Знамиња треба да се веат кога е некој (државен) празник. Така, овие знамиња се приватно поставени што не е дозволиво на јавни простори. Нема дискусија дека треба да има македонско знаме. Можам ли јас за домашна слава, или за роденден да поставам знамиња (какви ќе одлучам) низ цела улица? Не.[DOUBLEPOST=1480580513][/DOUBLEPOST]
Не е точно дека сите плаќаат ист данок. Не мора што ќе каже некој веднаш да го прифатиш како аксиома (партијата). Нема да спорам дали е рамен или прогресивен данок подобар за државата, ама ДАНОКОТ НА ДОБИВКА НЕ Е ИСТ ЗА СИТЕ. Процентот е ист, ама 10% од 10,000 е 1,000... а од 1,000,000 е 100,000. И? Исто е? Не е. За казните веројатно да, и тоа може да е некој процент.
Морав за крај да те цитираш, оти и ти си зел такво право... ти не ги разбираш целосно работите, туку само површно и се водиш строго по партиските слогани, без да размислиш и за други аргументите.