A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
А следствено на ова, квалитетот на каналите треба да биде полош. Се чувствува тоа на сликата и тонот или не?
Па што знам. Еве денес си дојдов од на факултет и прескенирав па немам приметено тоа. Во ред си е. На фб ми рекоја дека ги прошириле можностите. :pos:

Инаку, и Шења е додадена. Уште некоја балканска да додадат Хајат или ХРТ и ќе размислам дали ќе ги откачам.:cool:
 
Кои црни можности :D Тие им се можностите, 3 мултиплекси и толку. Евентуално ако не го земале и 8от па на него да го користат, ама тој мислам дека сеуште не е ни понуден на продажба, а плус тој колку што имам информации се нудеше за локални/регионални канали. :)
Којзнае што направиле, ама обично колку повеќе ставаат канали во мултиплексот, толку полош квалитет треба да даде, освен ако не се премина на DVB-T2 кој има малку повеќе капацитети, но овие абер немаат за мигрирање ...
 
Кој знае што прават. Нека продолжат само да редат нови канали.
 
Кој знае што прават. Нека продолжат само да редат нови канали.
Е да продолжат, ама не оди тоа така, барем за DVB-T/T2 стандардот :)
 
Епа како тогаш додадоја уште 3-4 канали?
Прашања што ме мачат :D Енигма ми е и мене, но како што кажа Марчело, квалитетот се губи.
 
Прашања што ме мачат :D Енигма ми е и мене, но како што кажа Марчело, квалитетот се губи.
Ќе ги прашам баш ме интересира што ќе одговорат.[DOUBLEPOST=1476969187][/DOUBLEPOST]"Имавме надградба на платформата за проширување. Сите канали се со еднаков квалитет."

Вака ми одговорија.
 
Последно уредено:
Moжеби преминале DVB-T2 . Сигурно ќе ги стават сите канали коj ги има Blizoo а ги немаат Boomtv и така да се отарасат од Blizoo a Boomtv конечно да го брендираат како VipTv. Можеби затоа и не го продадоа.

Немам BoomTv нити Blizoo но сепак сакам да знам и за другиве оператори што како имаат па во случај ако сакам да се префрлам одма да си знам што ми нудат.
 
1. За да преминат на втората генерација, тоа чини многу пари и многу голема инвестиција е.
2. Треба сите корисници да ги заменат сажемот со тие новите ресирвери, а знам дека ниту пола од корисниците не ги имаат истите.
3. Владата треба да го задолжи АЕК и/или АВМУ да изврши законски и подзаконски измени и дополнувања за да се изврши преминот, бидејќи ние ја имаме пропишано првата, а не втората генерација за терестријално пренесување на телевизја.
4. Втората генерација не значи дека ќе може да се пренесуваат бесконечно канали, па ајде сите канали од кабелската, да се стават на екс бумот. Втората генерација најчесто овозможува подобар квалитет, но и тук-таму 1-2 HD канали.
5. Екс бумот требаше да го продадат, тоа им е/беше обврска, но зошто не ја спроведуваат таа обврска од КЗК, немам поим ниту пак информации.

И да, не мора да одите премногу далеку за да видите колкави се капацитетите на на DVB-T2 PayTV операторите, доволно е хрватскиот evoTV, кој што е пандан на нашиот екс Бум, само со понапредната верзија на стандардот.
 
Дали тие што ги имаат само македонските канали (На тие што им е купен ресиверот и не плаќаат месечно) на Vip TV Lite (Boom TV) ќе ги имаат Cinestar каналите промотивно до 15 Јануари?
 
Последно уредено од модератор:
Дали тие што ги имаат само македонските канали (На тие што им е купен ресиверот и не плаќаат месечно) на Vip TV Lite (Boom TV) ќе ги имаат Cinestar каналите промотивно до 15 Јануари?
Претпоставувам дека не. Но сепак провери си доколку имаш обичен ресирвер без претплата.
 
Претпоставувам дека не. Но сепак провери си доколку имаш обичен ресирвер без претплата.
а тие што си имаат ресивер но се со претплата само на македонските канали ќе може да ги погледнат Cinestar каналиве? :)
 
а тие што си имаат ресивер но се со претплата само на македонските канали ќе може да ги погледнат Cinestar каналиве? :)
Претпоставувам мислиш на BoomTV Mini пакетот што беше. Не знам, не користам Vip TV Lite екс BoomTV, но провери си, доколку се отклучени и за тебе, тогаш можеш да ги следиш. Но секако, најдобро е да прашаш во Vip на facebook или twitter (овде враќаат најбрзо, барем на мене) или пак на нивниот број 077 1234.

Јас немам таков ресивер,сакав само да прашам за кај баба ми дали ќе ги има тие канали. :D
Те сфатив, но сепак не знам, не сум на претплата за Vip TV lite екс boomTV. Провери, но мислам дека нема да бидат за тие што не се на никаква претплата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom