Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај, следната година, нема да биде ниту градиначалник на Струмица, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во Изборната единица 4 од митингот во Крива Паланка.
Тој истакна дека СДСМ на изборите на 11 декември ќе изгуби со толку голема разлика што потоа „ќе им биде срам да бараат
широка коалиција“, која, како што додаде Груевски, ќе значи само продолжување на кризата.
– Сега во паника си го тешат членство, дека ќе изгубеле на изборите, ама не многу, туку за 2-3 пратеника, па потоа ќе влезеле во
широка коалиција. Ќе изгубат со голема разлика па после ќе им биде срам да бараат
широка коалиција. Правењето
широка коалиција значи продолжување на кризата исто како и продолжувањето на работата на СЈО – рече Груевски, додавајќи дека сигурна опција за излез од политичката криза е масовна поддршка и 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.
------------------
Спремајте се за широка коалиција