Најнов update на ситуацијата и проблемите со Gree Hansol.
Високата потрошувачка на Gree Hansol од околку 3200 денари за месец ноември за греење на околку 22 квадрати дневен престој со кујна се потврдиле со сметката за месец ноември која била за околку 3500 денари повисока во споредба со октомври.
Заради тоа денеска со другарот правевме експерименти со кои дефинитивно проблемот е во климата која на +2 степени работи со COP од околку 2.
Тој проблемот го има пријавено во Gree но додека да се сервисира климата треба да најдеме некој начин да ја намалиме потрошувачка доколку тоа е можно, бидеќи климата му единствено грејно тело за просторијата, а со ваквата потрошувачка сметка од над 4000 денари за 22квадрати за овој месец не му бега. А јас сум уште повеќе засегнат бидејќи јас го убедував да земее Hansol иако тој се двоумеше помеѓу Fujitsu LUCA или Mitsubishi FH.
Во продолжение е опис на проблемот и тестовите па секоја препорака е добредојдена.
Значи најпрво тој се посомнева дали е можно просторот да има поголеми загуби од пресметаните па климата цело време да работи на повисоко оптеретување. Тој имаше пресметано топлотни загуби од:
3,2KW на -7,
2,4KW на 0,
1,6KW на +7
на +22 внатрешна температура и морам да признаам дека пресметките му беа хируршки прецизни, бидејќи и јас ги добив истоте вредности а и тестирањето покажа дека пресметките се прецизни.
Денес, надворешната температура беше +2. Топлотните загуби на просторијата на оваа температура се 2,2KW при внатрешна температура од 22 степени.
За контрола приклучивме електрична панел од 2,5KW.
Прегледај го приврзокот 161786
Како што може да се види од сликата панелот повлекува 2.470W. За поедноставност земаме дека целата потрошена електрична енегија е претворена по топлинска.
Почетната температура е 19 степени како што може да се види од сликата.
Прегледај го приврзокот 161787
После само 40 минути температура беше зголемена на 22 степени, што значи тие 2.5KW се повеќе од енергијата потребна да се одржува температурата и заради тоа доаѓа до зголемување на температурата како што може да се види од сликата.
Прегледај го приврзокот 161789
Од следната слика може да се види дека панелот константно троши по 2.5KW односно за 40 минути има потрошено 1.8KW.
Прегледај го приврзокот 161791
Значи на просторијата и треба помалку од 2,5KW топлина односно околу 2,2KW за да ја одржува температурата од 22 степени. Ова значи дека Hansol ќе треба да испорачува околку 2,2KW за да ја одржува температурата.
Веднаш потоа го приклучивме Hansol-от кој беше подесен на 22 степени со iFeel а далечинскиот управувач беше поставен на под термометарот. Брзината на издув беше наместена на auto. Мерачот од Anhoch беше ресетиран.
Прегледај го приврзокот 161792
После 50тина минути температурата беше падната за 1степен како што може да се види од сликата. По мое мислење алгоритмот е подесен да работи најблиску до 22 степени.
Прегледај го приврзокот 161794
Моменталната потрошувачка беше нешто над 1KW.
Прегледај го приврзокот 161795
За тоа време климата имаше потрошено 0,8KW односно за 1 час ќе потрошеше 1KW.
Прегледај го приврзокот 161796
Поточно за нешто над 1 час климата имаше потрошено 1,1KW.
Прегледај го приврзокот 161797
За целото време на работењето на климата истата не влезе во дефрост, но 2 пати прекина со работа како on-off клима.
Во исто време не забележавме некое абнормално работење во смисла на зголемување на вртежите на внатрешната и надворешната единица. Бидејќи мерачот од Anhoch нема можност да ја покажува максимално повлечена струја не знаеме дали во овој период има поголеми повлекувања на електрична енергија од неколку пати забележаните 1,1KW.
Во изминатите денови тој експериментирал со брзината на вентилаторот и насоката на издувот но без влијанија.
Значи луѓе давајте предлози и помагајте.