Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Чувството кога брзо ќе завршиш работа во државна институција, а предтоа си бил психички спремен за саати чекање и гужви и чуден ти е денот после... е до таму сме стасани .. :)
 
Драга Кајгана,
Почитувам и малцинства, па и туѓи вери. Но верувај дека не почитувам некој кој сака да и наштети на мојата татковина. И не, не ми треба бугарски пасош и живот во странство. Ми треба мирен и убав живот во мојата земја Македонија!
:coffee:
 
Д.
Апропо на некој од погорните постови.

Мала фирма, да ти тече колку толку нешто плус, да не се ослониш само на стандардната фиксна плата што поштено си ја заработуваш.
Дур ја основаш, регистрираш и почнеш, налет тие 5.000 евра, живци и здравје ќе оставиш на шалтер, јер едношалтерски.
А богами и по банки, тука печат, тука потпис ти фали.
Па ќе почнеш онака оптимистички до даска, се додека не почнат они.
И ете ти дошло да платиш фирмарина.
Па аконтација на ддв.
Ќе плаќаш царина, убави 10%.
Ќе плаќаш шпедиција, јер увезена роба, не може туку така.
Па не ти признаваат усна декларација, без разлика што се работи за помала вредност..
Ќе плаќаш данок на добивка, уште 10%.
Во меѓувреме ако ти притребаат пари да си повлечеш од сопствената ти фирма, за која ги плаќаш сите погорни давачки ќе мораш да платиш некој си дополнителен персонален данок за исплата од 10 кома нешто %.
Исто толку % мораш да платиш и ако плаќаш кирија за деловниот простор, а и за сите исплати на физички лица што ги плаќаш преку сметка.
Па ќе пуштиш позајмица од самиот себе, пошто не си останал веќе ликвиден, ама поради истите давачки кои кружат како панорамско тркало на кејот на Вардар не успеваш да си ги вратиш самите на себе, па ќе платиш и камата за задоцнувањето. Камата на државата, за парите што сам си ги должам на себе. :facepalm:
Ама пуста надеж, правиш нова нарачка.
И ти стига нарачаното.
И опет - царина, шпедиција...
Па плаќаш лежарина во Пошта, и тоа за 3-4 дена, пошто многу им се работи и многу сакаат да (ти) завршат работа за која всушност ти им даваш плата, преку сите погоре наведени давачки.
И ете, ти завршиле работа, ти се јавуваат да појдеш.
И цел среќен идеш да си ги подигнеш главоболките, а они насмеани те пречекуваат.
А богами и вработените.
Осмици им се гледаат, небаре чекаат да ти кажат дека си станал татко, на здраво, машко дете од 5 кила со три тестиси.
Па покрај фирмарина, даноци, комуналии, шпедиција, лежарина и остало, им текнало да ти наплатат уште по 500-600 денари од пакет, затоа што ти ја ставиле робата на портокаловата лента - за рутинска проверка, сумљива била пратката, мора да ја проверат, да ја отворат, од чиста мира. Па ти наплатиле дополнителни 2-3.000 денари. Тоа за да докажат дека работеле нешто.

После месец дена лежиш, одмараш пред ТВ-то и си размислуваш....при крај сум со залихите, мора нова нарачка...............................

Да сумираме, би и наштетил како знам и умеам, макар тоа било не само со бугарски, туку кога би можел и со грчки пасош, пошто #реално, ни еба матер на секој можен.ебан.чекор.
 
Леле вечер.... ЛЕ-ЛЕ! Чекам 2 месеци за настанов, има душата да си ја оставам у МКЦ вечер!

Сум кажала и претходно, ќе кажам пак: Smut се еден од оние бендови кои менуваат живот. Имам 2 омилени и веројатно единствени работи кои вистински ги сакам и почитувам у оваа држава, а една од тие е токму бендов. Можам роман да напишам колку ми значат. Само едно ќе кажам во најкратки црти, а тоа е: кога сум на нивен концерт, ги слушам, ги гледам, ги доживувам... кога сум дел од таа енергија што ја пренесуваат... кога сум дел од таа публика што возвраќа со иста моќ, енергија, почит, љубов,... буквално секогаш без исклучок достигнувам до едно ниво на... не знам, ќе речам екстаза; каде што си помислувам (и сум најцврсто убедена): Е токму за ова вреди да си жив!

Епа поздрав!
 
Да го продолжам муабетот на Д_Ред и да кажам дека од 7 дена во неделата, 19 се будам со помисла и планови за тоа како да се изврлам од државава.
 
Драга Кајгана,
Пријателот на твојот непријател неможе да биде и твој пријател. Само штета што некои луѓе се наивни, па веруваат секому:oops:
 
Синоќа после којзнае колку време бев испаднат без капка алкохол у мене ..нај awkward искуство у последната деценија ,забележуваш работи на кој запиен не обрнуваш внимание , и полесно ги поднесуваш луѓето околу тебе ..затоа кој ќе ти каже дека алкохолот не ти е пријател ти е непријател :D
 
Северна Кореја е светски шампион во фудбал за девојчина и до 17 и до 20 години, во исто време Словенката Илка Штухец сензационално победува во спуст во светскиот кув во скијање и во исто време Македонија ги тепа Фарски острови во ракомет со еден разлика(сензацијално исто така после 5 години). :)
И додека просечен Британец ако седни да гледа телевизија можи да го гледа ова: http://www.bbc.co.uk/iplayer/episode/b084ftll/planet-earth-ii-4-deserts
јас како Македонец ако седнам да гледам телевизија гледам документарец за љутви и за спасе шо за да опстанат имале пушка и сакале да си прат држава.
ГРЕОЈ СМЕ, ми се гади од малограѓанштина и бедотија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom