? Без причина, онака случајно зошто во тој момент таму се нашла? Што беше финтата со крајот кога мрдна палецот, ако веќе духот влезе во стариот? И што беше финтата воопшто со крајот? Што беше тоа во филмот што те натера 8 да му дадеш? :P
 
Како се десиле сите тие работи со девојката? Кога ќе му направат аутопсија на стариот и за него ќе биде дека бил вештер од некое минато што ќе го откријат по една бројка? Има докази дека постоел за разлика од оваа. Зошто одлучила нив да им покаже како се осеќала и баш нив да им се одмазди? Без причина, онака случајно зошто во тој момент таму се нашла? Што беше тоа во филмот што те натера 8 да му дадеш? :P
Нелогичности секаде ќе најдеш, во филмов не ми пречеа до тој степен да го омаловажувам неговиот квалитет. Башка хорор е де. Не може оцена испод 7 на овој филм, ти 5 му даде на глупион ouija :). Не оди тоа така. Филмов има сцени што ќе се паметат. Атмосфера, музика на место.

За теории не читаше после на нет? Јас одма на тоа се фрлив.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.460
Поени од реакции
9.379
Нелогичности секаде ќе најдеш, во филмов не ми пречеа до тој степен да го омаловажувам неговиот квалитет. Башка хорор е де. Не може оцена испод 7 на овој филм, ти 5 му даде на глупион ouija :). Не оди тоа така. Филмов има сцени што ќе се паметат. Атмосфера, музика на место.
Што има врска што е хорор? И не е филмот само атмосфера и музика. И затоа што е само атмосфера полна со нелогичности, затоа е 5 а не 8.
 
B

Blade Torch

Гостин
Што има врска што е хорор? И не е филмот само атмосфера и музика. И затоа што е само атмосфера полна со нелогичности, затоа е 5 а не 8.
Оди на имдб и читај, може ќе добиеш одговор на некои прашања.
За хорор не можеш да не си подопустлив, и да, тензијата ако е на ниво, тоа е тоа. Ако филмот те вози, режисерот ја завршил работата. Ако направил филм со табла која мрда со 3 џампскерс во 90 минути, заебал.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.136
Што толку па за 8?
Имаше моменти, убава атмосфера, првата половина беше топ, напнато, те држи заинтересиран, ти работи мозок вака е, онака е и завршува сто пати поглупаво од она што си го мислел. Од мене само 5.
Како умрела мајката на дечково, како наеднаш само со еден број им текна на цела една теорија, што беше финтата со телата што сакаа да ги убијат, зошто стариот умре и се појави на синот, а девојкава ни еднаш не стана, зошто полицијата толку мирно ја прифати ситуацијата на крај со оглед на тоа што им бил пријател и рече нешто во стил ништо не е како што изгледа?
Како се десиле сите тие работи со девојката? Кога ќе му направат аутопсија на стариот и за него ќе биде дека бил вештер од некое минато што ќе го откријат по една бројка? Има докази дека постоел за разлика од оваа. Зошто одлучила нив да им покаже како се осеќала и баш нив да им се одмазди? Без причина, онака случајно зошто во тој момент таму се нашла? Што беше финтата со крајот кога мрдна палецот, ако веќе духот влезе во стариот? И што беше финтата воопшто со крајот? Што беше тоа во филмот што те натера 8 да му дадеш? :P
Па убиствата во куката чиви дела беа, да не дојде дедо мраз и ги уби ?
И крајот со стариот она се обновуваше од неговото тело, а не дека духот нејзин влегол во него.
И ред други ти дефинитивно не си го сватила филмов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom