За другар прашувам инаку :
Скоро ќе полни 30 години другарчето, у врска е со џенцка ( многу младолика патем ) 42 годишна .
5 месеца се гледаат нон стоп , сексот вели лудница ... тој вели дека нема кујзнае какви емоции према неа... покрај добар секс таа се грижи доста за него, нон стоп му вели дека го сака, дека е најдобар( поготово у сексот) многу добра личност,грижлива итн итн ( он сето тоа го зима со резерва,освен за сексот ) , но и враќа на Те сакам, со и јас тебе , иако не му доаѓа од срцето,но му е незгодно да одговори со друг збор. Најголем проблем другарот гледа во тоа што, таа со нејзината возраст која може да биде проблем, си носи плус и две машки деца од нејзиниот прв и единствен брак, значи разведена е 10+ години и нема никаков контакт со екс-мажот. Децата и се 18 и 20 години . Таа упорно сака да протне разговори на заеднички иден живот, дојди кај мене , ќе дојдам кај тебе, да живееме заедно во трета држава,спремна да се жртвува и слично... итн итн. Другарот го плаши тоа, иако посакува фамилија, деца .. се плаши од тоа како ќе биде такво нешто прифатено и од потесното семејство пред се, ќе речат, Па мајка може да ти биде улаво дете. Незнам што да го советувам другарот, бидејќи јас сум немал такво искуство па ете се обраќаме до вас фелоу јајцаџии... Не сака да ја повреди жената, сепак му е драга и ништо не му згрешила, напротиф. Ако некој има да сподели нешто екстра , или има и прашања за повеќе детали, може по ПП , би биле убер благодарни со другарот, поготово он, а му реков да си отвори акаунт , ама слаб е со технологија. Срдечен Поздрав .