Дојдоа ја заменија надворешната единица и пак еве сега е -2 степени климата си работи не е дефект но наместо топло она дува ладно напати млако и прави дефрост на секои пола саат.Неможам обична соба од 22 квадрати да згреам а ја платив 25 илјади денари.
Тоа што си ја платил 25к не гарантира квалитет, макар да и цената иако е висока за тој модел сепак се работи за буџет клима. Истата не е со 3.5KW просечна моќност реално туку околу 2.8kW , сепак за просторија од околу 22m2 со основна изолација ( да не фури од секаде би требала да ги загрее.
Има 3 работи кој може се проблем:
1. Дефектна клима - бидејќи ја замениле мала веројатност но сепак внатрешната може да е проблем.
2. Лоша монтажа - не е грешка трета страна да ја провери за секој случај
3. Неправилно користење - од коментарите претходно добивам впечаток дека не ја користиш правилно односно вклучи/исклучи по потреба. Ако не сум грешка и ако вака ја користиш ова ти е грешка, инвертер климите ( па и on/off ) не е препорачливо да се вклучуваат/исклучуваат по потреба, не е исто како шпорет на дрво на пример кое зрачи енергија, клима уредот го затоплува воздухот. Со вклучи/исклучи нема да се затоплиш и ке потрошиш повеќе струја. Мој предлог е да не ја исклучуваш туку намали ја и зголемија температурата по потреба. Кога не си дома на пример или не ја користиш само намали ја на 18-20 степени да одржува некоја ниска температура а да не излади собата комплетно па макар и да не си дома 2-3 дена она нека работи, кога ке си дома само покачи ја температурата колку што тебе ти е пријатно ( 22-27 ). Ова е поради тоа што кога ке излади собата и кога ке ја вклучиш климата ке и треба време додека да постигне температура, за тој период почесто ке влегува во дефрост и ке работи на максимална снага и потрошувачка и додека да се приближи или постигне Т ако ја исклучиш и утре пак ја вклучиш пак почнува одново и никогаш нема да имаш топла просторија. Знај дека и самиот мебел, ѕидови и предмети акумулираат топлина во себе, така ако е ладна просторијата и тие се ладни и им треба време ( читај денови ) додека да акумулираат топлина од топлиот воздух, со вклучи/исклучи тоа никогаш нема да се случи.
Така да мој совет е АКО ја исклучуваш климата остави ја вклучена, пробај барем 1-3 дена не ја гаси ке видеш разлика ( под услов да не е дефект климата и да не фури просторијата )
За тоа дека нема салам клима под 1000-1300 евра е реално смешен коментар, на балканов 80% од продадените клими се под таа сума, ке треба сите да измрзнат. Назад имам коментар дека лично користам вивакс клима од 40к ( за 50м2 цел стан ) па освен бучна надворешна ( што е поради монтажата 90% ) другото е супер и си загрева просторија без никаков проблем. Мене ако ме прашаш пак 40к за 22м2 просторија е голема сума. Ако веќе менуваш GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G од 31к во 22м2 ке шеташ на куси ракави ( под услов да не фури од никаде просторијата и да не ја играш вклучи/исклучи постојано ) и тоа економично стоплен.