Во МКД последен пат бев пред некој месец, а сум 2-3 пати годиншно така да доволно добро знам како е.Од кога не си бил тука ? И ако си бил, колку време си издржал ? Илјадници километри си уџум и ќе солиш памет како е тука.
Следен пат кога ќе дојдеш, ако биде у брзо време, sирни до државна болница малце, е таму на пример е едно 10 пати подобро од болниците во другите градови а во државна е хорор, па ти види ја сликата за нашето здравство, после тоа посети ги студентските домови, после види какво ни е станато образованието, после разговарај со некој социјални случаи на кои им е кратена социјалната помош на сметка на други лица, после направи муабет со некој што работи во државна администрација и прашај го кроз што поминува во време на избори и што треба да направи за да си го задржи работно место. И, успат, прашај некој што има мала или средна фирма дали не е изрекетиран преку разноразни казни во последните 10 години.
И не е се до парите, не значи дека ако имаш привидно повисоки примања ќе имаш и подобар и поквалитетен живот.
Се е тоа ОК, јасно ми е каква е ситуацијата во болниците меѓутоа таа е таква уште од времето на ЈУ. Ниту едниве ниту другиве немаат ништо направено на тоа поле и ред други. Сиромашна држава е, се тоа полека ќе се средува неможе преку ноќ. Буџетот за здраство во споредба со 2005 претпоставувам е зголемен. Дали има промашувања во приоритетите тоа е индивидуално, некој сака/вика дека треба патишта, некој болници, некој административни објекти. Буџетот е тој, или ќе трупаш администрација и ќе намалиш незапосленост (не ме сфаќај грешно, притив ова сум) ќе намалиш социјални проблеми, тензии, ќе си зголемиш фонд на гласачи (овој тренд го почна СДСМ а ВМРО го усоврши, така да исти курац се). Тоа треба да биде во суштитна кампањата, секоја партија јасно да каже што ќе бидат приоритетите и секој да се одлучи за каква понуда сака да гласа. Кај нас не е тоа, кај нас има циркус, така да што побрзо заврши тоа подобро.
И доста веќе со приказни за рекетирање и јадната ни администрација. Она што запознав во МКД е голем дел на „бизнисмени“ што ни се спремни ни знаат а водат бизниси. Што кукаат дека неможат да затаат данок или се љубоморни на некој што може. Што не прават адекватни планови, него влагаат во зделки без притоа да ги урачунаат и основините давачки кон државата. За администрацијата поготово онаа партиски што е запослена ич не ми е жал. Си го дале газот под кирија за 200-300е сега нека му ја мислат. Имаш цел куп од двата табора такви на форумот.
Точно, не е се до парите. За мене поисплатливо е да живеам во МКД каде би имал смешни месечни трошоци наместо во една од најскапите држави во светот. Секако 95% од приходот не ми е поврзан со државата во која живеам. Сепак живеам таму ради ред други работи кој немаат никаква врска со парите или владите/политичарите. Не ме засега ни кој раководи со МКД ни кој раководи со АУС зашто реално гледам сам да си ги решам проблемите, не чекам од државата. Таа е таа разлика во менталитетот кај луѓето едни си работат и си ги решаваат проблемите други кукаат дека се нешто им фали и друг им е крив.