Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи со зборови не можам да се изразам за да објаснам брат ми колкава мрза е, ама за тоа постои камера...
5e41b9b92c156886a59615450eb03766.jpg
 
Кајги,

Како си друже ? Абе не ми е добро мене , се осеќам празно :( Еве сестра ми ми правеше друштво од Петокот , па утре ќе ја испратам се враќа назад за Македонија. ( битно и ја исполнив желбата да дојде да прошета низ Берлин и на шопинг )
Не знам како е кај другите форумџии ама јас воопшто не сум блиска ниту со моите дома, ниту со сестра ми , ниту со роднини - значи ладен однос и од време на време ако треба нешто. Тој ладен однос започна уште во 2004/5 кога се запишав на студии во Штул. Оттогаш се оттргнав некако и почнав да заладувам.Единствено што сум блиска се оние блиски пријатели (во друга тема ти имам кажувано за нив ) што ги имам со кои се советувам кога имам проблем. Оние кои ме познаат лично знаат дека сум мека на срце, имам трпение, сакам да се зафркавам , максимално сум дисциплинирана и мојата најголема маана - педантерија.

Друже мојот живот е сведен само на работа и правење пари. За жал тоа е и причината што НЕ СУМ СРЕЌНА ИЧ.
Пред некое време ти се жалев на истата тема дека треба да променам нешто во животот: сменив локација, сменив работа, сменив цимерка , али не се осеќам исполнето.

Кајги, сигурно имаш забележано дека скоро ич не коментирам на темите за љубов, ама ќе бидам искрена и ќе ти признаам нешто друже ; јас никогаш во мојот живот не сум била вљубена во никој. До ден денес ми е чудно кога ќе видам некоја женска плачи зш раскинала со дечко и, па молење, замарање со пораки, па пак врски и се во круг. Мене во тие периоди кога ми е досадно за да си го направам ќејфот може да легнам некоја претходно одбрана личнот (на рака се бројат мувачите)и до душа со тие што се имам смувано сум секогаш на чисто , без да им давам лажна надеж и без да им глумам некаква си заљубеност.

Ок, заеби друже , ептен сум ладна, неам чувства кон никој и знаеш што е најинтересно - викам ај една недела ќе излезам со некој, па нека поминат и 10 дена,(да оставам да помине време) не бе брат , нема шанси, никако да ми текне да се заљубам.

Ај чао:motorce: Знаеш друже, има моменти кога не ми се живее , кога знам дека сум видела и доживеала многу работи и на своја кожа сум осетила како е да се живее со некои националности , кога ми е преку глава од животот, кога имаш можности да си дозволиш се НО НЕ СИ СРЕЌЕН.

Премногу празнина ...... ладни односи........


Еве ти една песна од моменталното мое расположение.

 

.
д.... еве колку да си знаеш
читај и се е јасно, не може секој да се качи на точак
(точак е по скопски, а не српски,сега се увери дека има и скопски д...)
 
Навистина е убаво кога ќе измамиш насмевка на драга личност... Можеби не ја знам долго време, ама знам дека животот си поиграл со нејзе, и во такви тешки моменти стои цврсто на земја и цели нанапред. За мене таа е херој, секоја и чест, и симнувам капа.

Вечерва сум во добро расположение, иако ме боли стомак и дремам во ВЦ, сепак песнава ме држи во позитивен ритам... Стариот добар Петар Грашок


П.С. Треба да го сменам Чарлс Бронсон од аватаров... Иако баткава e moj covek, сепак доста беше со сериозни фаци, ми помина тој период

:kezec:
 
Дефинитивен low на годината ми се деси вчера....НЕ ми се отвори врата од супермаркет, продавачката мораше да станит од каса и да поминит пред врата за да не стојам ко мисир пред врата, па една awkward насмевка шо и напрајв, пошо незнаев дали требит фала да и речам.

Zivote tugo moja.....

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Ех што ти е живот луѓе со кој цел живот си мислел дека сте другари те сјебуваат тотално.Од друга страна у живот ти влагаат луѓе тотално нови, у, мојов случај луѓе кој си ги знаел играјќи малски баскет тотално случајно. За да покасно станеш малтене нераздвоен, али секако мана ми е што лесно се врзувам за луѓе и после друг ми е крив кога ќе се разочарам. Али јбг таков сум и нема никад да научим, ни од свој грешки а камоли од туѓи.
 
Д....дај нека ми објасни наукава,зошто синоќа...
синоќа легнувам во спална и кога ќе влезам под ќебе до жената заборавам зошто сум таму. Па ме фаќа паника,што требаше ,како требаше да направам и слично.И секое утро станувам од спална без она направеното што требало да го направам кога сум легнал.
Ова не ми се случувало пред скоро половина век. Има ли лек за ова.
 
Драга Кајгана,
По 12 години употреба на мониторот на компјутеров, вчера дојде денот и тој целосно да се расипе. Сега имам нов, но не е тоа тоа. Ќе ми фали стариот:unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom