Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како моето прешкртано ливче ќе им помогне на ВМРО? :)

И немањето став е став. Во овој случај став за статус кво.[DOUBLEPOST=1478561178][/DOUBLEPOST]И друго, не ми е јасно како може да се прави аналогија "Мухиќ, Поповска и туфегиќ на пратенички листи = криминалите од објавените разговори".
Од една страна збориме за лош избор за човек на листа од друга страна е соголен масакр на државни институции и заебавање со избори и општ грабеж на државни пари.

Јас барем ги перцепирам избориве со примарна цел дали криминалциве со тапија ќе одат во затвор или ќе им ги дадеме државните институции на уште едно четиригодишно роварење.
 
Последно уредено:
И немањето став е став. Во овој случај став за статус кво.[DOUBLEPOST=1478561178][/DOUBLEPOST]И друго, не ми е јасно како може да се прави аналогија "Мухиќ, Поповска и туфегиќ на пратенички листи = криминалите од објавените разговори".
Од една страна збориме за лош избор за човек на листа од друга страна е соголен масакр на државни институции и заебавање со избори и општ грабеж на државни пари.

Јас барем ги перцепирам избориве со примарна цел дали криминалциве со тапија ќе одат во затвор или ќе им ги дадеме државните институции на уште едно четиригодишно роварење.
На гнидите исто им се фаќа. Дали ќе оделе или не оделе на избори, јасно е дека овојпат на крајот ќе бидат изгазени. Толку од СДС, СЈО и шарените
 
Јас не знам што им е на некои луѓе како @Ne_sum_ja и останати...какви криминали човече, дали се слушаш што зборуваш? Во ДПМНЕ има само чесни луѓе, кои не лажат, не крадат, немаат вошки и не спијат на таван!! Секој кој ќе каже поинаку е предавник, соросоид, педер, лезбејка, шарен, шпиун!
 
Специјалното јавно обвинителство врши предизборен политички притисок и сака да ги заплаши членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Голем број на членови на партијата до сега се повикани во ова јавно обвинителство при што врз нив се вршел притисок, да одговорат дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ и дали давале донации на партијата.

Антонио Милошоски пред една недела на прес конференција објави дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се повикувани во СЈО да даваат изјави, сведочења и искази и при тоа уште еднаш подвлече дека со ваквите постапки само се докажува дека СЈО е продолжена рака на СДСМ.

-Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството. На ваков начин со притисоци СЈО се обидува да натера луѓе кој што се поканети, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат лажни искази во врска со одредени предмети, кој што СЈО политички ги конструирал, појасни Милошоски.

Не е прв пат СЈО да настапува како продолжена рака на СДСМ, а според начинот на кој ја трасираат својата работа, можеме да претпоставаме дека нема ни да биде последен. Граѓаните можат да очекуваат дека СЈО ќе настапи како политички партнер на опозицијата во претстојните предвремени парламентарни избори.

Дел од граѓаните кои биле повикани во СЈО, сведочат за начинот на кој биле третирани:


-Бев повикана во СЈО на разговор и таму ме распрашуваа дали сум член на ВМРО-ДПМНЕ и дали сум донирала средства во партијата. Јас им кажав дека сум член на ВМРО-ДПМНЕ од пред повеќе од 15 години и дека сум донирала средства во партијата и дека тоа ќе го правам и во иднина. Сметам дека ваквите активности на СЈО се со цел да внесат страв, закана и заплашување кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата, односно тоа е една своевидна кампања на СЈО. Ваквите закани и заплашувања не се во функција на правда, туку повеќе се во политичка функција, тврди Дужа Матевска.

-На 31.10 бев повикан во СЈО на разговор. Таму бев запрашан дали сум член на партијата ВМРО-ДПМНЕ и дали сум давал донации за истата. Нормално, јас одговорив дека сум член на партијата веќе 26 години и дека сум еден од основачите на партијата во Охрид. Имам давано донации и ќе давам во рамките на моите можности, вели Стефан Трпеноски од Охрид.

-Се повикуваат голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа ќе наиде на контра ефект, затоа што јас како функционер и долгогодишен член на партијата, кај мене желбата е се поголема и поцврста за работа и ќе донирам повеќе средства во самата партија. Исто така и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се обединат и ефектот ќе биде една голема победна за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, изјавува Ангел Бојаџиев од Штип.

После ова се наметнуваат прашањата дали СЈО во своето обвинителство повикало членови и симпатизери на СДСМ за да ги праша дали се членови на таа партија и дали даваат донации? Токму поради ова, се обидовме да добиеме одговор од СЈО дали повикале членови на СДСМ за исказ и дали имаат отворено истрага за финансирањето на СДСМ?

prasanja-640x160.jpg


Повеќе од еден час по испраќањето на прашањата, до сега немаме добиено одговор. Доколку се земе во предвид досегашната практика, можеме да заклучиме дека нема ни да добиеме, бидејќи последните неколку месеци СЈО не одговори на ниту едно наше прашање упатено преку мејл, иако на своите прес конференции ги упатуваат новинарите, токму така да ги адресираат прашањата до ова јавно обвинителство.
 
На ботов не му е јасно дека е невозможно партија од донации да финансира мулти милионски изборни кампањи, да купи имот од десетина милиони евра и згора на се да плаќа за лобирање во странство.

Дури ни економист од рангот на пастирот не може да ја реши оваа равенка. Така што brace yourself winter is coming.
 
Najvruća mjesta u paklu rezervirana su za one, koji u vrijeme velikih moralnih kriza, čuvaju svoju neutralnost.
Dante Alighieri

Нема ова никаква врска со морал, него да не ме ебе некој у здрав памет ;) Јас прво не сум неутрален него сум антивмро и антисдс, на неутралниот по логика би требало да му е сеедно кој ќе победи и кој ќе изгуби, ја сакам и двете да изгубат. За бугарите немам што да додадам и пишувам се сум кажал до сега на форумов, за другите (СДС) таман кога ќе им дадеш шанса ќе застанеш до нив на улица они те сосекуваат у корен. Прво со недообјавување на сите разговори, после со преговори кои се водат зад затворени врати, за на крај да дознаеш дека на барање на СДС, на СЈО му се дава 18 месечен мандат (референца Ван Хојте). За кадровите политики нивни не ми се ни збори, едноствано не чекаат нови 4 години исто владеење ако победат, само со плава боја. Они ако во опозиција ПОЦ го користат ко мини јавна админстрација што ќе биде кога ќе дојдат на власт.

Во поглед на тоа дали ќе апсат некој кога ќе дојдат на власт, исто не сум уверен ако имаме во предвид дека Љубчо шеташе слободен во нивно време, или можда Љубчо на легален пат го створи тоа богатство?:) Од нивната досегашна пракса на "не ме дираш, не те дирам" нема да ме чуди и да направат некоја широка коалиција исфорсирана од странскиот фактор во кој ќе се договори некоја општа амнестија (по паметот на Љубчо) и демек ќе правиме рестарт на државата. На овие избори тргам себично и од личен интерес согласно годините кои ги имам, а немам доволно за да дадам време на некој прво да апси 4 години и после 4 години да бара нов мандат за од 0 да почне. Или ќе дадеш визија за прогресија на државата или мојот глас не го добиваш. А со коалиции со разно-разни куртон партии како ДОМ на Лиле и затуцани мусличи од типот на Мухич и Мухи (која коинциденција), не правиме ништо од бизнисот другари. Доволно доста луѓето делеа од своето време за да бидат жртви на опортунизмот на СДС кој очигледно има проблем своето членство да го придобие, не па неопределените.
 
Делот со “морал“ се однесува на морална криза во општеството во моментот, не за тоа ти како се чуствуваш.
Ианку, скоро со се од напишаното, во потполност те разбирам и се согласувам со тебе.Така е...
АМА....
Во политиката ништо не црно/бело. Ги имаш милион варијанти на сиво измеѓу, нели ?
Илузорно е да очекуваш дека од оваков шљајм како што сме сега - наеднаш преку ноќ се ке се смени, ќе дојдат идеални луѓе, со идеални идеи и решенија, птиците ќе пејат, сонцето ќе свети........и сите срекни и задоволни. Јебеш га, не е така...

Целата работа со необјавување на сите бомби, преговори за затворени врати, рокови за СЈО и слично се дел од политичките игри. Што можеби не ги разбираме, можеби не ги знаеме сите поедниности, можеби така морало да биде, од “х“ причини....

Дали новото СДСМ ако дојде на власт ке биде исти кур како ВМРО ?
Можеби ДА, можеби НЕ . Не знаеме !

Ама она што сигурност го знаеме е дека ВМРО е криминална багра - ја презадолжи и испокраде државата, го раскара народот помеѓу себе, активно допринесе за егзодус на младите, ја присвои државата со сите нејзини институции, го згази достоинството на Македонецот....
И сега ? Овие видовме дека не ги бива / а другите можеби нема да ги биде....Исто е , ама не е исто....Неутралноста значи ставање на ист кантар на двете страни.

Кадровскиот избор и коалицирањето е неблагодарна тема за коментирање. Јас верувам дека и едните и другите прават најдобри можни комбинации за да победат. Затоа што знаат дека тој што ке изгуби - го јаде стапот !.

Од друга страна, јас стварно не ве разбирам : Можда Лиле, Мухи или Ферид не се најсјаен избор. Ама, биди сигурен - било кои и да бидат ставени, ќе има одредени негативни реакции. Помисли дека можеби стратегијата на Заев била (пример само ) дека доколку го земе Мухи , ке привлече барем дел од албанско гласачко тело, гласови што нели традиционално преку дуи ке завршат у влада со вмро.

Друго, ако одиме до крај - се фативме сите за Лиле, а забораваме дека на другата страна ги имаме Миле со неговите криминали, Канче со незаконски тендери, Спасов со детските приказни, Брколинда со вмро-мвро, Пишев со прочуената простоќа, Филип камелеонот, Амди кока кола, началникот -голем брат, фикусот како вд претседател....
Јебеш компарација.....
 
Грујо може да добие минимум 5 години само за незаконско финансирање на партијата, а на "независното" и уставно ЈО не му тенува да отвори истрага, се прават од марс паднати.
 
Последно уредено:
Илузорно е да очекуваш дека од оваков шљајм како што сме сега - наеднаш преку ноќ се ке се смени, ќе дојдат идеални луѓе, со идеални идеи и решенија, птиците ќе пејат, сонцето ќе свети........и сите срекни и задоволни. Јебеш га, не е така...

Јебеш га, после 30 години ебавање, имам право да посакам нешто преку ноќ м? :) Со Лиле и Мухи и Мухич таа ноќ 10 години ќе ни се види. Ама ако, кој има време нека чека :)
 
Јебеш га, после 30 години ебавање, имам право да посакам нешто преку ноќ м? :) Со Лиле и Мухи и Мухич таа ноќ 10 години ќе ни се види. Ама ако, кој има време нека чека :)
Кој и да ја формира следната влада ќе трае најмногу две години. Ако се остварат очекувањата премногу шарен ќе биде парламентот за стабилно мнозинство.
 
АМА....
Во политиката ништо не црно/бело. Ги имаш милион варијанти на сиво измеѓу, нели ?
Дали новото СДСМ ако дојде на власт ке биде исти кур како ВМРО ?
Можеби ДА, можеби НЕ . Не знаеме !
И сега ? Овие видовме дека не ги бива / а другите можеби нема да ги биде....Исто е , ама не е исто....Неутралноста значи ставање на ист кантар на двете страни.
Јебеш компарација.....

Твоево му доаѓа како ај ќе си играм со кобрава можеби ќе ме касне можеби не :confused:.
Јас па знам дека претходно каснала и пак ќе касне.
Што е тоа што не знаеме за новото сдс кој освен Заев е докажан на приватен план (и тоа е сомнително ама ај), кој од нив е со морал и интегритет, кој од нив има нешто постигнато или оставено позади себе по кое може да се оцени, да се измери ...
Зашто прифаќаш ризик дали ќе бидат исти или не без да направиш анализа на целокупната состојба во државата и системот...
Краток е животот за такви ризици, освен за тие што добиваат вработување во администрација или тендер а не се конкурентни.

После незнам колку изборни циклуси некои се надеваат дека ќе биде подобро а ништо не се променило ниту судија,ниту политички лица,ниту обвинител, ниту се намалила администрација или па недај боже подобриле во вршење на нивните должности ...
Надежта е најлошото нешто за човекот, треба да се делува на секое поле а надеж е за штурците

Убаво си кажа морална криза на сите полиња во општеството, а за тоа лекот е ... да изгори тоа општество и повторно да го изградиме ама не по истите принципи.

Кој и да ја формира следната влада ќе трае најмногу две години. Ако се остварат очекувањата премногу шарен ќе биде парламентот за стабилно мнозинство.

А за таа година-две што сметаш ќе направат со Македонија ??
2001 видовме што потпишаа, сега твоја прогноза што ќе е ... името или територија ?? :cautious:
 
....Што е тоа што не знаеме за новото сдс кој освен Заев е докажан на приватен план (и тоа е сомнително ама ај), кој од нив е со морал и интегритет, кој од нив има нешто постигнато или оставено позади себе по кое може да се оцени, да се измери ...
....
Немам намера да го бранам или величам Заев.
Што знам : се докажал дека знае да води фирма, бизнис, што за повекето политичарите е непознато, ја води успешно Општината, мислам дека е прва во Македонија за гасификација, ако не грешам Струмица е единствена општина без кредити. Што друго знам - дека не го бива посебно за политичар, дека знае да скине зелена, нема посебно харизма. Ама, имаше муда да тргне против фамилијата и да ги објави бомбите.

И сега.... не е совршен, ама кој бил совршен ? Љубчо на 28 години без ден работен стаж? Бранко ? Грујо ? Трајковски ?
...После незнам колку изборни циклуси некои се надеваат дека ќе биде подобро а ништо не се променило ...Надежта е најлошото нешто за човекот, треба да се делува на секое поле а надеж е за штурците.........
Човечки е да се надеваш, оти само така можеш да направиш нешто. Инаку, можеш да дигнеш раце, ќе имаш став дека џабе е се, и ке си тече се по старо......никад нема ни да има шанса да стане подобро
...Убаво си кажа морална криза на сите полиња во општеството, а за тоа лекот е ... да изгори тоа општество и повторно да го изградиме ама не по истите принципи.
Не те разбирам. Еве објасни ми како тоа го замислуваш “да изгориме се до пепел и повторно да изградиш “ ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom