Најди го законот за вонпарнична постапка од член 111 (така некако беше) па натаму е во врска со твојот проблем, немам многу време се да ти објаснувам детално, затоа ќе ти ги кажам најважните работи.
Значи вака, може било која страна, во било кое време да поднесе тужба за физичка делба на имот (претпоставувам дека веќе го имате наследено т.е. имате удел од 1/2), потоа во тужбата ќе наведете дека вие го сакате тој дел оти веќе живеете таму, сте вложиле средства одржување, реновирање и сл.
Потоа ќе се закаже рочиште, на кое не мора да биде присутна другата страна, но, има но затоа ќе ти пишам подолу.
Потоа ќе изготвиш геодетски елаборад на која вештакот ќе ве предложи онака како што ти бараш, но ќе пазеш да не добиеш повеќе оти подоцна може да биде оспорено.
Ќе гледате другата странка да добие примерок од геодетскиот елаборат (веројатно му знаете адреса па пратете му по пошта).
Потоа на рочиштето (кое ќе биде закажано во најбрз можен рок за неколку месеци
) ќе бараш да се подели онака како што е наведено во геодетскиот елаборат и обавезно ќе бараш да стои да ги поделете трошоците и во рок од, да речеме 15 дена да ти исплати половина на сметка (не би требало трошоците да бидат под 10 илјади, таму ќе има наведено точна сума).
Е сега другата странка може да го оспори тоа, ако се појави на рочиштето и тврди дека он бил тој што вложил, дека он има право да го добие баш тој дел, но ако не бил воопшто информиран за тоа дека се води судски спор (затоа мора да пробате да го информирате писмено) кога ќе дознае може да бара повторување на постапката со аргументи дека не знаел и дека баш тој дел бил негов, дека не сте го поделиле на еднакви делови и сл.
Затоа гледајте да биде еднакво поделено и обавезно да биде информиран, за другото после нека се замара он
.