Правна помош и совети

Член од
18 февруари 2013
Мислења
59
Поени од реакции
14
@Toma благодарам за брзиот одговор :)
Не појаснив убаво во моето прашање претходно но ако вложам во едниот дел секако планирам да ги чувам сите сметки и докази за купен материјал, работа/услуги од фирми кои работеле и слично... Затоа ми беше прашањето дали со тоа ќе имам предност доколку дојде до судска постапка/тужба или поради веќе вложеното ќе имам предност и покрај тоа што тој ќе го бара истиот дел од куќата со аргументи дека така било претходно (усно) договорено (никаде не фигурира како доказ на писмено или заверено од било каква институција)
Овде ќе напоменам дека и двата дела се потполно идентични и нема разлика во квадратури и состојба на градбата значи разлика е само во страните едната доаѓа на исток другата на север.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422

Види вака, со самото тоа што ти ќе ја поднесеш тужбата и ти ќе бидеш тој што ќе го плати елаборатот си во предност, уште и ако ги имаш сите сметки/фактури, речиси е сигурно дека ти ќе го добиеш тој дел.
еве ти од законот за сопственост и други стварни права
Член 113
Според закон правото на сопственост се стекнува со создавање нова ствар, со мешање и спојување, со градење на земјиште, со одржување, со одвојување на плодовите, со стекнување сопственост од несопственик, со окупација, со припојување и таложење, со промена на корито на водотек и создавање на остров и во други случаи определени со закон.

но поважно и законот за вонпарнична постапка од 213 па натаму се или поважното
Член 215
Предлог за делба на заеднички предмет или имот може да поднесе секој од носителите на правата на заедничкиот предмет или имот и со него мораат да бидат опфатени сите носители на правото (заедничари).
Член 217
Судот, постапувајќи по предлогот за делба, ако утврди дека е спорноправото на заедничкиот предмет, односно имот, големината на делот или е спорен предметот на делбата, ќе ја прекине постапката, а предлагачот ќе го упати да поведе парнична постапка во определен рок.
Ако предлагачот во определениот рок не поведе парнична постапка, ќе се смета дека го повлекол предлогот.
Член 218
За расправање по предлогот за делба, судот ќе закаже рочиште на кое ќе ги повика носителите на правата на заедничкиот предмет или имот и лицата кои имаат право на службеност или други стварни права на заедничкиот предмет, односно имот што се предмет на делбата.
Лицата кои имаат право на службеност или други стварни права на предметите што се предмет на делбата, можат да бараат судот да одлучи за нивните права.
Член 221
При спроведување на делба на имот, судот ќе настојува да ги задоволи оправданите барања, учесниците да добијат определен предмет од имот.
Член 222
При одлучувањето дали еден предмет ќе му припадне на еден од учесниците, судот особено ќе ги земе предвид посебните оправдани потреби на тој учесник и основаноста за тоа предметот да му припадне нему.

За повеќе ќе си ги најдеш преку гугле да не ги пишувам сите.

ЗНАЧИ најважното е да биде еднакво поделено и тој да знае дека се води спор, со тоа ќе нема аргументи за жалба/ повторување.

Доколку не знаеш да напишеш тужба оди кај некој адвокат и нека ти напише (само да ти ја напише) другата работа ти врши си ја оти знаат да зимаат пари за се и сешто, кога ќе ја поднесуваш тужбата поднеси ја во 2 примероци до судот ( една за судот, друг за другата странка) и еден примерок за тебе да ти удрат печат оти можат и да го загубат предметот:P

дали судот што ќе каже е последно и дали доколку упорно спори другата страна ќе оди на лицитација ?
Ако се жали другата страна, предметот ќе потрае уште минимум неколку месеци, во врска со лицитацијата, ако имотот е физички делив сигурно ќе биде поделен, ако не е ќе биде наложено едната страна да ја плати вредноста од делот на другата страна (во тој случај секогаш фрчат жалби) и тука ако да речеме не било реално проценето или па ниту една од странките не може да го исплати делот на другиот, се оди на лицитација (тоа зависи од тоа колку имате нерви, пари за трошење).

Вака на источната страна која граничи нашата кука , има една стара кука, ( сопственик е сестра на дедо ми , не живее во куката , туку таа ја наследила од старите)
куката е од плит , се распагаат ѕидовите , има дрва 15 м и листовите пагаат во нашиот двор , грмушки , нерачистено , сега падна пола ѕид ( од плит) во нашиот двор , како отворен гроб е, страв ние дан не поклопи нас старата кука , :mad: и од дрвјата изгледа како џунгла
Каде да се жалам , да пријавам , да тужам ??
Не сум сигурен но мислам дека можете да поднесете пријава до некоја од општинските инспекции и мислам дека можат да и пишат казна од некој 50-сетина евра, но мислам дека тоа нема да ви до реши проблемот.
Најдобро да разговарате со нив и да се договорите вие да го одржувате тој дел (на пример да си насадете бавча) или кренете си ѕид и не се замарајте.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.286
Здраво како оди постапката за загубен индекс?
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.286
Незнам, инаку нов индекс беше околу 1000-че ми се чини, а дали треба нешто плус за тоа што ти е изгубен незнам.
Фала бате да ми си здрав и жив.Уште едно прашање,колку време ќе помине додека го добијам новио индекс.
 
Член од
6 април 2015
Мислења
423
Поени од реакции
150
Фала бате да ми си здрав и жив.Уште едно прашање,колку време ќе помине додека го добијам новио индекс.
тоа од студенски прашања зависи , па потоа треба да си ги собираш повторно оценките од професорите
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.286
тоа од студенски прашања зависи , па потоа треба да си ги собираш повторно оценките од професорите
Нема сеуште оценки за среќа.[DOUBLEPOST=1479811067][/DOUBLEPOST]А дали и за загубена здравствена книшка треба да се објавува во службен весник?
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2016
Мислења
18
Поени од реакции
28
Имав казна една но не ја платив па се поведе прекршочна постапка бев до суд за прекршоци ја кажав мојата состојба па ја намалија казната и стигна решение со намалената казна да се плати во рок од 15 дена . Па сега ме интересира доколку не ја платам во тој рок казната што следува . невработен сум, немам ништо што е на мое име
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Имав казна една но не ја платив па се поведе прекршочна постапка бев до суд за прекршоци ја кажав мојата состојба па ја намалија казната и стигна решение со намалената казна да се плати во рок од 15 дена . Па сега ме интересира доколку не ја платам во тој рок казната што следува . невработен сум, немам ништо што е на мое име
Ке ти блокирааат сметка и ке ти сечат една третина од плата кога ке се вработиш...или ке ти земат кога ке имаш некој прилив на средства на сметка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom