Заработка на интернет (официјална тема)

Член од
9 јули 2016
Мислења
51
Поени од реакции
15
Прати некои страници ако си работел преку нив или имаш некое искуство.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Прати некои страници ако си работел преку нив или имаш некое искуство.
Имам искуство ама не може секој да го работи тоа јас што го работам.

Инаку друго ми беше муабетот. Ако веќе работиш на интернет работи за себе не за некоја страница. Прво запрашај се што ти е интересно па после експериментирај.

На интернет имаш класични работи како веб дизајн, програмирање, маркетинг итн.(Овие се посигурни на долг рок, но бараат доста знаење)
Освен ова имаш луѓе што водат разни блогови, видео канали или нешто сосем трето тука креативноста е доста битна и може да биде доста исплатливо.

И на крај имаш луѓе (читај ботови) што кликаат на реклами за 1 долар месечно(Ова за мене е ретардирано и губење време)

Не можам јас да ти кажам што да работиш пошто не те познавам можам само да ти дадам мал совет.

Времето е време и е многу повредно од парите.

П.С Научи да го користиш еб*ниот Гугл и не очекувај некој да ти одговори на прашање на кое треба сам да си дадеш одговор.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сите ние сме чуле за работа преку интернет ( во која треба само да гледаме видеа, читаме вести, препишуваме текстови и сл. ) Но дали е тоа точно земал ли некој кеш пари од тоа или е само некоја измама, сите што имаат искуство во врска со темава нека пишат.
П.с. Ако има уште некоја друга иста тема нека пише некој за да ја избришам.
..за секоја работа прво и основно е да имаш идеа за производ или услуга предмет на работата, после знаење, вештина и желба да ја работиш. Без тоа ништо. Интернетот е до сега нешто невидено. Ти овозможува на ОГРОМЕН ПАЗАР да видиш со молневита брзина дали некому му треба тоа што ти го знаеш и умееш, па да се договориш за цена и услови, а и можност тоа што го знаеш во било која форма , па дури и материјален производ да го понудиш на до сега незамисливи голем број потенцијални купувачи. Само сегмент на тие интернет можности се кликањата т.е. генерирањето на сообраќај кој клик компаниите го продаваат на заинтересираните огласувачи, а трошки фрлаат на кликачите... Тој се базира на ОГРОМНАТА бројка присатни што се граничи со космички размери...и нажалост овде ја засенува вистинската можност: излегување на огромниот светски пазар со свој производ-услуга.Ова во глобала , исклучоците кај нас , само го потврдуваат правилото... :) :) Но тоа изгледа државата најмалку го сваќа: брза и по цена достапна пакет-пошта, едноставни царински процедури и систем на плаќања кој се тоа може да го следи. Во сегментите кои би го поддржала тој развој е десет светлосни години некаде назад. Смотаници или можеби поверојатно платеници...на одредени.. пред се локални интереси.. :) :) :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Све си поминува во најдобар ред, дури од пајонир ми пратија меил да направам Load, така да, 5 дена од Апворк на мене, сеа уште 2 дена, јас ги гледам на Пајонирот ама ќе ги ослободат вечер во 11 :). Уствари мене све ова ми се чинеше rocket science и не ми се почнуваше токму поради тоа, ама стварно све си е океј. Фала ти на трпеливоста со почетнициве ко мене :LOL:
Нема зошто фала, се знае како е редот. Секој зема по малку во ланецот додека стигнат парите до тебе, па така и ние. Ете, со актуелните попусти тоа би било само 1% :)
 
Член од
16 јули 2016
Мислења
37
Поени од реакции
8
Нема зошто фала, се знае како е редот. Секој зема по малку во ланецот додека стигнат парите до тебе, па така и ние. Ете, со актуелните попусти тоа би било само 1% :)
Како сликовито ми го представи ова со ланецот, и јас одма си замислив огрлица со бисери, од која јас добивам само конец и закачалката ( бисерите ги нема:LOL:)...така излезе овој пат-и пајонир ми задржаа 30 долари, и апворк провизијата, fee-едно, fee-друго...абе смешки, работев цела недела за конецот, цццц, ама 1% нема проблем на оваа сума што ја земав ;)...ај да видам како ќе биде оваа недела, па може ќе имам уште едно прашање за вас поискусните...давам %-нема проблем !!!
 
Член од
18 август 2011
Мислења
56
Поени од реакции
11
Ако може мала помош од поискусните :). Прв пат работам сега на Апворк и ме исплатија како што се договоривме. Значи исплата беше денеска. Јас ја поврзав Пајонир картицата што ја имам со Апворк, и сега што следува??? :) Парите ги гледам во agreed и paid ама сега се чека неколку дена или?? Јас ја гледам сумата ние што се договоривме, треба да ми одбие Апворк 20 % нели, и треба да чекам сега Апворк да ми ја префрли сумата на Пајонир или?? И колку дена одприлика се чека??
Фала ви однапред:pipi:
https://www.upwork.com/earnings-history
 
Член од
19 март 2011
Мислења
55
Поени од реакции
12
Здраво дечки ..пред некој ден еден другар ми ја покажа странава..и демек се заработувало добро..имаш 10 реклами и тие се обновуваат на секои 5-6 часа..на почеток една реклама е 7$ ..треба да собереш 7000$ за да направиш исплата преку paypal...јас почнав пред некој ден и добро ми оди сеа за сеа...само кога собереш 7000$ и ќе ги исплатиш на сметка ти стигнаат 5% од нив..можеш да зачленуваш други да работат преку тебе и од секој ти дава плус 110$..па ако некој сака да проба еве ја страната http://surveynoticias.com/p196383 ова ви е линк да се зачленете преку мене(секако ако сакате) ...јас моментално имам соберено околу 2000$ па ќе видиме како ке биде ..фала поздрав
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703

7000$ ???? :pos:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
55
Поени од реакции
12
значи 7000$ ти се интернет парите што ги собираш ...а ти имаш само 5% од нив .. нема ништо смешно
 
Член од
27 јануари 2015
Мислења
565
Поени од реакции
549
Здраво дечки ..пред некој ден еден другар ми ја покажа странава..и демек се заработувало добро..имаш 10 реклами и тие се обновуваат на секои 5-6 часа..на почеток една реклама е 7$ ..треба да собереш 7000$ за да направиш исплата преку paypal...јас почнав пред некој ден и добро ми оди сеа за сеа...само кога собереш 7000$ и ќе ги исплатиш на сметка ти стигнаат 5% од нив..можеш да зачленуваш други да работат преку тебе и од секој ти дава плус 110$..па ако некој сака да проба еве ја страната http://surveynoticias.com/p196383 ова ви е линк да се зачленете преку мене(секако ако сакате) ...јас моментално имам соберено околу 2000$ па ќе видиме како ке биде ..фала поздрав
У кратки црти да сватиш што е штосот. Се прави веб страна дирекно со survey преку CPA offers кој ќе си направи survey тој и на еден начин ќе си плати а креаторот си ги лапа парите и метак а за на крај од $7000 можда ќе легнат $7 или ништо. Но со среќа во авантурата од грешките човек ќе научи додека не осети
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
Имам искуство ама не може секој да го работи тоа јас што го работам.

На интернет имаш класични работи како веб дизајн, програмирање, маркетинг итн.(Овие се посигурни на долг рок, но бараат доста знаење)
Освен ова имаш луѓе што водат разни блогови, видео канали или нешто сосем трето тука креативноста е доста битна и може да биде доста исплатливо.

.
bi prasala sto i kako se zarabotuva od blogovi,gledam nekolku moi poznanicki odrzuavaat blogovi a i na internet gi ima dosta. pa ete me interesira nekoj dali znae kako odi zarabotkata od blogovi
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
bi prasala sto i kako se zarabotuva od blogovi,gledam nekolku moi poznanicki odrzuavaat blogovi a i na internet gi ima dosta. pa ete me interesira nekoj dali znae kako odi zarabotkata od blogovi
Има повеќе начини за монетизација на блог. Првиот и најтешкиот чекор е да имаш добра содржина што ќе привлече следбеници после тоа вообичаено се прават пари од реклами, специјални платени содржини, соработка со некој бизнис, нудење некаква услуга итн.

Во глобала златното време на блоговите е поминато и не е лесно да конкурираш со веќе постоечки и добро етаблирани блогови. Нормално доколку имаш кул идеја вреди да пробаш, но колку и да звучи чил и тоа е сериозна работа и бара посветеност и време.
 
Последно уредено:
Член од
1 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
7
Сите ние сме чуле за работа преку интернет ( во која треба само да гледаме видеа, читаме вести, препишуваме текстови и сл. ) Но дали е тоа точно земал ли некој кеш пари од тоа или е само некоја измама, сите што имаат искуство во врска со темава нека пишат.
П.с. Ако има уште некоја друга иста тема нека пише некој за да ја избришам.
пари се прават преку интернет тоа е точно. како ти би стигнал до пари пример можиш да промовираш производи од amazon.com (со тоа шо земаш процент со секој продаден производ) на твој блог или твоја веб страна со ревју или опис за производот кој го промовираш побарај на гугле амазон афилиејт и како да отвориш блог или веб страна.
доколку сакаш да одиш со твоја страна еве ти една добра тема http://forum.kajgana.com/threads/seo-за-почетници.75352/ од која можиш да научиш многу. за се друго постои гуглето
 
Член од
9 јули 2016
Мислења
51
Поени од реакции
15
Здраво дечки ..пред некој ден еден другар ми ја покажа странава..и демек се заработувало добро..имаш 10 реклами и тие се обновуваат на секои 5-6 часа..на почеток една реклама е 7$ ..треба да собереш 7000$ за да направиш исплата преку paypal...јас почнав пред некој ден и добро ми оди сеа за сеа...само кога собереш 7000$ и ќе ги исплатиш на сметка ти стигнаат 5% од нив..можеш да зачленуваш други да работат преку тебе и од секој ти дава плус 110$..па ако некој сака да проба еве ја страната http://surveynoticias.com/p196383 ова ви е линк да се зачленете преку мене(секако ако сакате) ...јас моментално имам соберено околу 2000$ па ќе видиме како ке биде ..фала поздрав
Пиши ако ги подигнеш парите да почнеме и ние.
 
Член од
3 мај 2015
Мислења
206
Поени од реакции
180
Луѓе здраво, сакам да ве замолам ако некој знае да пише барем во кратки црти во врска со преведување или средување на текстови на интернет, сум наслушнала ама недослушнала за ова, ме интересира макар и за ситна заработка, ама немам насоки, како, што и каде треба да се бара на нет...поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom