Филозофски факултет

Член од
24 јули 2015
Мислења
7
Поени од реакции
0
Дефњктологија кој има завршено или психологијаа? Се има работа? Корисни се или воопшто не ни ги треба?
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,има ли некој тука што студира класични студии?Планирам тоа да се запишам вгодина,некој совет,како предметите,што може да се работи,има ли работа ?
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Здраво,има ли некој тука што студира класични студии?Планирам тоа да се запишам вгодина,некој совет,како предметите,што може да се работи,има ли работа ?
Јас не можам да ти кажам конкретно за смерот во детали бидејќи студирам историја, но имам земено предмети од таму, конкретно Старогрчки, а од следниов месец почнувам и со Латински. Доколку си љубител на оние класични дела, те интересира митологија, животот во антиката, споредби, сличности и разлики на тогашниот човек со денешниот и влечење искуства од минатото за да ги примениш во сегашноста, смерот е многу интересен. Професорите се стварно кул, многу интелигентни и навистина знаат многу работи кои можат да те научат. Како на секој факултет, така и ова си бара труд и посветеност, но не е толку тешко доколку ти идат ваквите работи. А доколку ти идат ваквите работи, ти лесно можеш да се истакнеш. За работа сега не знам, не сум навлегувал толку во тоа бидејќи сепак не ми е примарна сфера на интерес, но знам дека доколку те бива, професорите може да соработуваат со тебе и да направат иден класичар, односно да те направат како нив со цел да ги наследиш, бидејќи навистина си ги ценат студентите. А класичарите се ретки денеска, но сепак нивните квалитети се прилично многу ценети, особено во културата (башка размисли еве, колку се ретки луѓето кои зборуваат старогрчки и латински, па види каква доблест е да ги познаваш јазиците). Така што ете, јас апсолутно би ти препорачал да се запишеш доколку те интересира она кое тие го изучуваат, нема да згрешиш :)
 
Член од
13 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
1
Mozebi e malku glupo prashanjevo, ama za da ne lutam utre ke si prasam :)
Zapisan sum na BOM i utre sme vo Golemiot Amfiteatar, pa sakam da znam kade se naogja toj glaven amfiteatar (barem na koj sprat pisete, da ne odam gore-dole niz cel filozofski :D ).
Utre 90 posto od nas ke si bideme izgubeni vo prostorot....I vremeto pa zatoa prasuvam :D
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
21
Поени од реакции
6
дечки некој што е на постдипломски на историја ,да ми објасни што како? поздрав
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Дали некој може да ми објасни како одат Педагошките доквалификации на Филозофскиот факултет? Дали треба на Педагошки факултет да се полагаат испитите или на Филозофскиот или сеедно е каде ќе ги запишам...?
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Дечки, малце каснам со уплатава на семестар. Му се има ли случено на некој? Знам дека уплаќаш 1000 ден. казна за задоцнет ама да не ми праат проблем од деканат?
 
Член од
11 август 2016
Мислења
4
Поени од реакции
1
Дали има предмет на факултетов што е смотан како Етика кај Иванчо? Значи таков изборен ми треба, кај шо онака само одиш за оценка да ти пише од ракав.
 
Член од
14 август 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Кога е крајниот рок за запишување предмети на iknow за прва година?
 
Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Полагаш пет испита од кои еден е методологија, а останатите од насоката што ти е изберена. Потоа избираш и пријавуваш тема и тези и ако ти ја одобрат почнуваш да го спремаш трудот. Simple as that. Вкупните трошоци ке ти излезат некаде околу 2000е што можеш да ги плаќаш на рати.

Совет од мене. Размисли убаво каде ке запишеш. Пример Стар век е подобро на ФЗФ (имаш три института за бирање: класични јазици, археологија и историја) . Од друга страна ако сакаш турско средновековие обавезно на ИНИ, на ФЗФ никој од професорите не знае османо-турски јазик што е голем недостаток. За преродбенскиот период и МРО квалитетни ментори имаш и таму и таму, иако постои разлика во пристапите кон пишувањето историјата. Ако ти е само да имаш м-р пред името и презимето ништо од ова што го пишав погоре не важи :D
 
планирам да запишам на среден век,ама има време :D
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.896
RickyLFC9 Ако можиш да ми објасниш за историја оти 100% сум сигурен дека таму ќе одам и да ми кажиш шо како и по колку студенти се запишуваат годишно дали е барана та струка :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom