- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.796
- Поени од реакции
- 5.579
Прво дали имаш преференци за оперативен систем. Зашто имаш андроид наспроти виндовс.Lenovo Vibe C или Microsoft Lumia 550?
Имам искуство и со двата оперативни системи и еден од наведените телефони (Nexus 7 2013, lumia 520 па lumia 640 XL, последно за мајка ми земен lumia 550)
Ако не го бараш за играње и ако не ти смета што нема да имаш најнови филтри и слично на некои апликации (пример инстаграм) како и тоа да имаш мизерен изглед на апликациите како да корисиш windows 98 vs. windows 7, тогаш дефинитивно лумиа.
Оперативниот систем е доста полесен и е прилагоден за послаби телефони така што ќе работи брзо и без лагирање, за разлика од него андроид си има свои мани ама па имаш мн повеќе апликации за него и слични џиџиња.
Искрено ефтин андроид телефон не би земал зашто имаат слаба конфигурација која едноставно не е доволно моќна за убаво да го вози андроидот, за разлика од него windows е супер ако си со ограничен буџет и спремен да играш помалку и да имаш апликации со по ретро изглед.