B
Bafra
Гостин
Немам намера да го бранам или величам Заев.
Што знам : се докажал дека знае да води фирма, бизнис, што за повекето политичарите е непознато, ја води успешно Општината, мислам дека е прва во Македонија за гасификација, ако не грешам Струмица е единствена општина без кредити. Што друго знам - дека не го бива посебно за политичар, дека знае да скине зелена, нема посебно харизма. Ама, имаше муда да тргне против фамилијата и да ги објави бомбите.
И сега.... не е совршен, ама кој бил совршен ? Љубчо на 28 години без ден работен стаж? Бранко ? Грујо ? Трајковски ?
Човечки е да се надеваш, оти само така можеш да направиш нешто. Инаку, можеш да дигнеш раце, ќе имаш став дека џабе е се, и ке си тече се по старо......никад нема ни да има шанса да стане подобро
Не те разбирам. Еве објасни ми како тоа го замислуваш “да изгориме се до пепел и повторно да изградиш “ ?
Бидејќи од историјата слабо учиме работи кои би ни биле од полза како општество, наредниве 3-4 години ќе бидеме сведоци на рушење на досегашниот систем во многу држави. Нормално тоа ќе си има и цена.
Јас го величам де, не се секирај, и тоа бидејќи е од приватен сектор т.е. создава дополнителна вредност, а од заработката 50% ти земаат 30годинишни премиери, ги даваат на свои луѓе и се фалат биле успешни

Викаш Заев тргна против "фамилијата" по чија наредба т.е. кој го држи ланецот на кој е врзан тоа не е битно. Тоа што "фамилијата" 10 години има подршка од ЕУ и САД а сега божем ги критикуваат ама неможат да ги сменат/казнат исто не е битно. Тоа што Бајден и амбасадори ги примаат на средба не е битно. Тоа што СЈО ниеден предмет не му поминува на суд и тоа не е битно.
Човечки НЕ е да се надеваш, туку да ДЕЛУВАШ.
Си постои дефиниција за тоа да повторуваш еден ист процес на еден ист начин а да се надеваш на различен резултат

Некој ве залажува со таа ебана надеж додека тие делуваат и си ги полнат банкарските сметки.