Moжеби преминале DVB-T2 . Сигурно ќе ги стават сите канали коj ги има Blizoo а ги немаат Boomtv и така да се отарасат од Blizoo a Boomtv конечно да го брендираат како VipTv. Можеби затоа и не го продадоа.
Немам BoomTv нити Blizoo но сепак сакам да знам и за другиве оператори што како имаат па во случај ако сакам да се префрлам одма да си знам што ми нудат.
1. За да преминат на втората генерација, тоа чини многу пари и многу голема инвестиција е.
2. Треба сите корисници да ги заменат сажемот со тие новите ресирвери, а знам дека ниту пола од корисниците не ги имаат истите.
3. Владата треба да го задолжи АЕК и/или АВМУ да изврши законски и подзаконски измени и дополнувања за да се изврши преминот, бидејќи ние ја имаме пропишано првата, а не втората генерација за терестријално пренесување на телевизја.
4. Втората генерација не значи дека ќе може да се пренесуваат бесконечно канали, па ајде сите канали од кабелската, да се стават на екс бумот. Втората генерација најчесто овозможува подобар квалитет, но и тук-таму 1-2 HD канали.
5. Екс бумот требаше да го продадат, тоа им е/беше обврска, но зошто не ја спроведуваат таа обврска од КЗК, немам поим ниту пак информации.
И да, не мора да одите премногу далеку за да видите колкави се капацитетите на на DVB-T2 PayTV операторите, доволно е хрватскиот evoTV, кој што е пандан на нашиот екс Бум, само со понапредната верзија на стандардот.