јас купував акции уште од 2003, добо беше се додека некаде 2004/2005 не почнаа со дубарите со Блок трансакции. Пази сега фирмата донесува одлука за купување или продавање на сопствени акции ама по цени сосем различни од тие што се на Берза. А најлошото е што менаџерот на фирмата лично нема ни 20%, не 51%. Па и 51% да имаш не смее да ги пљачкосуваш тие што имаат 49%. Ама ова кај нас е дозволено со законот за трговски друштва, демек тој што имал 51% гласови на Собрание на фирма има право слободно да располага со добивката на фирмата... Не важи ни Тендер ни ништо, што сака може да прави.
Ама пази сега, ако државата има 49% тогаш го гони менаџерот, ете случката Магар Телеком, Атила е на суд (избега) поради екстремни менаџерски хонорари кој се исплаќале. Имам колега што тогаш работеше таму, тоалет папир за вработени се набавуваше од Унгарија, 5х поскапо од што е тука на пазар... а сигурно и многу друго ... Е сега овака е во сите АД друштва во РМ, обавезно дел од профитот се пере и се изнесува, не само во АД друштвата од неофицијалната котизација... А да не зборувам како менаџерите кого сакаат вработуваат а за да остварат лична корист.
Стопати пишував до МБ да се уведе клаузула ако има Блок трансакција да мора пред блокот ПРВО да поминат поповолните понуди на берза, ама не им се слуша...пишав државата да ги лимитира менаџерските плати и награди во функција од поделена Дивиденда, се прават на глуви.
А бујрум нека има газдата 100% или барем 95% па нека праи што сака. Ете грците од Пивара ги откупија сите малцински акции. Ета Реплек има 90%+ доминантен газда и нормално дава дебели дивиденди, сака да си биде чист. Ама и Титан ( Цементара) е 90%+ газда, ама пак муваа со дивидендите, переа пари преку екологија која одеше преку нивни грчки фирми, без тендер..