Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувано беше еднаш да ги посака среќа и да не победат. Долга серија на добри резултати имавме против нив без некоја посебна игра, неколку пати се спасувавме буквално во последна минута. Денес таа среќа беше со нив.
Којашевиќ изигра криминално слабо, Фелипе веќе цела полусезона е вон форма, се надевам нема да биде Дашјан 2 со него, Балотели сем брзина нема апсолутно ништо пофудбалско во него од напаѓачите со кои се мачевме претходниве години, затоа и толку долго е без постигнат гол.
Гачевски другарче :facepalm: . Разни пациенти поминале низ Вардар ама не памтам натпревар на кој еден играч бил директен кривец за три погодоци. Има добра полусезона, посебно во Тетово не извади, и затоа не треба да се плука по овој натпревар, ама Седлоски после ова не смее да заборави дека сепак има 3 голмани во тим и никој од нив не треба да биде комотен и со загарантиран првотимски статус.
Асани не смееше никако да ја промаши таа шанса во 70 минута, убеден сум дека ќе направевме пресврт да погодеше.
Уште еден кикс и ја враќаме комплетно Шкендија во игра, мора да се победат следните три натпревари до полусезона, глупи би биле било какви оправдувања.
 
Со глава гарантирам дека во последниве 2 месеци сме најслабиот тим во аматерскава лига, послаб и од Брегалница ! До летоска правевме муабет на темава дека тимот тапка во место веќе 3 години, но сега дефинитивно сме тим кој што од натпревар во натпревар оди наназад со крупни чекори. Мајмунот прилепски покрај Пачовски земал прави експерименти со стокана неписмена Гачевски, ДареСакамВоКафана земал ми го игра штопер пред Мијушковиќ/Новак и со тоа го растура најсилниот дел од тимот - одбраната...ако не му се игра заден везен на копуков зошто имало многу трчање уште вечерва нека го избркаат, Хоф ни Господ не знае кај е, Попов резерва на мисирот Љамче, Балотели солиден за спринтер, УПРАВООО КАДЕ ВИ Е ОБРЕГОН ???, играта на терен на генијалецот од Коњари му е на ниво на третолигаш итн. И немој некој да мрчи дека имало малку публика затоа што и тие 200 души се ПРЕМНОГУ за тим кој што работи аматерски и додека сите напредуваат и дигаат форма они се враќаат назад.
 
Дали тоа уапсија некој од Комитите кои беа дојдени? :tapp:
 
Kако сакаш Попов да ти игра кога вечер пред утакмица се праи ќор пијан? Објасни ми тоа?
 
Kако сакаш Попов да ти игра кога вечер пред утакмица се праи ќор пијан? Објасни ми тоа?

Попов друже и пијан да дојде на утакмица ќе биде за класа над сите останати. Само изгледа се вртат некои други политики во тимот па затоа последниве 2 месеци личиме како екипата да е составувана од пациенти од геријатрија.

п.с. Ако мислиш дека некоја непрофесионалност е причина за било кој играч да не е во стартниот тим на Вардар тогаш ние на утакмица ќе треба да излегуваме со еден или двајца играчи на терен.
 
По порталите на големо се пише дека веќе е договорен Силјановски а се преговарало и со Муслиу а за заминување сигурни биле Балотели и Мијушковиќ како и Љамче,Пачоски и Брдаровски кои би требало да се преселат во Пелистер.За заминувањата сосем се очекувани ама нз дали е попатено Балотели да замине а Обрегон да остане.Подобро да најдат саглам шпиц а Балотели да го играат како крило.
 
Кружат муабети и низ Битола дека 3-4 играчи од Вардар уште сега за зимскиот преоден рок треба да дојдат во Пелистер, ама не се знај уште кој се тие, според моја претпоставка сигурен е ЉАМЧЕ :D Штом го шуткате толку ќе ве напушти :P Ќе си дојди тука заедно со бате Љамче во тим, плус во младинци работи чичо Наум Љамче :D
Љамче Фанс, секогаш со Вас, напред Љамчевци :pos:
 
Екипа.мк не се многу за верување, мада коа се работи за Работнички обично имаат добри информации. Дали Брдаровски, дали Силјановски не менува многу, нормално се додека Хамбарџумијан е во Вардар.. Ова за Муслиу е повеќе за верување, мак. спорт ги имаат информациите за Вардар и Шкендија, со оглед на минутажата ништо чудно Мијушковиќ да побара да си иде, а Муслиу како опција не е лош, башка странец помалце :D Малце ми е криво за Мијушковиќ, добри партии имаше кај нас, ама Новак си игра топ и си зацементира место, а и Велковски е тука.. Како и да е, не толку битни трансфери се ова, главна цел за зимава треба да биде везњак и шпиц, Балотели може да остане како опција, може и крило да игра, Обрегон мора да лета. Според мене, добро ќе ни дојде и Крсте Велковски, слободен играч е..
 
Распад систем во најава?
Ако дојде до распад систем сигурно нема да почне со идење на Љамче, туку со покрупни риби. :)
Мијушковиќ и Пачовски и онака веќе слабо добиваа шанса, логично е да побарале трансфери. Балотели е подобар од Обрегон ама не е ни он за во Вардар, ништо не губиме ни со негово заминување ако конечно погодат напаѓач во зимскиот преоден рок.
Единствена замерка може да биде ако веќе го пуштат Брдаровски во Пелистер, бар да го донесат Тошевски како негова замена, а не Силјановски. И да, Муслиу е тешка глупост.
 
Некаде пишеше иза Тасевски ама не ни треба нов Стојков,Наумовски или Ивановски.
 
Некаде пишеше иза Тасевски ама не ни треба нов Стојков,Наумовски или Ивановски.

Тоа со Тасевски беше само негова изјава дека би заиграл пак во Македонија, односно во Вардар, откако сега имаат солидни финансии и услови, и дека не би играл за шкендија или друг клуб освен Вардар, ама не беше кажано дека Вардар покажал интерес за него
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom