Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Никаде....

Добар бурек се правеше на времето кога се ставаше свинска маст, а сега сите ја избегнуваат поради ``познати причини``. Јас сум продавал на бурекџии свинска маст
 
Доста добар бурек има во една бурекџилница под Клиника, поточно под Стоматологија. Местото мислам дека се вика Кај Вели. Бурекот им е вртен како пита, не е премногу мрсен и крцка. Од таму пробав бурек со месо, сирење и пица бурек. Едноставно јадеш и се топиш, посебно ако јадеш бурек со месо или сирење.
:)
 
Никаде....

Добар бурек се правеше на времето кога се ставаше свинска маст, а сега сите ја избегнуваат поради ``познати причини``. Јас сум продавал на бурекџии свинска маст
Пред едно петнаес-дваес години, карши архитектонски, од другата страна на Партизанска, кај што има денес Жито Лукс отприлика, имаше една бурекчилница. Тогаш случајно влегов прв-пат и унутра беше стар сопственик и иста таква му жена. Он ми рече - Те гледам дека си наш, па ти викам земи пробај го буреков и кажи дали не е најдобар. Вакви веќе не прават - со свинска маст, за да не ги изгубеле другите муштерии. На баба ти, кога ќе се ожениш да и кажеш да ти направи бурек со свинска маст (не знам зашто ова ми го кажа).
Да, супер беше бурекот.
 
Има негде низ Центар-Карпош убав бурек бар за поевтино? :D

"Билјана 2002" позади лептокарија од едната страна, од другата е паркингот пред СРЦ "Никола Карев", на самиот ќош е. Бурекот со месо (y)(y)

Оди од сабајле ,накај 9-10-11, после тоа јадат све од школиве и нема бурек :D
Имаат и фејсбук страна ,пиши Билјана 2002, ќе ти искочи ,види шо како :)
 
На пазарче у Ѓорче праат бурек со свинска маст. Одличен е...
Не. Денес бев и у четири бурекчилници на тоа пазарче проверив. Нема нигде со свинска маст.
Освен ако има некое место таму кое не сум го посетил.

Не знам дали некоја од тие беше тоа ветком или не. Фак, треба да се вратам.
 
Газдата дојде кај мене на работа за месо да види за бурекот и ни донесе цела пита. Рече дека тајната е во свинската маст.Ова беше пред 6-7 месеца... Може и намерно да не кажуе ради муслимани што има околу или па прекинал да го прави бурекот со св. маст.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom