Имаш многу фактори тука, прво таа малата продавница плаќа исти данок на добивка како и маркет од калибар на КАМ, Тинекс, ако прекрши некој закон казните се исти и за него и за нив, а 4000 евра казна за овој со малата продавница значи катанец на врата, а за овие големите тоа е дневен промет во една населба. Државата ќе си одлучи, или ќе направи прогресивен данок и нема таквите да цутат, а малите да пропаѓаат, или пак ќе ги затвори тие малите и ќе останат само гигантите, па тогаш тие гигантите ќе можат да дадат повисока плата.
Кога ќе имаш прогресивен данок, буџетот ќе се полни троа побрзо, помали ќе ти бидат класните разлики и таа минималната плата ќе може да биде повисока, ако помалите компании не можат да ја дадат ќе може државата да дополни до минимална плата на секое семејство.
Во моментов владава внесува инвестиции кои имаат по 300 и повеќе вработени и нудат плати по 12 000 денари, тие таквите немаат добивка што не даваат плата или некој им го дозволува тоа?
Ебати инвестициите, некои преваранти донесени да фигурираат на хартија (
малиста поликала), а во позадина пак е капитал на некој наш чауш, само што со оваа финта ги ужива сите привилегии за странски инвеститори, ослободувања од даноци и ред други глупости, парите што се крадат се перат полесно и се е како подмачкано, е тоа ти е нашата државичка, тоа е менталниот склоп на овој народ, без разлика која партија, секогаш народот е ебан.
И те молам да не ме цитираш повеќе, немам време да се заебавам и објаснувам со некој што ме прави будала, верувам дека ти е јасно и тебе какви се работите и какви треба да бидат, но се додека имаш корист од таква ситуација и имаш убава зона на комфорт ќе се правиш луд.