bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.908
- Поени од реакции
- 6.998
Имам клима инвертер панасоник RE 12QKE, 3.5 kw. Сега со првите посериозни ниски температури, првпат е ставена на посериозен тест. Ја пуштаме на 25 степени на прва или втора брзина, претежно на прва и си грее убаво и без престан. Темп. во просторијата достигнува пријатни 20-21 степен. Просторијата е околу 30-ина кв. По одредено време се слуша звук како да се издишува да, баш така и како да паузира со работа. По 2-3 мин пак си продолжува со работа. Дали тоа е тој дефрост период претпоставувам? Дали е подобро вака да ја користам или да ја ставам на авто брзината па сама да се регулира, ама дека на 25 наместена мислам дека цел ден би работела на јако пошто тешко во толкава соба да достигне 25 степени. Инаку изминатиов период кога не беше толку ладно ја пуштавме на 4-5 пати во денот по 20-30 мин наместена на 22-24 степени. На овој начин на работа го поминав скоро цел Октомври, а сметката ми дојде 1270 ден.