Забуната лежи во мешање баби и жаби. Ајде да почнеме со цртање сега.
Аргумент (1)
„Хомосексуалноста е лоша зашто не е природна појава и е измислица од човекот.“ се побива со тоа што се наведуваат примери дека
истата постои и кај животните. Тоа значи дека е
природна појава и аргументот не држи вода. Со тоа се покажува САМО и САМО невалидноста на истиот.
Природноста, нормалноста и етичноста се некорелирани одлики (носење облека: неприродно, нормално, добро; крадење: природно, нормално, лошо итн.).
Овие примери во никој случај
не се корелирани со тоа дека „Сѐ што е природно е добро“ и нема логика да се продолжува дискусијата во таа насока. Уште еднаш, ова не е поврзано на никој начин со претходната дискусија. Примерите служат само да го побијат аргументот (1) и НЕ сугерираат ништо повеќе.
Фактот дека секоја природна појава не е добра за човекот си стои и никој тоа не треба да го оспорува (само начисто игнорантна личност може да го изјави спротивното).
Аргумент (2):
„Еден сексуален чин е во ред, сѐ додека сите учесници во истиот се свесни, имаат изразено согласност и волево стапуваат во истиот.“. Оттука се влечат заклучоците дали нешто е, условно кажано, лошо или добро. Хомосексуалноста не е ништо поразлична од хетеросексуалноста од ова гледиште - девијантни појави како педофилија, некрофилија, зоофилија, силување и сл, се јавуваат и меѓу единки од ист, и меѓу единки од различен пол. Зошто овие се сметаат за девијантни појави?
Зашто се контрираат со Аргумент (2). Имено, едната страна НЕ изразила, НЕ Е способна или НЕ Е се смета за свесна за да изрази согласност. Дали кај животните постои таков тип на секс е сосема ирелеванто врз тоа дали нештото е добро или лошо, од Аргументот (2) се заклучува истото. Кои се условите врз кои се одлучува дали некој е способен и свесен да носи одлука е дебата што е независна од дебатата за хонмосексуалноста, а исходот од неа подеднакво ги засега хетеро- и хомосексуалните односи.
Толку за чисто сексуални односи. Сега нешто за посериозните врски кои во себе не вклучуваат само секс.
Бракова еднаквост. Зошто бракова еднаквост? Зашто и хомосексуалците и хетеросексуалците плаќаат исти даноци на државата за исти нешта, па државата
е должна да биде подеднакво поставена и кон хомосексуална двојка и кон хетеросексуална двојка. Значи сега не стануува збор за еднаквост на закони што се однесуваат на индивидуата, туку за закони што дефнираат одредена врска (институцијата брак) и од кои произлегуваат некои индивудуални права. Ако една жена може да го користи здравственото осигурување на својот сопруг при што е на товар на фондот во кој и јас придонесувам, очекувам истото право да го има и мојот партнер зашто, нели, и јас придонесувам таму. Ако нечија жена може да ја користи пензијата на својот сопруг по неговата смрт, мојот партнер да го има истото право зашто и јас го полнам фондот за пензиско итн. Не е во ред оние фондови во кои влегуваат средства од сите граѓани да привилегираат некого на сметка на некој друг. Тука лежи една од нееднавкостите за кои се зборува. Сега можеби ова може да се постигне со манипулација на други закони, и ако тоа е точно, истото значи постоење на нееднакви процедури, различни трошоци и сл. за постигување исти права.
При тоа, аналогија на Аргумент (2) мора да се запази т.е. сите страни мора да се способни, свесни и волево да пристапат во брак. Зошто брак со куче или маче не е во ред, зашто тие не можат да изразат согласност за пристапување во брак - брак со малолетници - не се сметаат за доволно зрели за да изразат таква согласност итн. И повторно, условите кои дефинираат дали некој е способен да даде согласност за брак се ствар на дебата независна од хомосексуалноста.