Така е како што велиш, но за да ги избереме треба да бидат подобри од другите, а со ништо не покажуваат дека се подобри. Нивните општини (како пример во мал размер) ги претворија во дувло за партиски вработувања, а ништо посебно не направија за граѓаните, освен што налупаа паркинзи. Не ги ни изградија тие паркинзи, само исцртаа паркинг-места по улиците.
Треба да биде еднаков пред законот и треба да си ја плати казната, но како што вели другарот и другарката „А Где Је Печат“ Лет 3, и по две години нема цврсти докази произлезени од прислушкувањето на муабетите, да цитирам: „а каде го пишува тоа?“. Писмен доказ или трага на парите. Тоа значи дека или тие што ги гонат се неспособни, или добро ги скриле трагите, или нема криминал. Во два од тие три случаи не можат да бидат казнети, а повторувам, уште не не се знае која е вистината.
Затворска (судска) казна е друго од избори и треба(ше) да се тера независно, но нема шанси за тоа кај нас. А дури и да бидат осудени, пак комуњарите ќе поминат подобро затоа што тие не беа осудени, а казната им се состоеше од лежење под сенка 10 години. Тоа ли е еднаквост пред законот? Симнување од власт наспроти симнување од власт + затвор? СДСМ е света партија? И не само за приватизацијата, колку пати протестираа пред судови за нивни членови... (Заев, Бучковски, Велија и компанија, оној од општина Центар, па и Кежаровски на некој начин што го искористија). Безгрешни се сите?
Не знам многу за него (имотната состојба), но баш за комуњарите беше граѓанинот Борис и не го признаваа долго време, не знам што им беше згрешил, но ете, можеби се во право за тоа и тој не бил безгрешен, или пак стварно не можеш да им погодиш...