Вардар е мојата партија

Правиш муабет со некој што е активен член на Комити веќе 10-тина години, и како таков се нашол во милион ситуации каде што причина за конфликт била националната припадност, бранејќи ја Македонската страна. И кога некој таков ти вика дека нема спас за Македонија, време ти е да си се помириш со тоа.
Извади ги твоите аргументи на маса, па ќе правиме муабет.
Во 2015 имаш 12308 родени Македонци по татко, а Албанци 7065.
Во 2013/14, од 190541 ученик во основно училиште, 122929 се Македонци, а 61298 се Албанци.
Во 2014/15, од 188361 ученик во основно училиште, 120716 се Македонци, а Албанци се 61608.
Во однос на одделенијата имаш:
Прво одделение: 13903-6840 од 21562
Второ одделение: 13607-6851 од 21242
Трето одделение: 13382-7010 од 21183
Четврто одделение: 13293-6857 од 20851
Петто одделение: 13711-6821 од 21316
Шесто одделение: 14205-6943 од 21751
Седмо одделение: 14128-6808 од 21477
Осмо одделение: 10584-6198 од 17213
Девето одделение: 13903-7280 од 21766
Процентите на Албанците се 31,72%, 32,25%, 33,09%, 32,88%, 31,99%, 31,92%, 31,69%, 36%, 33,44%
Да нагласам дека статистиката е во однос на паралелките поделени според јазикот на кој се учи. Тешко дека има Албански паралелки во кои учат Македонци, но има еден куп Македонски паралелки каде што учат Роми или ТОрбеши кои не се декларираат како Македонци.
Како што можеш да забележиш во последниве 10-тина година бројот на Албанци е стандардно над 30%.
Погледни ја стапката на наталитет и морталитет по општините. Бројките од западна Македонија се поразителни за нас.
Не ја гледај цела Македонија, источниот дел секако никој не го чепка (барем засега), тоа е истото што и јас го зборам. Ние треба да гледаме да спасиме некои делови од западот во кои сеуште државата има контрола, а со оглед на нивниот наталитет, тоа нема да важи за долго.
Кичево и Струга си отидоа (допрва ќе следи процес на иселување на Македонците поради не можноста да дојдат до работа), за Дебар и Гостивар одамна не се прави муабет, бидејќи не ни има многу Македонци кои би се побуниле. Пола Тетовчани што ги познавав се доселија во Скопје, тамошните средношколци Македонци немаат ни просторија во која можат да изведуваат настава. Имињата на сите училишта се заменети ВО СИТЕ ОПШТИНИ со градоначалници Албанци, и истите имаат Албански имиња, менување кое беше противзаконско, но никој не го спречи.
Скопје и Куманово допрва ќе паѓаат, но тоа е долг процес. Околу поголеми села се Албански и истите имаат повеќе жители и се поразвиени од пола градови во Источна Македонија. Лека полека се множат и во општина Чашка, па и низ Велес ќе ги начекаш еден куп. Слично се случува во околината на Прилеп, Крушево и Ресен.Тоа е факт друже.
Плус они имаат пари, ние немаме.
Скопските трговци се преполни со Албанци, Македонец нема ни за лек. Ставаат попусти низ трговскиве, имаш наезда на луѓе од кои 90% се Албанци.
Они имаат роднини во странство кои им праќаат пари тука, ние имаме роднини во странство кои си го живеат животот таму и кур ги боли за тукашните (што е и сосема разумно).
Албанското влијание во Македонија можеше да се спречи, но политичарите одбраа да коалицираат со нив и да им удоволуваат со цел да си ги наполнат џебовите. Македонија и не ни решава многу за својата судбина, бидејќи Албанците се лесно запаливи и големите држави ги користат како апарат за правење инциденти и дестабилизација на цел регион.
Сумирај си сам, и нема спас на Македонска Македонија